Tuesday, April 29, 2014

Војна - има ли некој корист од неа?

Војна - има ли некој корист од неа?   
Деновиве еден мој познаник, кој патем нема врска нити од политика нити од историја, сакајќи да биде во тренд нели со дневната политика, впрочем како и поголемиот дел од граѓаните ми вели мене : Абе, види го Ахмети како ја фрла цигарата, па ние со таа проста маса држава ќе  градиме. Сите се исти.  Вакви се такви се и изнакажа еден куп глупости, та јас го гледам и се чудам и му велам: Како можиш за една личност  да му дадеш колективна одговорност на цел еден народ. Знаеш , му велам, дека двајцата нобеловци од Македонија се етнички Албанци? Најпаметниот човек ,човек во буквална смисла на зборот, кого го познавам е Албанец( мојот пријател Блерим) ? Јас за време на отслужувањето на воениот рок најдобро поминав со Албанец (Суат Сулејмни од Куманово) . А, тој мене мртов сериозен ми вели :А, таа нобеловата награда заслужено им е доделена? Е , тука веќе ме фати смеа. Не навлегов понатаму во дискусија, бидејќи , после последното прашање немаше веќе што да се каже само го прашав: Дали знаеш дека ти како индивидуалец со своите ставови можеш да доведеш до разгорување на меѓунационалните страсти, а тоа може да доведе и до војна? Одговорот беше врти лево , врти десно но заклучив дека до некаде е свесен што може да се случи. И, му велам, ако веќе дојде до војна што ќе правиш. Прв ќе избегам ми рече. Е сега заклучок. Прво кај нас нема свест дека поединецот односно граѓаниот како основна клетка на оваа држава  сноси одговорност  за своите постапки , за своите ставови посебно на болни теми како што се меѓунационалните односи. А, второ кога академиците не се свесни за своите постапки, зошто би бил и мојот познаник кој којзнае дали има прочитано една книга во животот. Или оние демонстранти во Тетово или Скопје , ваму ѓоа студенти, кои ме вреѓаа мене индиректно. Око за око, заб за заб. Тоа се паролите кои им се водилки на нашиве патриоти, дали од едната дали од другата страна. Ги забораваат, односно нити ги научили Исусовите зборови: Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот. А, не научија што носи војната иако на овие простори се изнагледавме многу гадотии. Во војна нема победници само губитници. Губитници се и сите оние кои палат фитли а, кои потоа се сончаат на Халкидики и на Златните песоци. Затоа разумот во глава. Ако секој од нас делува разумно, лудите глави и лудите вујковци едноставно нема да имаат никакво влијание врз нас.Како што кажа еден таков погоре, тие први бегаат. Крајно време е да почнеме да размислуваме со нашите глави, а не да им оставаме на таму некој горе во партијата или во академијата  или било каде да мисли за нас. Не е попаметен, сигурно. Овие зборови се напишани  во спомен на мојот  пријател Влатко , кој го изгубив во 2001. Не би сакал никогаш повеќе да изгубам некого во глупост каква што е војната.

Линкови до овој блог запис

мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 231 пати прочитано | трекбек url   #

  • Да ти раскажам една друга приказна, може?
    Мојот пријател Амир и јас не влегувавме во дебати околу Енциклопедијата, свесно избегнувајки ја темата, иако многупати до сега сме се сложиле околу ставовите за војната во 2001. Тој воопшто не се замара со политика и не е некој голем присталица на албанската кауза. Но кога треба-очигледно е дека ке се солидаризира со неговите сонародници .
    Случајно ја начнавме завчера.
    -Претераа со оваа Енциклопедијата-вели Амир
    -Стварно претераа-јас.
    -Ама оние од Ману не се нормални, скапо ке плата за тоа што го направија, како можеле да напишат дека ние сме дојденци и теросристи. Ние сме тука одсекогаш, Скопје порано бил Главен Град на Албанија...и ке биде!
    Знаеш, јас не реков ништо.
    Само -од завчера имам еден пријател помалку во животот.
    (nadezna 2 Октомври, 2009 - 21:29 | не можеш да оставаш коментари)

  • Вжештени глави има од сите страни. Јас моите пријатели ги бирам по принципот прво човек потоа се останато. Не тагувај за твојот пријател Амир , бидејќи тој и никогаш не ти бил вистински пријател.Неговите зборови го кажуваат тоа. Поздрав.
    (Васко Крајчевски 2 Октомври, 2009 - 21:42 | не можеш да оставаш коментари)

  • Mоже една приказна од мене?
    Gоспод им пратил чума на животните,се испоразболеле сите и снемало среќа и радост во шумата.Lавот као најпаметен предложил да се убие најголемиот злосторник(сите животни биле грешни) за да се искупат гревовите на жителите од шумата и бог да им прости и да ја повлече казната. Lавот прво се предложил себе како најкрволочен ѕвер кој одзел многу шумски животи но лисицата релативизирала,па што ако па тоа ти е природа ,па овчарите се лоши итн. Nа крајот кожата си ја дало магарето кое признало дека изело поише трева од што треба. Nаравоучение.
    Iма крволочни ѕверови
    има итри лисици кои ги бранат поради лична корист
    Iма магариња кои признаваат дека се криви за она за што не се криви.
    (Charlotte 2 Октомври, 2009 - 22:33 | не можеш да оставаш коментари)

  • Шарлот Smiling
    Приказнава ...ал да плачеш ал да се смееш...
    (nadezna 2 Октомври, 2009 - 22:38 | не можеш да оставаш коментари)

  • Кај нас најмногу има лисици или лижачи како сакаш, магарињата секако ќе го кркаат подебелиот крај . Како што вели Надежна да не знаеш дали да се смееш, дали да плачеш. Поздрав.
    (Васко Крајчевски 2 Октомври, 2009 - 23:15 | не можеш да оставаш коментари)

  • Aaaaa Charlotte јака прикаскава....
    Сите ние имаме пријатели Албанци, ама за индивидуалноста за која пишуваш горе, за жал за нив не е својствена, а не за нас. На погрешно место си го постирал ова. Преведи го на албански, и на некој албански блог или форум постирај го.
    (katika 2 Октомври, 2009 - 23:57 | не можеш да оставаш коментари)

  • ха ха ха несе познаваме доволно затоа се мразиме а што е најтрагицно изгледа не ни сакаме да се запознаеме. пример вцера едни дечишта ставиле некоја група н фб и повикуваат отворено на војна а што е нај трагицно групата расте со молскавична брзина така да денес брои околу 1500 члена само прост приме која омраза и дволичност постои тука а сите тие дечишта имаат барем по еден пријател албанец или на кој му глумат дека му се пријатели а ваму му упатуваат смртни закани ... не сум против никого јер нели јас сум од марс така само посматрам ама ошествово е гнило ко гнило јаболко така да ни свињна нејке да не изџвака
    (марсовецц 3 Октомври, 2009 - 02:15 | не можеш да оставаш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment