Sunday, April 27, 2014

Кодошење, лустрација и слични глупости


Кодошење, лустрација и слични глупости

септември 24th, 2010

Убаво вели Александро, тој што знае што се случува знаеше дека од ова нема ништо. Сето тоа се само глупости, глупости и ништо повеќе. Инаку како би го протолкувале фактот дека надлежната комисија открила само еден единствен случај , а и тој кој знае како ќе излезе на крајот. А,да се открие  еден и единствен случај кога сите знаеме  дека илјадници луѓе соработувале со тајните служби е смешно или подобро речено иронично. А за еден случај вредеше ли да се носи тој закон, па комисија , па членови, па дневници, па не знам што се уште не.  А, каде се оние кои не се носители на јавни функции, а им се уништени животите? Тие се граѓани од втор ред? Фарса до фарса. Знаете зошто му се восхитувам на Љубчо? Бидејќи има мадиња да проговори за некои работи, како за оваа без разлика дали со тоа си прави непоправлива политичка штета. Јас се што сакам е нов закон кој ќе ги опфати сите кодоши. Зошто ? Ќе објаснам подолу во еден мој текст објавен во локалниот Битолски Весник до кој за жал нема линк, а бидејќи и платформата нема кирилична подршка , за жал, ќе го отчукам збор по збор.
МИНАТОТО НАШЕ ДОСТА ТЕЖИ
Чичко Томе има години најмалку двапати повеќе од моите, но тоа не ни пречи во пријателството. Имаме многу нешта заеднички, муабетот секогаш ни оди , а имаме и една заедничка љубов Македонија. Мене мојата љубов ми беше полесно да ја искажувам, за разлика од визијата за неа, но на чичко Томе воопшто не му било лесно. Но , тоа било посилно од него и тој јавно и секаде ја ширел својата идеја за самостојна и демократска Македонија. Пред четири или пет децении тоа му донело само проблеми и како студент и на отслужувањето на воениот рок и на работа и на крајот целата голгота завршила со затвор. Но издржа, за разлика како што самиот вели од многумина кои не ги издржаа притисоците и тортурите. Многумина заминаа и до ден денес повеќе никој не ги спомена, сем најблиските. Како и да е, дувнаа нови ветришта (ѓоа) на промени како што пееа Скорпионс па тој ветер не подзафати и нас. Прво демек се демократизиравме, па потоа со триста натегања и стравови( дека нема да не биде без (по)големиот брат) се осамостоивме. Јас бев средношколец, чичко Томе веќе некаде во петтата деценија. Тогаш не се познававме , но низ разговорот откриовме дека и двајцата сме биле бескрајно среќни полни со надежи дека конечно ќе расчистиме со темнините од минатото. Но радоста кратко траеше сем онаа дека конечно сме свои на своето. Владите се менуваа но ништо ни од приватизација(зборувам за вистинска и праведна), ни од денационализација(и ден денес не до завршена и со закон полн со фалинки и кој работи само за интересите на државата), а камоли лустрација и рехабилитација. Не верувам дека има друга земја во Светот во која повеќе грижа се води за кодошите отколку за кодошените. Не верувам дека постои друга земја во која денационализацијата мнозинството ја смета за поголема неправда од национализацијата!? Како и да е, поминаа речиси две децении и со еден куп расправии, консултации, па пазење да не се навреди некој кодош се донесоа намерно или не неколку закони кои се занимаваат со кодошите Закон за увид во досиеата и закон за лустрација (кој за мене е многу мек) и кој никако не профункционира, а по одлуката на Уставниот Суд е доведено во прашање дали ќе има смисла воопшто, односно се испопставија за точни моите тврдења дека од сферата на матното ни минато се носат закони кои нема или никогаш нема да профункционираат онака како што треба. Замижувањето пред вистината, како што во случајот направија уставните судии (можеби и добронамерно тоа не знам) не само што не води кон подобрување на состојбата, туку напротив се создава еден револт кај најлојалниот слој на граѓани на оваа наша Македонија.А, зошто е тоа така размислете сами . Сите знаеме во каква демокреатија живееме од осамостојувањето до денес. Дали некој навитина ги заборави аферите (колку да се присетат сите со пократко помнење) Дувло , Сина птица (мислам дека така беа именувани) , дали заборавивме на масовното и хистерично уништување на досиеата во 1998 по за некого неочекуваниот пораз. Па и потоа се случуваа некои гнасотии кои треба да се испитаат. Мислам дека последен со досие мафташе е Тачи и тоа ланската година чинам. Законот за лустрација не смее да важи од тогаш до тогаш. Тоа до тогаш едноставно треба да го нема, барем сега за сега. Во едно крајно политизирано (до птиците на гранките) општество не може да се зборува за вистинска демократија . А, тоа што со него се опфатени само луѓето кои се носители на јавни функции за мене не е смешно туку е понижувачко. Оние кои најлошо поминале од кодошењето, тешко дека се кодошени од некој од оние кои се сега носители на јавни функции. Затоа што е огромен генерациски јаз помеѓу нив. А, сега се враќам на чичко Томе. Го прашав пред некој ден дали ги дозна сопствените кодоши. Па рече дека си го побарал( тоа мислам дека е со законот за Увид во досиеата) да ми го достават досието, му одговориле позитивно, па конечно по многу години ги открил кои му го загорчиле животот. Од неколкумина, само еден бил се уште меѓу живите и тоа близу деведесет години. Што сатисфакција , сем дека е морален победник, има чичко Томе од тоа? Не знам дали доби извинвање и од државата и од оние кои му дишеа во сенката? Прво ме нервира што треба да побараш да ти го дадат досието, а не да им го испратат по службена должност на сите оние кои биле кодошени. Имињата на кодошите колку што разбрав не можат да ги објават јавно!?Зошто? Тие луѓе тоа не го правеа бидејќи беа приморани. Го правеа за личен интерес. За да бидат на уште еден платен список, да добијат стан (национализиран ), некои од лично задоволство. А, сево ова има и друга димензија. Како држава и општество не можеме да мрдниме од мртвата точка на кој сме со децении додека не расчистиме со сеништата од минатото. Зошто толку не сакаме да расчистиме со дел од нашето минато? Најверојатно е романтизмот кој мнозинството од нас го негува кон тој период, кога сите одеа на работа, речиси никој не работеше, а сите земаа плата(кодошите барем по две). И покрај што сето тоа дебело не чини, јавното мнение е за жал онакво какво што го образложив во погорните редови . А, правдата за чичко Томе и илјадниците како него ќе дојди секако. Дали на овој или оној Свет зависи од нас. Но со прошка и каење за сите ќе биди полесно. Нов закон кој ќе ги опфати сите кодоши и кој на некој начин би ги обединил сите закони донесени околу оваа проблематика , изгласан по можност со консензус и на кој нема да се гледа или доживува како можност за политичка дисфалификација на противникот, без временско ограничување и нивно јавно обеледенување( не во Службен весник туку во сите дневни весници кои се печатат во Македонија и тоа на подолг период) и нивно јавно извинување кон нивните жртви би било добар чекор кон закопување на едно мрачно минато.

No comments:

Post a Comment