Sunday, April 27, 2014

Држава има , народ нема

Држава има , народ нема

јануари 25th, 2011

Работата ми е интересна, секој ден со разни луѓе, различни професии од чистачи до професори, од најмали до многу стари, стотици поинакви мислења и табиети. И така секој ден. Од сите најмасовно размислување е дека овде државата не функционира. Јас така тврдоглаво секојдневно се трудам да им докажам дека државата е правопропорционална со народот, но тешко ми оди докажувањето на мојата теорија. Но пред некој ден една случка во потполност ја докажа мојата теорија. Еве ака беше. Си одам јас така низ пазарот со едната рака зафатена и во далешината гледам една позната фаца. Џепчијата. Слаб, мрсулав , никаков со еден збор и одвнатре и однадвор. Му ги знам намерите и тргнувам по него. Тука се мота едно старче, сигурно наближало до кај деведесет години (односно го зафркнало пензискиот систем) . И одеднаш арамијата прави остро завртување налево круг, молневито движење лева рака десен џеб и изваде едно ќесе полно со пари. Случката се одвива по крај едно најмалку десеттина возрасни мажи во зрели години. Јас наеднаш под притисок на покачен адреналин се пуштам , а во меѓувреме од ќесето паѓа една стоденарка , па еден од тие четворни мажишта иако знае за кој се работи најљубезно му кажува дека му паднале сто денари , а овој ни перде ни срам се наведнува и ги зема. Во тој момент јас со едната слободна рака го фаќам и викам и не ми текнува да ја ослободам другата рака од бес. Викам да му ги извадат парите и сите во тој момент главите ги наведнаа долу. Јас не се откажувам се собра една толпа луѓе оклу нас и никој ништо не реагира. Само ми попречија и дозволија да ми се отргни арамијата и да побегни. Патем уште едно десеттина мирно гледаа и ги веднеа главите. Онаа народната знаете Наведната глава, сабја не ја сечи. Јас сега пак викам но по овие гледачите и замислете додека сите ќутеа еден ладнокрвно ми рече:Ние ништо не видовме. Е јас им велам Е да знаете дека ДРЖАВА ИМА, НАРОД НЕМА. Кога овие се уплашиле од најдолниот слој , кога друг пат сум побарал асистенција од полицијата, а полицаецот најпонизно го замолил арамијата да избега за и двата да немаат проблеми, кога јавни претпријатија баш ги боли што им се случува во нивниот двор, кога локалната самоуправа нема стратегија како против криминалот ѓоа нашите градови се а ла Њујорк или Лондон… Е тогаш нема никој да ме убеди дека држава нема. Таа е само налик на народот. А него едноставно никаде го нема.

No comments:

Post a Comment