Tuesday, April 29, 2014

Аџилак

Аџилак   
  АЏИЛАК
Ден прв.
Дојдов на местото на кое го почувствував
Храмот твој,
А него го немаше.
И ја слушнав тишината па
Ја почувствував силата Твоја.

Ден втор.
Стигнав во храмот под карпата
И ги видов
Пречесниот и преобратениот
Во хармонија.
Ја почувствував љубовта Твоја.

Ден трет.
Се искачив до храмот над карпата
И оттаде камената ограда
Го видов езерото кое веќе
Многу одамна го нема.
Ја почувствував големината твоја.

Ден четврти
Во храмот покрај
Езерото најубаво дојдов.
Те почувствував Тебе.
Дојде тука до нас.
Во нас.
Во мене.

No comments:

Post a Comment