Tuesday, April 29, 2014

Аладин и волкот

Аладин и волкот   

Пронајдов болшебна ламба.
Излезе духот
И ми вети желби две.
Првата сега,
За втората рано е
Ми рече.
Посакав да бидам волк
Самотник.
И одеднаш бев.
шетав.
Патував
И се восхитував на Месечината
Обесена над небројните дрвја.
Лутав.
И уживав во самотијата.
Врвеа деновите,неделите,
Врвеа месеците.
Никого не среќавав.
А, веќе посакав да ги споделам со некого
Тие прекрасни слики
Тие мисли чудни кои ми навираа од никаде.
 А, никој немаше,
А време многу мина.
И еднаш ветрецот некој мирис ми донесе.
Познат чинам.
Тргнав по трагот негов.
И конечно глутница
Во далечината здогледав.
Некои завиваат,некои трчаат,
Некои изведуваат
Ритуални љубовни игри.
Се приближив,
А никој не ме приметува.
Каде сум јас?
Кој сум јас?
Избеган од реалноста.
Изгубен.
Во круг се вртам.
Нешто барам.
А,не ми текнува што.
 Каде е?
Каде ли ја оставив?
Проклетата ламба.

No comments:

Post a Comment