Sunday, April 27, 2014

Нова година , нови надежи



Нова година , нови надежи

јануари 2nd, 2010

Е ,па нека е со среќа и новата година и новата ни платформа . Годинава ми почна некако тешко што се однесува на блогирањето, но се надевам дека ова кратко ќе трае. Би се осврнал малку на годината ккоја измина. Тоа беше година во која станав блогер, додуша не многу активен, но сепак сум задоволен. Благодарение на блогерајот се сретнав со нови размислувања, запознав доста нови пријатели , повеќето виртуелни но има и такви со кои веќе и се запознавме , што би се рекло, очи во очи и се надевам дека ќе ги доизградуваме нашите пријателства во новата година, како и што се надевам дека ќе се родат и доста нови. Што би издвоил на блогот изминатава година? Во око ми паднаа неколку десетина блгери , но за мене несомнено блогер на годината која измина е nadezna , која мислам дека постави нови и воедно повисоки стандарди на блог сцената. Би го издвоил и проектот Моја Македонија на volan кој искрено ме воодушеви. За крај на сите блогери во новата година би им посакал многу здравје, многу љубов и мноу повеќе активност на блогот.

No comments:

Post a Comment