Tuesday, April 29, 2014

Илинден-време на среќни луѓе

Илинден-време на среќни луѓе   
 
Денес е Илинден. Најгоемиот ден. Мене отсекогаш тоа ми е ден на помешани чувства. И радост и тага и насмевка и солза. Денеска и деновиве наназад во Македонија врие како во кошница за пчели. Шетам и гледам многу луѓе непознати кои нешто ќе проговорат на македонски ,нешто на англиски,некој на некој од скандинавските, кој на германски и така.Времето на насмевки и на среќа. Среќни мајки кои не ги виделе своите чеда, кое од лани кое од пред дватриесет лета. Браќа и сестри не можат да се оделат од прегратката која ја раскинале пред многу години кога заминале во демек подобар живот. Братучеди кои никогаш не се виделе весело муабетат. Многумина и не се видоа повеќе. Судбината ги изигра. Многумина заминаа од овој свет со голема болка на душата. Тешко ми е само што пишувам , а не кога ќе видам овие слики. Да, да . Илинден и времето околу него е времето на среќа на овој народ. Средби , музика, дружење, насмевки, потсетување на врмето кога беа само деца. И тогаш беа среќни. Бидејќи беа само деца. И после се појавија некои лоши чичковци и им кажаа дека тука нема среќа. Им ги срушија сништата, ги опустошија селата и градиштата. Нема среќа од разделбите и од преселбите. Нема мирен сон. Да, на ова парче земја ,од Бога избрано да се шири големата вистина, со сонце и вода обдарено, не чинело. И ден денес некои истото го велат. Можеби друго кажуваат но што велат старите:Баба лажи ,трап не лажи. До в година на Илинден на овие среќните ќе м се придружат многумина. Без луѓе ништо не бидува, но кога некои размислувале и размислуваат само за сопствениот џеб тоа се случува. Ерозија на својот народ. Илинден е. Секоја година покрај среќата пролевам и по некоја солза. Пуштив некоја и дури го пишувам ова.Бидејќи од деновиве после денес веќе нема да биде исто. Почнуваат разделбите, солзите, пак мајките ќе жалат за своите чеда кои можеби повеќе никогаш нема да ги видат. И никако да се освестиме. Затворени во маѓепсаниот круг од кој троа ја вадиме главата деновиве. Како што тргнало посреќни пак до година на Илинден повторно. Нека ни е честит.
 




мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 61 пати прочитано   #

  • Васко, нека е честит и велик големиот Илинден како наша вечна инспирација и завет за Македонија!
    Ме потресе ова што искрено си го споделил со нас. Судбина македонска....
    Поздрав!
    (alexandro 2 Август, 2009 - 19:33 | не можеш да оставаш коментари)

  • Нека ни е честит и за многу години и ти благодарм за поканата од претходно. Голем поздрав.
    (Васко Крајчевски 2 Август, 2009 - 23:16 | не можеш да оставаш коментари)

  • Тажно, но вистинито...толку многу вистинито...
    (Антигона 9 Август, 2009 - 00:25 | не можеш да оставаш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment