Денот на трудот
мај 1st, 2010
Денес е 1 ви Мај, државен празник или Ден на трудот. За моите 34 години се уште не ја сфатив смислата и значењто на овој празник, барем во Македонија. Не можам да разберам како во земјата која официјално има најголема стапка на невработеност во Европа, а можеби и во Светот; земјата во кој главен сон на мнозинството е да работи во државна фирма или администрација(односно ништо да не работи); земјата во која има најмногу неработници( илјадници ништо не работат бидејќи им е под чест да земат мотика во рака, а ваму трпат за леб) ; земјата во која секој втор сонува да земе пензија пред време (макар и инвалидска со мито); земја во која ( вчера научив) и шоферите имале бенифициран стаж; е не можам да разберам како во ваква ситуација имаме најголеми прослави , најголеми гозби, најголеми пијанки по повод празникот на трудот. А, немаме ни еден по масовен протест, ни едно барање за подобрување на состојбите. Не ми се разјасни до сега , не верувам ни од сега. Ако некој може нека ми објасни.
Сепак на крајот среќен празник на сите оние кои навистина заслужуваат да го празнуваат.
Сепак на крајот среќен празник на сите оние кои навистина заслужуваат да го празнуваат.
мај 1st, 2010 at 3:32 pm 1.реален опис
2.многу е тешко да се објасни феномен , но не е невозможно
имај трпение , еден ден кога ќе бидат потврдени некои фактори што делуваат прикриено во денешницава многу полесно ќе биде да се свати основниот човеков нагон – нагонот за преживување
мај 1st, 2010 at 3:32 pm … и честит празник /државен/
мај 1st, 2010 at 7:20 pm Честит празник, Васко.
Имаше протест некој, ама молим те, кој ке го поддржи? Скарата беше побитна, фала богу.