Tuesday, April 29, 2014

Аеродром(от) во Битола

  Во викендот кој измина на спортскиот аеродром во селото Логоварди , Битолско, се одржа аеромитинг.Во неделата присуствував и јас, па со семејството си разгледувавме авиончиња , едрилици , набљудувавме летање со авиони макети , се сликавме крај нив и поминавме некој занимлив час. Но, штп ми е поентата.. Мене тој ден ми текна на некои мигови од детството кога Комитите пееа Битола нема аеродром, па таа реченица ја анализирав долго време  и заклучив дека на Битола и се ближи времето кога ќе и треба воздушно пристаниште. Зошто? Се надевам дека државните граници за скоро време ќе бидат административни, па во тој случај Битола ќе го добие и местото кое го заслужува, а го имала пред подлбата на Македонија, во овој дел од Европа. А,тоа е културен, административен, трговски, духовен и секако транзитен центар на Југоистокот на Европа. Затоа сонувам за Битола која нема да биде слепо црево на Македонија , каде е последна железничка станица, туку за Битола кон која ќе водат автопатишта и пруги и од  Север и од Југ и од Исток и од Запад. Битола со современ аеродром кој покрај битолчани би го користеле и цел југозапад на Македонија, стотиците илјади иселеници од овие простори, како и делови од Северна Грција, кои патем од економски или национални побуди би го користеле битолскиот место солунскиот аеродром. А, мислам дека спортскиот аеродром во село Логоварди, кој патем се наоѓа на едно пет -шест километри од центарот на Битола е идеална основа врз која би се изградил новиот аеродром. како и да е Битола е многу попогодна локација отколку Штип да речеме од која и да гледна точка набљудуваме. Оваа теза накратко ја имам обработено и лани во еден текст во Дневник http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=29F68DD95C3E0348B1DD4D2F6E50F12A&arc=1, па белким некој ќе ме свати озбилно. Еве и некоја слика од аеродромот и аеромитингот во Логоварди.SDC10780.JPGSDC10781.JPGSDC10784.JPGSDC10785.JPGSDC10787.JPGSDC10779.JPG
мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 167 пати прочитано   #

  • Го сакам малото авионче!
    Портокаловото!
    Smiling
    (nadezna 24 Септември, 2009 - 00:43 | не можеш да оставаш коментари)

  • Вистина така е, добра гледна точка, реална... ама за жал оние кои треба да ја разгледаат таа опција, којзнае што мислат... Ај, дај Боже да стани реалност оваа твоја идеја - дај Боже. Поздрав, НАЈубави теми имаш!
    (Антигона 24 Септември, 2009 - 09:57 | не можеш да оставаш коментари)

  • No comments:

    Post a Comment