Tuesday, April 29, 2014

Пазарите се идентитет

Пазарите се идентитет   
(текстот е објавен во Дневник пред неколку месеци)
Деновиве пазарот не работеше.Штрајкуваа пазарџиите.Нема врева,нема зајре,вака не било ни за Божиќ,ни кога имало снег до колена.Ги нема ни Добре,ни Беким да понудат,ниту пак Пеце и Томи да купат нешто.Да фрлат по еден муабет.Да речат едно Здраво живо и едно остани ми со здравје.Нема ништо.Можеби и ќе нема и понатаму.Времињата се менуваат.Доаѓа технологијата,доаѓаат супер,хипер и не знам какви други маркети.Влегуваш внтре и се си има.Нема некоја понуда на зеленчук овошје и други дрангулии,но имаш добро избрана музика која те стимулира да купиш и тоа што не ти треба и она што не те бендисува.А потоа го слушаш само она тит тит на баркод читачот.И потоа среќен си заминуваш дома.Никој не си сретнал,а и да си сретнал ти е незгодно да завртиШ некој муабет,оти самото опкружување не го бива за таа работа.Ќе ти биде незгодно.И така ден по ден се здобиваш со нови вредности кои ќе ги делиш сам.Еве уште поубаво пазарување. За некои и он лајн кпувањето е хит.Си седиш,си лежиш дома едно клик и еве ти на врата.За кратко време ги познаваш само доставувачите.Кул.Што би рекле американците.
  Ова не е така џабе кажано.Целта е да разбереме дека пазарите се дел од идентитетот на овој народ.Со векови наназад.Луѓето од Македонија без разлика дали се Македонци,Албанци ,Турци,Роми,Власи доаѓале на пазарите,разменувале стоки,идеи,муабети,тука се ширел духот на разбирањето за ўўпоинаквиотўў.Тука и денес ќе слушните :За многу години Божиќ,Велигден или Бајрам.Тука се ширела и се шири меѓуверската толеранција.Тука луѓето сваќаат дека луѓето се само луѓе.Исти ,од Бога створени.Тука нема да слушнети ни прес конференција на која се шири верска или етничка нетрпеливост.Овде не се вести,овде е реален живот кој се живее со стотици и стотици години наназад.На овие места туристите редовно наминуваат и сликаат се со ред од сува пиперка нанижана до земјени садови.И ги купуваат и ги носат по целиот свет.И ги користат ,а кај нас ги забрануваме.А ваму сме од земја создаени.Си кинеме дел од идентитетот,ништо повеќе.Не знам дали се разбираме.Преземајте насоки кои ги диктираат законите,но не по цел да се уништуваат пазарите.Со нивното исчезнување,исчезнува и идентитетот.И да имаме илјадници резолуции во ОН,и на местата на пазарите да имаме стотина стокатници и хипер маркети ние ќе немаме дел од идентитетот.Место тоа превземете чекори за нивна реставрација заедно со чаршиите кои најчесто се во во низа со пазарите,кои патем се во тивко духовно изумирање(сем Охридската),бидејќи има занаети и дејности кои едвај кубурат во трката со технологијата и со профитот,а се нераскинлив дел од нашиот идентитет.Ако сакаме Македонија да биде вечна(сполај му на Бога што ни го дал Милчо)мораме она што го имаме да го негуваме.Би била незгодна ситуација кога некој странец воден од најновиот спот дојде бара земјено грне ,а го послужувате во стаклено,бара пазар го испраќате во хипер маркет,оди на Преспанското или Охридското Езеро,а Билјана и Лилјана белат платно која во Фаворит ,која во Горење.Тој тоа го има и таму.И повеќе нема да дојде ни тој ни неговиот пријател.А,за злобниците на кој трн во око им е новиот спот на Милчо еден поздрав,па нека одат до Стење,па оттаму пешки до Коњско,па нека видат и дека Лилјана знае платно да бели,па нека го видат недопрениот македонски рај,па нека побараат некој со чунка(во име на традицијата и нејзино зачувување не барајте глисери и јахти) да ги прошета до островот(кој се гледа во позадина),па ќе разберат што сака да каже и Милчо со спотот и јас во овој текст.Идентитетот е многу,многу повеќе од едно парче хартија.Тој е тука ,бил тука.Ние треба само да го препознаеме и наместо да го уништуваме треба да го негуваме.Ако знаеме да го сочуваме ќе биде вечен.Ако не, ќе не нема и нас,барем не онакви какви што замислуваме дека сме.
  

No comments:

Post a Comment