Tuesday, April 29, 2014

Зошто страв од нас

Зошто страв од нас   
Зошто страв од нас?
  (или зошто визи)
  Ме поттикна минатонеделниот текст чинам беше Визни ѕидови.Се прашувам долго време зошто имаат толку голем страв од нас та да ни издадат виза вовеле процедури чиниш живееме во време на Студената војна ,а ние ѓоа сме советски шпиони.Јас не знам зошто воопшто визи,а камоли вакви тортури овај процедури.Се што бараа од техничка страна им исполнивме.На страв оваа работа личи.Страв од инвазија.Само не знам зошто.Дали мислите дека толку не привлекува вашето опшество во кое на пример е забрането пушењето тутун,но е дозволено пушењето марихуана?!Дали би не привлекло тоа што основната клетка на општеството семејството и бракот има нова дефиниција.Те маж со маж те жена со жена,те вонбрачни заедници кои траат пократко од шпанска серија.Дали би не привлекло барањата во вашите парламенти за легализирање на педофилијата?!Зарем ќе ни привлече тоа што Бог го пронајдовте во вредносни хартии?Зарем ни заменале девет месеци сонце, за исто толку магла и дожд.Не плашете се од нас.Ние од одамна ,кога Вие едни со други очи си вадевте и ортачки други газевте (по колониите)ние Светот го разбиравме единствено како поле за културен натпревар меѓу народите.И денес е така .Ние повеќе нема да остануваме кај Вас.Укинете ги визите,па можеби понекогаш само ќе наминуваме да видиме до кај сме во културниот натпревар меѓу Вас и Нас.Не се плашете наша цел е и тие што дојдоа одамна кај Вас да си се вратат дома.Бидејќи,,Тамо зората греит душата,и снце светло зајдвит в гората;Тамо дарбите природна сила со ста раскош ги растурила...,,Не плашете се повеќе.Овде нас ние многу многу убаво.Јас се плашам дека еден ден ќе имаме инвазија повторно.Но овај пат во обратен правец.Навистина се плашам.
(текстот е објавен во дневниот весник Дневник и го објавувам изворно заради новите информации кои ни доаѓаат од Брисел за визната либерализација)
мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 68 пати прочитано   #
  • Хипотетички - ако сите Македонци се иселат од тука и населат во Париз, парижани нема ниту да приметат!
    Очигледно нешто друго е во прашање!
    Поздрав!
    (alexandro 9 Мај, 2009 - 21:05 | не можеш да оставаш коментари)

  • alexandro Васко не знае,или се прави дека не знае зошто визи.
    (MAAAAK 9 Мај, 2009 - 22:52 | не можеш да оставаш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment