Sunday, April 27, 2014

Има решение – Битола главен град

Има решение – Битола главен град

февруари 8th, 2010

Деновиве се разви една чудна дискусија исправоцирана од владиниот проект Скопје 2014. Не дека ја подржувам владата, дел од блогерите знаат и зошто, но проектот ми изгледа навистина добро. Или многу подобро од сегашниот лик на метрополата наша. Можеби некому нема да му се допадне мислењето на некој таму од провинцијата но јас се сметам себеси за многу објективен. Навистина ми е чудно што еден од ретките добри проекти на Владата е дочекана на нож од повеќето блогери, медиуми и од самонаречените интелектуалци, кои патем ќе повторам по илјадити пат преспаа се важно во последните три децени. И ако навистина јавното мислење е такво какво што е по речиси сите медиуми( за нивната незвисност Александро постави добро прашање) јас предлагам едно многу едноставно решение Битола да се прогласи за главен град. Едноставно нема да има потреба од толкави инвестиции( нема и многу слободен простор да бидеме искрени), ќе имаме среќа  да не ни изградат катна гаража во епицентарот на градот( да, да локалната власт има баш таква намера) и како најважно ќе се смири целата јавност по обајавување на владиниот проект, а со тоа ќе се намали продажбата на лексилиум и нему сличните седативи, а тоа поволно ќе влијае на психичкото здравје на речиси половина нација.  Ем волците сите, ем овците на број. И најважно тогаш Матица ќе има салон во Битола, па не ќе треба да и диктирам на сестра ми по телефон кои наслови да ми ги купи од  Скопје( го прекинав пишувањето на постов за да го завршам тоа). Идејата и не ми е така лоша, бидејќи сите амбасади , странски претставништва ќе се префрлат во Битола сосе цел персонал , кој брои најмалку 10000 луѓе, кој има итекако добри примања. Што би значело тоа за Битола, можете само да замислите. Мене идеава ми се допаѓа и тоа многу. Вам?


  1.   proksandar says:
    Со оглед на тоа дека скопјаните се расположени за рушење, барем таков впечаток сакаат да остават оние што се против, може, и така Битола си ја има традицијата, а и неокласицизмот, барокот, ренесансата… А Скопје? Камената ливада на Пенов, Рамсор на Бранко и „Разбуди се!“ на Артан Груби.
  2.   uvceto says:
    И Бразилците го преместија главниот град во внатрешноста.
    Замислата е добра, само мислам дека Штип би бил подобро решение.
  3.   alexandro says:
    Предлогот си е на место! Во најголем број на силни држави (САД, Австралија, Бразил, Турција…) најголемите градови не се во исто време и главни градови! Напротив, сите се некако сместени во внатрешниот дел од земјата, веројатно од стратешки причини!
    А за Битола не треба да има дилема! Ја има и толку потребната традиција и во однос на дипломатијата и во однос на архитектурата!
    И што е најважно: го има Широк сокак и легендарното Корзо! :)
  4.   andrej says:
    Ти мислиш дека аеродром ке градат во Штип за Битола да биде главен град???
  5.   svabo says:
    Не Битоља. Пребљизу до Грција а и то Зоки Вранишковиот ви е таму. Предлажем у то мариовото да се изѕида ноф град по мерка на ѕидачите. Ем че се попуни то мариовото ем свите нескопјани че се преселат таму и во скопјево че се ослободат работни места. и то…
  6.   vaskokrajcevski says:
    Има решение и за аеродромот http://vaskokrajcevski.blog.mk/2009/09/22/aerodromot-vo-bitola/ , а ќе повлечеме и доста луѓе назад во родниот град , меѓу нив и доста одлични блогери, за кои ќе се избориме да освојат добро и репрезентативно место место во локалната власт. Поздрав.
  7.   andrej says:
    Васко
    премиеро вика во Штип и тука поговора нема.
    Дури и во тендерот за аеродромите е ставено Штип
  8.   vaskokrajcevski says:
    Турците нешто му откажаа за Штип, можеби сакаат во Ботола, повеќе би требало да ги влечи. Еве Ататурк на пример. Поздрав до тебе.
  9.   effo says:
    Vasko,pa ti si genije be brat. :-P Kako li ti tekna ova?Ako se razviva na taa tema diskusijata,bilo da e Bitola ili Stip predlozen ke se odvlece dikusijata okolu izgradbata na centarot vo Skopje i ke im se zatnat muckite na govnarite i dezurnite skeptici okolu toj proekt. :lol:
  10.   cybersacralspace says:
    Мој предлог е Охрид за главен град, ем има аеродром, ем има резиденции…
  11.   effo says:
    Касно палите бе сите,идеата е веке пуштена во оптек.хехе :-P
    http://www.facebook.com/group.php?v=info&gid=318328039433
    :lol:
  12.   Антигона says:
    Неверојатно добра идеја…не,не, не е добра идејата – ОДЛИЧНА Е!!! Само да не се испокараат сега дали Битола да е, дали Штип, дали Охрид и тн… :-) Поздрав!

No comments:

Post a Comment