На Пелистер:Копанки, Јоргов Камен и Црвени Стени
јануари 3rd, 2011
Ќе се обидам да ви ја доловам атмосферата на овој дел од Пелистер во овој период од годината, иако за мене кој било период е најубав за посета на оваа планина. Крајна дестинација на оваа тура е месноста Црвени Стени , која се наоѓа на околу два часа пешачење од хотелот Молика. Попатни станици се планинарскиот дом Копанки, во кој можете и да преноќевате, и месноста Јоргов Камен од која имате прекрасен поглед на Битола и дел од Пелагонија. Од тука на околу 40 минути е месноста Црвени Стени на која можете да уживате на еден од највеличенствените погледи на овие простори и пошироко. Гледајте, слушајте ја тишината и уживајте. Патем ќе сретнете и по некоја птица, ако имате среќа можеби ќе налетате и на некоја срна или елен, а доста забележителни се и рушевините на склоништа и ровови од првата светска војна. Се на се ова е тура за која нема да зажалите за потрошеното време.
No comments:
Post a Comment