Sunday, April 27, 2014

ТРЕТ ПАТ МОЖНОСТ ИЛИ УТОПИЈА


ТРЕТ ПАТ МОЖНОСТ ИЛИ УТОПИЈА

април 3rd, 2011

Предвремените парламентарни избори се на прагот, сакале ние или не. Политичките пазарења си го направија своето. Но, сега тоа е минато и треба да се насочиме кон исходот од истите. Нема да навлегувам во тоа дали е потребна нова политичка опција , туку преку една скромна анализа ќе разгледаме какви се шансите на оние кои претендираат да бидат тоа. Во услови кога главно гласачкото тело е поделено на политички членови на двата најголеми блока и на неопределени, не е тешко да се заклучи дека овие вторите се целна група на третите партии. Да расчистиме и кои се тие. Тоа се оние кои претендираат да бидат опозиција и на опозицијата( СДСМ и нејзините сателити) и на позицијата (ВМРО ДПМНЕ и нејзините привезоци). Да ги именуваме: тоа пред се се ВМРО НП, ОМ, ДД, ЛДП и бранителите здружени во Достоинство кои веќе најавија дека имаат политички амбиции. И што е најчудно? Сите овие се надеваат на чудо. А, чуда во политиката се речиси невозможни. Сите, поточно речиси сите, во своите изјави, трибини, јавни настапи ни кажуваат дека тие се тие избраните кои ќе ја формираат новата влада. Можеби е така, но мислам дека се преценуваат. Изгледа дека граѓаните т.е. гласачите подобро го познаваат изборниот законик од оние кои се занимаваат професионално со политика, кој законик, за жал( жалењето е лично мое ) ги форсира големите партии. А, тоа најдобро го знаат оние неопределените, кои во најголем број се разочарани од овие две партии, и во случај кога секој си лета на своја страна, на денот на изборите најверојатно повторно ќе си излезат на прошетка во планина или на езеро место на гласачко место. Со тие очи гледаат неопределените. Кога знаат дека и да гласаат тоа ќе биде за џабе, нема ни да го искористат правото на глас. А, овие партии имаат можност да докажат дека и го мислат доброто на оваа земја. Имаат иста цел, без разлика на идеолошките разлики, кои патем во овој случај не се и така непремостливи. А, кога е така нека си седнат на иста маса и нека договорат предизборна соработка, па тогаш ќе изгледаат многу посериозно во очите на гласачите( дури и на оние определените), па веќе тогаш можат да се надеваат на некаков успех. Потоа со значителен број на пратеници , можат ида ја подржат новата влада , а и деректно во Собранието, да носат закони кои би ја измениле ( на подобро) политичката култура и изборните закони во земјава , а богами и законите кои се однесуваат на политичките партии, па на следните избори нека си оди секој сам. Таа е можноста на овие партии. Од нив зависи дали ќе ја искористат. Но, каква што е ситуацијата на теренот, идејата за третит пат најверојатно ќе остане утопија, сем ако некој не мисли дека максимум десеттина пратеници на овие сите горе наведени партии е некаков успех. Да не го разберите како фалба досега промашив само на изборите во 1994 година, само зардади тоа што сметав дека бојкот не е начин за решавање на проблемите. А, за крај да потсетам дека следната шанса е по четири години. Е, ако на некому времето не му е и така битно, тогаш нема проблем. Тоа е тоа.

No comments:

Post a Comment