Sunday, April 27, 2014

Фестивал има , кино нема


Фестивал има , кино нема

октомври 16th, 2010

Во моментов е свеченото отворање на 31. то издание на фестивалот на филмската камера Браќа Манаки. Фестивалот повторно е во Битола, иако нели нема аеродром, а за пофалба е и целата организација благодарејќи на директорката Лабина  Митевска. Има добра програма , познати гости, црвен тепих нели и слични работи. Има и публика, додуша  кога како, сем за отворањето кога врие од гости и скоро секогаш и актуелниот шеф на државата, за кого по обичај се блокира цел град и така натаму. Но сево ова кратко трае. Недела една отприлика. После тоа во градот на конзулите, кој патем има и Улица на клавирите, градот на културата, градот со најамбиенталната улица на Балканот нема кино. Ама има фестифал ФИЛМСКИ.  Вечерва на тој фестивал премиера и чест да го отвори истиот има Мајки на Милчо Манчевски. Горам од желба да го видам , но не знам дали ќе имам прилика или ќе треба да тркнам до метрополата. Додуша не дека таму многу останаа, ама барем имаат. За среќа најверојатно ќе го прикажуваат во салата на Центарот за култура која може да се приспособи за проекции и тоа ќе биде мојот прв филм во кино( адаптирано) по Сенки на истиот режисер. Однапред знам кој ќе биде по тоа и тоа под услов ако Милчо не се повлече од овие води. Бидејќи не гледам маж кој ќе ја оправи работава, посебно на културен план. Можеби  во  меѓувреме и  ќе се загреши работата, па ќе се најди некоја поекција помеѓу. Но на последната таква благодарение на познанството со вработениот имаше проекција и тоа 17 или 18 луѓе. Но, сега и познаникот е веќе во пензија. За жал така стојат работите , буквално како што кажува насловот :фестивал има , кино нема. А, да беше така само во културата, како нас и ќе немаше. Вистината вели дека во сите сегменти е или нешто така или многу блиску до тоа. Во меѓувреме ќе си проживееме уште една недела во виртуелна реалност. Милчо пред некоја недела сакаше нешто да промени , но  беше дочекан на нож. Друг не ќе да има да се нафати.рганизација благодарејќи на директорката Лабина  Митевска. Има добра програма , познати гости, црвен тепих нели и слични работи. Има и публика, додуша  кога како, сем за отворањето кога врие од гости и скоро секогаш и актуелниот шеф на државата, за кого по обичај се блокира цел град и така натаму. Но сево ова кратко трае. Недела една отприлика. После тоа во градот на конзулите, кој патем има и Улица на клавирите, градот на културата, градот со најамбиенталната улица на Балканот нема кино. Ама има фестифал ФИЛМСКИ.  Вечерва на тој фестивал премиера и чест да го отвори истиот има Мајки на Милчо Манчевски. Горам од желба да го видам , но не знам дали ќе имам прилика или ќе треба да тркнам до метрополата. Додуша не дека таму многу останаа, ама барем имаат. За среќа најверојатно ќе го прикажуваат во салата на Центарот за култура која може да се приспособи за проекции и тоа ќе биде мојот прв филм во кино( адаптирано) по Сенки на истиот режисер. Однапред знам кој ќе биде по тоа и тоа под услов ако Милчо не се повлече од овие води. Бидејќи не гледам маж кој ќе ја оправи работава, посебно на културен план. Можеби  во  меѓувреме и  ќе се загреши работата, па ќе се најди некоја поекција помеѓу. Но на последната таква благодарение на познанството со вработениот имаше проекција и тоа 17 или 18 луѓе. Но, сега и познаникот е веќе во пензија. За жал така стојат работите , буквално како што кажува насловот :фестивал има , кино нема. А, да беше така само во културата, како нас и ќе немаше. Вистината вели дека во сите сегменти е или нешто така или многу блиску до тоа. Во меѓувреме ќе си проживееме уште една недела во виртуелна реалност. Милчо пред некоја недела сакаше нешто да промени , но  беше дочекан на нож. Друг не ќе да има да се нафати.

No comments:

Post a Comment