Sunday, April 27, 2014

ДЕБОЈОТ СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА – ДАЈТЕ И ГО НА КУЛТУРАТА ВО БИТОЛА


ДЕБОЈОТ СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА – ДАЈТЕ И ГО НА КУЛТУРАТА ВО БИТОЛА

април 27th, 2011

DSCF1562 [320x200]
Предмет на оваа иницијтива е објектот ДЕБОЈ, кој се наоѓа на улица ИВАН МИЛУТИНОВИЌ б.б. Во Битола на влезот во Старата Чаршија, а со него моментално стопанисува ЈПССДП на Република Македонија. Дебојот претставува турска бања – амам. Не е познато кога е изградена. Тешко е оштетена, но по поправките сега го има стариот изглед, со две големи куполи и неколку мали и впечатлива фасада. Ова Јавно претпријатие имаше поприлично лошо менаџирање со овој објект, инаку Соменик на културата од највисока категорија, па во него имавме од тезгаџиско продавање на текстил , едно време маркет , па до последно како пекара. А, голем дел од времето стоеше со затворени врати. За нас несфатливо е ваков објект да не се стави во функција на културата. И, уште нешто. Ова Јавно претпријатие на градот му должи многу, бидејќи ќе потсетиме дека имотите кои ребаше да и се вратат на Фондот на холокаустот на Македонија, всушност г искомпензираа со градењето на Музејот на Холокаустот во Скопје. Собранието носеше Закон за Старата Скопска Чаршија, во Скопје се градат нови театри, филхармонии… Би се запрашале зошто на пример Чифте амамот во кој е сместена Националната Галерија на Македонија и Даут Пашиниот амам кои патем во ист период ја имале истата функциа со Дебојот – јавни бањи) во Скопје не ги адаптирате во пекари или панаѓури за текстил? Зарем Битола нема право да биде дел од културното живеење на оваа држава? Да биде иронијата уште поголема , некои туристички веб портали го нудат како нешто што мора да се види. Да го гледаат само однадвор? И искршените канделабри со кои беше едно време украсена чаршијата? И да си купат варено ѓеврече или пред десеттина години гаќи од турско производство. Не го бива.
DSCF1564 [320x200]DSCF1566 [320x200]
Затоа бараме под       итно   ЈПССДП, односно државата Македонија објектот Дебој да и го врати на општина Битола, а таа да и го додели на трајно користење на културните институции и здруженија од општина Битола. Како би се користел, идеи има многу.На пример на Македонското научно друштво-Центар за негување на традицијата и фолклорот би и се дал простор за постојана поставка , како и место за сувенирница. Би имало простор за ликовни изложби, како и за помали концерти. Би можело да има и испостава на Битолскиот завод и музеј како постојана музејска постава на Старата Битолска чаршија. Ако има волја , во договор со Туристичкиот кластер на Битола , тука би имало кустоси и би било појдовна точка за организирани туристички тури низ градот, во кој и тоа како има што да се види. Се на се културниот живот во Битола ќе добие толку многу, што генерации после нас ќе бидат бескрајно благодарни. И да не заборавиме дека со овој чекор ќе му зададеме решавачки удар на деградацијата на Старата Битолска Чаршија и ќе и овозможиме нејзино културно воскреснување и секако прилив на голем број туристи, кои ќе раскажуваат и прераскажуваат за Битола.
DSCF1570 [640x480]

No comments:

Post a Comment