Месеци наместо денови на дрвото
ноември 19th, 2010
Целта би била професионализација на една благородна акција заради подобро и постручно пошумување. Имено при толкав број невработени, не е лошо дел да се активираат во месеците во кои има оптимални услови за садење дрвја, прво со обука, а потоа и со теренска работа. Акциите би ги координирале општините, а централната власт би се грижела за садниот материјал, механизацијата и слично. Масовизацијата како симболика, пак, би се задржала на еден ден. Се надевам дека идејата сериозно ќе биде разгледана, бидејќи за тие нови шуми најблагодарни ќе бидат нашите деца и внуци.
No comments:
Post a Comment