Tuesday, April 29, 2014

Економска или духовна криза

Економска или духовна криза   
  Економска или духовна криза
До не така одамна верував дека глобализацијата, а пред се глобализацијата на економијата е единствениот спас,како за нас така и за останатите земји во развој.Но,ваквите размислувања ми бледнееа низ годините,а илузијата ми исчезна откако Светот го погоди таканаречената економска криза.Ќе се обидам да го дадам моето мислење за неа.Ќе почнам со мојот прв братучед кој едно време беше на привремена работа во Мозамбик(да,да во Африка) и работеше во рудник мислам за злато.Околу рудникот во радиус од 400 километри немало населено место,нити болница нити било каква институција на државата.Братучед ми како стручен(и белец) земаше за нас солидни примања.Е сега тоа што работеше три месеци без одмор е нешто,но исто така работеле и мештаните(црнци) и тоа директно во процесот на ископување руда и тоа за плата од некои 50 до 100 долари!?Зошто го кажувам ова?Еве зошто вреден работник сиромав плус црнец(апартхејдите се мртви само на хартија) заработува месечно 100 долари максимум.Мојот братучед стручен,не многу богат вреден работник,белец,таму некаде од Балканот(абе тие се тепаат меѓусебе мани ги таму) под речиси истите услови заработува коку педесет обични работници.Нивните газди заработуваат колку некои 10000 обични работни ,а замислете си некој банкар со годишни примања од некои 65 милиони фунти(кои едно време беа и 100 милиони долари)или едно 8 милиони долари месечно ,а банката чиј менаџер е стои на некој (глобален )начин стои зад зафрлениот рудник таму некаде на крајот од Светот во кој работниците страдаат од маларија,а нема каде да се лечат сем во амбулантата за сопствени потреби,заработува колку 80000(со букви осумдесет илјади обични работници) и тоа минимум.Ете како се вреднува човечкиот живот во ова ново општество.Нема никаква логика.Замислете сега колку вакви банкари има во таканаречениот Западен Свет кои итекако го туркаат овој нов поредок.Сигурно се илјадници кои земаат кој помал,кој повеќе и ако тие се некаде 10000(отприлика),тоа значи дека тие заработуваат повеќе од целиот Африкански континент.Јас сум свесен дека не сме сите исти,не не бидува сите за исто,немаме сите исти знаења,нити се залагам занекои мртви времиња кога демек сите бевме исти,но трудот на еден поединец да го вреднуваш со трудот на еден цел град нема никаква логика сем дека е невидено среброљубие. До каде оди човековата лакомост. До кои гранки ли ќе долета? А, такви ненормално платени професии има илјадници во новиот поредок. Компјутерџии, разни менаџери,адвокати,пејачи,спортисти,доктори,агенти со недвижнини,брокери..Замислете колкави само пари се вртат во индустријата за забава,спортот стана се само не она што во основа би требало да биде , стана само логистичка подршка на обложувањето пак во кое со разно разни местенки повторно се вртат милиони. А,милиони секој ден умираат само за леб и вода.Колку некој одлично го злоупотребува правото на секој да има сопствен дом.Или како лесно се проголтуваат миграциите од село во град,од исток кон запад.Како лесно се уништуваат илјадници хектари шуми демек да се добие плодна земја,на која потоа садат житарки не за да нахранат некоја гладна уста туку за енергенс со навидум супер име така нареченото биогориво. А, притоа уништувајќи им го чистиот воздух и на деца и на внуци и на правнуци. А,манипулациите по берзите кога со шпекулации се заработуваат тешки милиони иако фиктивни и виртуелни? А,забораваат дека основното правило на сопственоста е нешто да сработиш за да имаш.Нешто реално, нешто видливо. Колку ли само милијарди неброени се вртат во индустријата за убивање ,овај војната индустрија? И кога некое оружје ќе застари или војна се почнува да се потроќи или потоа пак милијарди да се уништи. А, сево ова само со една цел.Повеќе,повеќе и повеќе зелени книжиња.Милиони,милијарди..Девизата на новиот поредок гласи: Проживј си денес ти во материјално изобилие, а за тие после тебе не се секирај.Ако се снајдат арно ако не пак арно.Нема да знаеш. Е затооа фабрики и топилници трујат мали деца, истите деца пијат млеко со меланин..
Е,кога ја прочитав приказната за еден Бугарин,инаку успешен брокер во Њујорк кој се освестил ,ги видел работите со вистински очи и денес е монах во некој од манстирите во Бугарија,и јас полека почнав да ја разбирам вистината за туркањето на овој нов поредок.Тој човек разбрал дека живее во некој виртуелен свет(впрочем како и сите ние),во кој ништо не е реално.Сфатил дека еден ден ако се продолжи вака вистинската храна ќе ја гледаме на компјутер,а ќе јадеме апчиња кои ќе ја заменуваат истата(се сеќавам на еден научнофантастичен филм од детството со слична тематика).Луѓето од развиениот Свет веќе не знаат како се произведува храната.Се им е сервирано по ТВ рекламите.Не знаат како се произведува кафето во кое уживаат таму некаде во Бразил или какаото во Етиопија или доматите во Струмица.Не знаат дали растат на дрво или во лабараторија.Тие таму ги интересира како само да ги исплатат ратите за куќата која е во сопственост на банката,а чија цена достигнала нереално висока цена ,а каматите од ден на ден му рипаат се повеќе.Тој незнаејќи ужива во едно ново робовладетелско време,кое некој така фино му го сервирал,а со тоа ќе заработи дополнителни милиони а не кренал ни една мотика во животот..И сега кога тиквата пукна илјадници милијарди долари повторно се насочуваат не кон оние кои го полнат буџетите,туку повторно кон оние најбогатите,најалчните,кои не познаваат граници кога се во прашање тие зелени книжиња.Новиот глобалстички поредок одеднаш се претвора во нешто налик на глобалистичко комунистички поредок,чија симбиоза одлично функционира бидејќи меѓу нив нема некои суштински разлики и нема.Тие и сами посебе и сега заедно во основа го немале нити обичниот човек нити Бога ,оној човек кој знае дека е од Бога создаден и дека треба да живее по законите кои тој ги одредил,а не по законите кои ги диктираат зелените книжиња,на кои им се клањаат овие нови робовладетели.Како дојде до сево ова?Човештвото едноставно изгуби контрола врз само себе.Алчноста излезе поголема од се.Зарем некој некогаш се запрашал што ќе му се на човек 8 милиони месечно,ако не е алчен вон сите познати граници на човековиот ум?И сите оние големи таканаречни хуманитарни концерти се фарса,без разлика на можеби и вистинската желба да се помогне,бидејќи на нив се собираат средатва едвај колку неколкудневна работа на некој банкар.А,се излезе од контрола кога човекот избега од Творецот.Од Бога.Едноставно сега секој од нас од тие шест милијарди и згора треба да размисли каде оди и како треба да се делува.Алчноста еден ден ќе не проголта сите нас. Станавме нешто за кое не сме створени. Со првите комшии комуницираме на фејсбук и на скајп, се одалечуваме од другите луѓе, а со тоа и од самите себе и од Бога. А, забораваме дека ниеден човек не е остров сам за себе, бидејќи повеќе и не читаме затоа што глобалниот поредок ни нуди милиони други забави он лајн што би се рекло. Но,за среќа се што не е со Бога соединето и е вештачко во основа,едноставно го снемува.Економската криза е всушност тоа.Загрижува фактот што некој од петни жили настојува нешто мртво и невистинито повторно да заживее.И тоа демек во името на благосостојбата на сите луѓе.Која благосостојба?Ја гледа ли некој некаде?И каква е таа?Кога тој човек целиот свој живот нешто отплаќа,секогаш е должник на некој од горе споменатие. Благосостојба,нема што. Јас научив кој го сака тоа. А, Вие? Дури нема духовно просветлување ,вакви кризи редовно ќе го тресат човештвото, а ќар повторно ќе имаат оние на кои зелените книжиња им се се. Ние повторно ќе гледаме, кој да дојди до парче леб кој до чиста вода,кој до доматче. Но, како и да е, Бог ќе биде со нас, дали вака или така. Слава му нему. Економска ли е кризава? Не би рекол.
  Васко Крајчевски

мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 62 пати прочитано   #

  • тажно,но за жал...вистинито... Одлична тема - одлична гледна точка!
    (Антигона 29 Април, 2009 - 17:26 | не можеш да оставаш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment