Слепче
мај 13th, 2010
Селото Слепче се наоѓа на само 2 километри од Демир Хисар, а на уште 3 километри од селото е велелепниот манастир Свети Јован Претеча. Вистинско прибежиште за сите оние кои сакаат да пронајдат душевен мир, односно да бидат барем на момент со Бога. Во Неделата присувствував и на Светата Литургија и можам да речам дека тоа беше вистинско духовно освежување. Ова е место во кое секој пат повторно ќе го откривате.А, убавиот ден може да го завршите во еден прекрасен ресторан на 700 метри под манастирот, кој е прекрасно уреден, со преубава местоположба . На оваа фотографија може да видите две супер лековити билки на едно место. Салепот и мајчината душичка.