Sunday, April 27, 2014

Свето Благовештение

Свето Благовештение

април 7th, 2011

Од Светото Евангелие по Лука
26 А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриил во галилејскиот град, по име Назарет,
27 при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија.
28 И кога ангелот дојде при неа и рече: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!”
29 Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа?
30 Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога.
31 И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус.
32 Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид.
33 И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.”
34 А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?”
35 Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе – ќе се нарече Божји Син.
36 И ете твојата роднина Елисавета, и таа зачна син во својата старост. И тоа е веќе шестиот месец за неа, која ја наречуваат неплодна.
37 Зашто ниеден збор од Бога нема да остане без сила.”
38 Марија му рече: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор!” И ангелот си отиде од неа.

No comments:

Post a Comment