Tuesday, April 29, 2014

Бранителите

Бранителите   
   Текстот е објавен во Дневник таму некаде пред да го одбијат законот со воздржаност, мислам онака педерски, а сега го реобјавувам на блогот само колку за потсетување, бидејќи не верувам дека некој во моментов има мадиња да го реши проблемот. Не дека не е решлив туку за да не се нарушат нечии бизнис релации.Толку.
Одамна била 2001.Нема пари во буџетот.Можеби ќе се лути коалициониот партнер.Е па не држи место ни едно оправдување за да не се прифати законот за бранителите.Она првпто не можам ни да го разберам,за второто би дал една пресметка:Најголем дел ќе бидат припадници на безбедносните сили од 3та категорија.Оние претходните мислам дека е резил и греота да се повикувате на онакви глупости за да ги шутните.За нив е предвидено со законот само здравствено осигурување на товар на државата кое е некаде 1000 ден месечно или 12000 годишно или ај за полесно 200 евра годишно или просек некаде 20 до 25 години до пензија или 4000 до 5000 евра по човек до крај.Вториот попуст можност за две години порано во пензија во вакви услови тешко кој ќе прифати.А,сега да видиме колку чини еден партиски војник во администрацијата,во некое ЈП или во некое таканаречено АД во државна сопственост.Просек повеќе од 400 евра и тоа месечно или околу 5000 годишно. И сега ако се земе предвид дека вакви има преку 50000 или 60000 па ќе ви се крене косата.И колку од нив ја избегнаа обврската во 2001 гдина сунчајќи се на Халкидики или на Златните песоци?Земете дигитрон бидејќи поинаку изгледа и не знаете да сметате,само покрај себе повикајте семен овај партиски доктор да не Ви се поткрени притисокот од цифрите.А третиот да речам проблем седнете го и договорете се,бидејќи она што се случи во 2001 не е ама баш по ништо наша вина.Вината е кај политичките(сегашни, тогаш беа и поинакви) елити. Тоа што илјадници луѓе ги ризикуваа своите животи,а многу и ги изгубија (слава им) , тоа што многумина и ден денес чувствуваат последици (физички или психички) многу гледам не Ви значи.Но им значи на луѓе кои заминуваа некаде и кои не знаеа дали ќе се вратат или не се вратија,им значи на оние кои го пропуштија првиот збор на своите деца или на оние кои се уште не можат да им објаснат на своите деца каде се нивните татковци.Некои трауми немаат цена.Затоа седнете се,договорете се и изгласајте го законот.Ако треба опфатете и дел од (тогаш) другата страна но со посебен закон.А, во спротивно само ризикувате илјадници лојални граѓани кои не ја заборавија Татковината и во најлошото,едноставно да се почувствуваат отфрлени со нож зариен во грб од она што име е најсвето на Светот -Татковината.

No comments:

Post a Comment