Sunday, April 27, 2014

Нечија судбина како черга пред врата(мое видување на Хашките случаи)


Нечија судбина како черга пред врата(мое видување на Хашките случаи)

мај 21st, 2010

Избегнувам и да коментирам и да пишувам на вакви теми, но овој пат нешто тешко ми лежи на душава. Колку невкусни и непријатни можат да бидат политичката нетрпеливост и нетолерантност и какви се последици можат да донесат гледавме изминативе шест можеби и нешто повеќе години, а последната сцена падна пред некој ден . Во Шевнинген.  Да си седеше Љубе на страна и да немаше намера да се кандидира на претходните претседателски избори , претпоставувам дека  Хашкиот трибунал немаше ни да го процесуира случајот Љуботен и најверојатно се ќе завршеше како што ќе завршат останатите четири случаи кои трибуналот така педерски ни ги фрли  назад сами да си одлучуваме , најверојатно сакајќи да не тестира или можеби заради нечиј облог колку ќе издржиме. Но тоа е друга приказна. И кога Љубе си ја објави кандидатурата, почна друга математика во која патем се изрезили и Уставниот Суд( де де не му беше ни прв пат, а ни последен) , па Љубета го исфрлија од таа трка но бидејќи се уште  беше потенцијална опасност на ред дојдоа нови сценарија. Па така си беше и еден банкар кој си играше премиер, а ваму и имаше и нерасчистени сметки со слаткарот па бидна Раштански Лозја( случај кој знаеме како заврши), но бидејќи на секоја лага и се кратки нозете, мораше да се активира нешто посуигурно. Случајот Љуботен. И така Љубе и Јохан со специјални авионски летови, едниот од Пула, другиот од Скопје се најдоа во Холандија. Во притворот во Шевенинген. И така две поприлично гнасни политички фигури си ги избришаа чевлите од Љубе и Јохан. Минаа таму едно четири години, Љубе со поприлично лабаво обвинение и со поприлично подобар адвокатски тим за разлика од Јохан кој во тој момент, за жал помалку го есапеа, со јадови во душите и со скршени семејства. И кога конечно судот донесе одлука, за мене барем за Љубе беше очекувано, а сметам дека и макар да го прогласеа виновен по некоја од точките со тоа обвинение немаше да биде осуден повеќе од она што го имаше одлежено во притворот. Но пресудата за Јохан беше шокантна.  Знаев дека со неискусен тим( без разлика на големата желба) , тешко дека ќе го побијат целото обвинение. Но, дека ќе биде прогласен за виновен по сите точки и дека ќе следува толкава казна , не верував ни најмалку. Одма после тоа очекував дека државата ќе се соземе , ќе ги увиди грешките , ќе го засили адвокатскиот тим и дека на апелација ќе се докажи спротивното и ќе се спаси Јохан, а со  него и вистината за Македонија. Но пак на сцена настапува Љубе. Пак претседателски избори. Поприлично висок рејтинг. Но сега некои други се на власт. И пак случајот Љуботен стапува на сцена. Крајно непромислено. Сакајќи да се дискредитира противникот, летаат докази , се пуштаат ексклузивни видеа, почнува поразителната поделба на херои и предавници,  ни во еден момент не водејќи сметка како тоа ќе влијае врз конечната одлука на судот во Хаг. Се фрлаат залудно пари, се троши енергија без врска. Со месеци. И на крајот повторно шок. Се прашувам зошто? Дали некогаш овој македонски народ ќе научи како се води фер политичка борба. Зарем нечија судбина заслужува да биде черга од која ќе си ја бришат калта на чевлите( душите)? Овој пат е веќе доцна. Се надевам дека ќе ги научиме грешките(  будалите  учат на сопствените грешки) и ова никогаш нема да се повтори. Се надевам дека ни едно семејство веќе нема да изгори во пламенот на политичките битки. А, сега не ни останува ништо друго , сем да се помолиме за Јохан и неговото семејство  во овие тешки моменти за нив. Ќе се помолам да ги издржат  овие тешки моменти и тие да завршат после отслужување на две третини од казната согласно статутот на Хашкиот( инаку крајно нефер) трибунал.  Овој пат покрај Јохан изгубивме сите , а најмногу зафуби Македонија. За жал.


  1.   alexandro says:
    Одличен пост Васко, со објективен и реален поглед на нештата за разлика од едностраните, навивачки и тенденциозни обиди за политичка манипулација на овие непријатни настани. Делува дегутантно и одвратно патетично ламентирање над судбината на невините. Поентата и пораката од текстот е одлична. Прашање е само колку се има капацитет тоа да се прифати во политиката надраснувајки се над партиските интереси.
    Досегашното искуство не прави песимисти…
  2.   vaskokrajcevski says:
    Не можам и да верувам како дејствува пропангадата врз граѓаните, Имам изнаслушано илијадници глупости. За жал некој е колатерална штета на сите тие залудно потрошени и пари и време и енергија. Или ние мислиме дека се заллудно? Можеби од крајниот(посакуваниот) резултат некој е и задоволен.
  3.   gocajаska says:
    … како да ти кажам … ама најубаво директно :
    во политиката нема фер , ама никаде во светов и веков …
    … Македонија изгуби уште во 1912 …
    … и ме иритира кога некој жали … ниту на семејството , ниту на Македонија не и е потребно сочуство …
  4.   svabo says:
    Како што рече, поради пусто кодошење на крај суровото изгоре.
  5.   vaskokrajcevski says:
    Тоа фер има граници, овде границите се избришани, а во овој случај луѓев или гниеле или гнијат по затвори само за некој да добие политичка битка. А и никаде не споменав сочувство. Поздрав до тебе.

No comments:

Post a Comment