Tuesday, April 29, 2014

Како да се искористат касарните?

Како да се искористат касарните?  
     Овој текст е објавен во Дневник уште при појавата на можноста АРМ да се ослободи од дел од своите касарни во корист на општините. Го реобјавувам на блогот бидејќи МО официјално потврди дека ќе се ослободи од касарните во Охрид, Струмица и Битола.

Процесот на обединување на Европа е билет во еден правец,но патот не е така лессен и кус.Политичкото обединување се надеваме дека ќе заврши брзо,но економското изедначување ниту ќе биде брзо ниту некогаш било брзо.Југот на Европа по Втората светска војна мигрираше кон побогатиот север.Кога земјите од југот пред се Шпанија,Грција и Италија се приклучија на ЕУ,а подоцна и достигнаа солидно економско ниво големото мнозинство мигранти се вратија на своите родни грутки.Овие процеси беа забрзани во последните петнаесетина години.Зошто го кажувам ова?Затоа што и ние сме дел од овој процесс,кој кога и како ќе заврши зависи 99% од нас и нашите потези.А што имаат празните касарни со овој процес?Ќе го спомнам примерот на Битола.Битолчани во Светот има повеќе отколку во Битола.Тие луѓе заминале и заминуваат поради условите кои ги имале или ги имаат во моментов,најчесто од немајкаде.Оние што заминале веќе се навикнати на условите кои ги нуди Западниот свет.Тие имаат беспрекорно високо образование,спортски игралишта,затворени базени ,детски игралишта и во места десет пати помали од Битола.А,со нашата интеграција во ЕУ и НАТО и посебно по економското заздравување голем дел од нив(посебно од Европа) ќе пројават желба за враќање во Татковината(кое треба како држава да го подржоме и да го стимулираме.Тие луѓе ќе сакаат услови ако не исти барем приближно исти како во печалбарскиот дом.А,касарната во Битола која е надополнување на најдолгата и најубавата пешачка зона на Балканот(Од пазарот и чаршијата преку Широк сокак ишеталиштето па до Тумбе Кафе),ги нуди сите просторно урбанистички услови да се претвори во Универзитетска и спортско рекреативна зона со нови факултети,затворен базен ,спортски терени ,детски игралишта и некои други содржини кои би ги одредиле компентентни лица од таа област.А,кога на Балканот ќе има само административни граници Битола ќе си го добие своето место како културен и политички центар во овој дел на Европа па не би било лошо Владата да размисли дел од својата администрација да префрли и во Битола на дел од гореспоменатата локација(добар пример е последниот во Русија со префрлањето на седиштето на Уставниот суд).А,најлошата варијанта со која одамна сешпекулира е дека овој или оној моќник веќе обезбедил толку или онолку квадрати па ќе гради згради(без паркинг и зеленило се разбира) или хипер маркети.Готовината не е секогаш најмудриот избор.Некои работи немаат цена,како на пример нашите поколенија и нашите расеани луѓе по Светот.Резултатите ќе ги почувствуваме покасно.И материјалните,за оние на кои тоа им е најважно.Прочитав овие дена дека пливачкиот спорт бил на умирање.Па во Битола со стотина илјади жители и со уште толку надвор тој никогаш не бил и роден.Се надевам дека тоа ќе се случи што побрзо.

No comments:

Post a Comment