Tuesday, April 29, 2014

ПОДАРЕНИТЕ ИМОТИ

ПОДАРЕНИТЕ ИМОТИ   
  Подарените имоти или национализација на софистициран начин
  Мило ми е што во последно време се отвора јавна дебата за некои работи од нашето не така далечно минато.Еден од нив е и така наречените подарени имоти.Тоа се имоти на луѓе кои во текот на педесетите и шеесетите години од минатиот век навидум доброволно се откажале од нив во корист на државата.Повеќето се во руралните средини и денес на нив можете само од по некоја рушевина да видите дека таму некогаш живееле луѓе.Ќе почнам од ,,доброволноста,,.Прво да речам со мојот личен пример.Кога мојот прадедо решил да го напушти селото во кое моите претци живееле со векови наназад,бидејќи виделе дека работите се движат кон пропаст,купле куќа во градот и решиле целиот имот кој во меѓувреме не бил национализиран да не го оутѓуваат бидејќи неговиот татко се уште бил жив а и него многу тешко му паѓал животот во градот.И би така.По две години починал неговиот татко и судот по службена должност го проценил преостанатиот имот и му го доделил на прадедоми.Наредната година му доаѓа решение за данок на имот во вредност од 70% од вредноста на кој е проценет имотот од страна на судот во претходната година.И тоа се претежно пасишта од 5,6 и 7 категорија!Во паниката која ја зафатило мојата фамилија дел се продадени пошто зошо на луѓе кои не се иселиле( тие не подлежеле на данок) и дел се подарени на државата само да се избегн огромната сума на пари.И на крајот последниот документ во кој се вели горенаведениот не поедува веќе никаков имот и се ослободува од данок.бла бла бла.И сето тоа во име на народот!?Ќе наведам уште еден ,,херојски,, облик на доброволност.Во истите години како и првиот пример во едно пелагониско село се јавило отпор против давањето на имотите во колективните државни стопанства.На Бадник дошле од УДБА и ги собрале ,,изродите,, и ги однеле до Пелагониското блато.Некои дури и си ги наводениле долгите кожни мантили кршејќиго мразот.Кога виделле дека нема доброволци за отстапување на имотите,ги принудиле да попливаат во издупчениот мраз.По 15 минути еден по еден сите го ставиле својот потпис.Смрт на фашизмот слобода на народот.Е со оваа парола по 15 години откако Светот го победи најголемото зло во историјата и го остави зад себе гледајши во иднината завршуваат овие документи на еден експеримент кој зад себе остави само пустош по некогаш живите и среќни македонски села.И се благодарение на кодошите и оние во кожните мантили до глуждови кои немале никогаш ништо и лечејќи ги своите комплекси ги окфалификуваа моите предци и илјадници други како капиталисти(кулаци што би рекол дедо ми) доведувајќи ги во ситуација да останат без земјата која ја печалеле со векови,а тие за наводните заслуги за народот и татковината беа наградувани кој со плацови,кој со станови,кој на неколку платни списоци...Е нашата држава едвај донесе закон за лустрација и овие горенаведените само гледаат како да се оддолжи неговата примена,а по можност никогаш да не се ни спроведи.И што имаме денес ние од цел овој цирцус:Се уште имаме незавршена денационализација,затоа што некој мисли дека е исправно да градиш среќа на туѓа несреќа.Имаме пусти села пусти предели така што можеш да поминеш и стотина километри и да не сретнеш човек сем,по некој старец кој ги брои последните денови од животот.Имаме збунети инвеститори кои се повлекуваат пред нерешените имотно правни односи.А за ,,подарените,, имоти нема ни трага ни мисла за некакво законско решение.А,некој спомена и за некаков детски додаток.Во годината која ја раскажував приказната прадедо ми имаше едно дете и тоа на 33 годинки.
 Мораме да расчистиме со сеништата од минатото за да можеме мирно да живееме денес и да се надеваме на подобро утре.Примери дека е тоа така има многу.Можеби касниме 15 години но никогаш не е касно.да расчистиме со сенките од дамнина.,,Подарените имоти,, се едно од нив.Да го решиме.Ако сакаме некогашда чуеме детски плач каде што денес и времето застанало.

No comments:

Post a Comment