Sunday, April 27, 2014

Средбата со Доста

 

Средбата со Доста

април 5th, 2011

Летото Господово 1995 .  Јас на отслужување на воениот рок во АРМ во Прилеп.  Еден ден неочекувано дојде наредба со која неколку војници, меѓу кои и јас, ќе одат на Погранична средба во село Витолиште. Се израдував и отповеќе бидејќи во тој дел на Мариово не сум бил, а Мариово ме влече од раѓање.  Корените.  Бевме во состав неколкумина војници, командирот на вод и командантот на гарнизонот. Со башка возила , се подразбира. Времето беше прекрасно и кога стигнавме до Штавица( сетете се на Пред дождот) срцето  ми заигра. Кога стигнавме глетката за мене беше изненадување. Прекрасно село( патем се уште) најголемо и најживо село во Мариово. Во дворот на Црквата(чинам таму беше) имаше мноштво народ, од двете страни на границата. Кој зборува, кој си лафе , кој оро вие, кој поткаснува. Ние стоевме на страна , кога на просторот се појавија некои кои воопшто не ги очекував. Доста Димовска и Љубчо Ѓеорѓиевски. Одеа во наш правец и јас ги поздравив. Во очите на Доста видов сјај. Не отпоздравија, Љубчо остана на страна , а Доста ни се приближи и започна муабет. Беше пресреќна. Со жар се интересираше за тоа како ни е во нашата армија, за нашиот живот таму и слични работи. Заприметив дека Командантот од страна не стрелаше со поглед( ваму толку муабет со нас не направи за  девет месеци). Муабетот и средбата со Доста ми остана и денденес во моите сеќавања. На крај не отпоздрави со нешто како : Да ми сте здрави и живи и со искрена насмевка си замина.  Зошто го кажувам ова? Заради што мене само со една средба и со еден муабет таа ми стави до знаење дека таа беше голем човек и голем Македонец кој најискрено си ја сакаше својата Татковина. Во нејзините очи и нејзините зборови немаше ни трошка контроверзност, како што некои сакаат да наметнат. Тоа беше мојата прва и за жал последна средба со Доста Димовска. И ќе ја паметам дури сум жив. А, сега само му се молам на Бог да ја има во своите раце. Мислам дека го заслужи тоа.

No comments:

Post a Comment