Sunday, April 27, 2014

  

Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

април 17th, 2011

Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици. Многуброен народ наслушна дека ќе дојде, па го дочекаа со палмови гранчиња во рацете. Значи, ги слекуваа облеките од себе постилајќи ги пред Него и во восхит возвикнуваа вдахновено: Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев! Дури и некои од дојдените Елини на поклонение за Пасха пристапија и молеа да Го видат. Единствено свештенството и фарисеите се озлобија готвејќи се да Го погубат брзо, а мислеа да го убијат и Лазар кој сведочеше за Неговата сила и за Неговото Божество. И повторно Господ се труди да им го открие Својот идентитет на насобраните и да ги подготви за најблиската иднина и за смислата на оваа мисија и нејзините искушенија. Всушност, кога им сеобраќа со словото за Крстот, тие тогаш го губат знаењето за Него како за Цар и Христос, тогаш им се затвара умот за словото и за Писмата. Цветници се празнуваат во неделата пред Воскресение. Претставуваат сигурно најдраматичниот празник меѓу Дванаесетте големи празници на Црквата. Го ознауваат почетокот на најтешката седмица во историјата на човештвото, којашто аскетското трезвеноумно познание на човековата природа ја нарекува „Страстна“.
Од СветоЕвангелие според Матеј
Христовото свечено влегување во
Ерусалим
(Мр 11,1–11; Лк 19,28–40; Јн 12,12–19)
21А кога наближија до Ерусалим и
дојдоа до Витфагија, кај Маслиновата
Гора, Исус испрати двајца ученици
2 и им рече: „Отидете во селоно, што
е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана
магарица и младо магаре со неа;
одврзете ги и доведете Ми ги!
3 А ако некој ви рече нешто, кажете
му дека Му се потребни на Господа, и
веднаш ќе ги прати.“
4 А сето тоа стана за да се исполни ка-
жаното преку пророкот, кој вели:
5 „Кажете и на ќерката Сионова: ете,
твојот цар доаѓа кај тебе кроток, качен
на магарица со младо магаре.“
6 Учениците отидоа и направија така,
како што им беше заповедал Исус.
7 Ги дотераа магарицата и младото
магаре и ги кладоа одозгора алиштата
свои, и Тој седна над нив.
8 А мнозина од народот ги постилаа
по патот облеките свои; други, пак, се-
чеа гранки од дрвјата и ги постилаа по
патот;
9 а народот што врвеше пред Него и
по Него, викаше велејќи: „Осана на Синот
Давидов! Благословен е Тој што доаѓ
а во името Господово! Осана на висините!“
10 И кога влезе во Ерусалим, целиот
народ збунето прашуваше: „Кој е овој?“
11 А народот одговараше: „Овој е Исус,
пророкот од Назарет галилејски.“
Изгонување на трговците од храмот
(Мр 11,15–19; Лк 19,45–48; Јн 12,12–16)
12 И влезе Исус во храмот Божји и ги
истера сите што продаваа и купуваа во
храмот, ги растури масите на менувачите
и столовите на оние што продаваа гулаби,
13 и им рече: „Напишано е: ‚Домот
Мој нека биде дом за молитва‘, а вие го
направивте како разбојничка пештера.“
14 И дојдоа кај Него во храмот слепи
и куци, и Тој ги излекува.
15 А првосвештениците и книжниците,
гледајќи ги чудесните дела што ги
направи Тој, и слушајќи ги децата како
викаат во храмот и велат: „Осана на Давидовиот
Син!“, се разгневија,
16 и му рекоа: „Слушаш ли што велат
тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш
не сте читале: ‚Од устата на новороденч
ињата и од оние што цицаат Ти
си приготвил пофалба?‘“
17 И кога ги остави, отиде надвор од
градот, во Витанија, каде што преноќи.

No comments:

Post a Comment