ФОНД ЗА ЖИВОТ
Секојдневно се среќаваме со апели за помош за граѓани кои со сериозни нарушувања на здравјето и кои најчесто бараат итност поради загрозување на животот, а поради неможноста да се лекуваат во Македонија се принудени да се лекуваат некаде во странство или пак треба да употребуваат лекарства кои не ги признава фондот. Е проблемот е што Фондот за здравство не ги покрива 100% трошоците, па еден мал дел(во проценти) треба да покрие и пациентот. Но тој мал дел за мнозинството е многу голем па луѓето се принудени да бараат помош од хуманите граѓани. Како колективно да им помогнеме на овие луѓе? Еве јас имам една идеја на формирање посебен фонд во кој би се слевале средства од таканаречена хумана такса. Донирањето во фондот би било по пат на писмено одобрување, а наплатата најзгодно би било да биде преку месечните сметки за потрошена ел. Енергија на ЕВН. Имено во Македонија има околу 600000 броила за мерење на потрошената ел. Енергија и за секое броило пристигнува месечна сметка. Ако на секоја сметка додаме хумана такса од само 10 или 15 денари месечно би добиле 6000000 или 9000000 денари месечно односно 100000 или 150000 евра. Парите би биле не оданочувани, би се префрлале во фондација која би ја воделе, волонтерски се разбира, докажани хуманитарци. Фондацијата би имала и други извори на приходи: донации од фирми и од граѓани. Ем сите ќе се чувствуваме подобро дека сме спасиле нечиј живот, ем ќе им ги скратиме маките на луѓето кои и онака се во незавидна положба. Ќе речат ЕВН не смее да наплаќа ваква такса. А, како смее да наплаќа за улично осветлување кога не е во нејзина надлежност. И за крај кога може во голем број општини да функционира фонд за солидарен погреб( во кој се уплаќа чинам 100 денари месечно), зошто да не функционира и фонд за живот. Многумина би ни биле благодарни.
Идејата ја објавија и во денешен Дневник. Се надевам дека ќе се реализира.
Линкови до овој блог запис
од Моја Македониј… на 27 Ноември, 2009 - 19:35
Васко Крајчевски,
од nadezna на 14 Ноември, 2009 - 00:18
|
No comments:
Post a Comment