Tuesday, April 29, 2014

Компромисмен и дружината

Компромисмен и дружината   

                          

Си имаше  таму некаде  во централен Балкан една држава која се нарекуваше Македонија или како што милуваа нејзините политичари Република Македонија.И како што во земјите замислени во Холивуд кои си имаат свои херои како Супермен ,Спајдермен и многу други,така еден ден во земјата Македонија еден човек кога се разбуди реши да стане и тој супер херој налик на горенаведените и се самопрогласи за Компромисмен.Компромисмен?Па државата Македонија имаше еден ¢¢мал¢¢проблем.Една соседна држава и го оспоруваше името цели 17 години.А,нашиот самопрогласен херој кој преспа од овие цели 16 години и 7 месеци,конечно се разбуди и реши да бара компромис за името.А,ако имаше и можност и начин и средства таа тема да ја отвори и порано и побезболно.Ама сакаше да биде суперхерој.Самопрогласен де,ама што има врска.Можеби некој ден и по него ќе снимаат филм?И така  не прозва сите, од кокошките по до сите кои не размислуваме како него . На велепредавство.
И еден ден дојдоа избори.Демек вондредни.И тогаш уште кампањата непочната,нешто налик како што Бетмен го имаше Робин така и Компромисмен си доби дружина.Дружината почна нешто да грака како за толку денови и месеци ќе ја внесела Македонија во НАТО.А,за оние со слабо памтење значи дека ако тоа е реално ветување дека Компромисмен и дружината ќе најдат решение за спорот до 9 Јули.Инаку ветувањата паѓаат во вода.Ама не ни кажуваат како.Тука е проблемот .И со кого ќе го решаваат проблемот?Еве мен мојата света црква отссекогаш ме учела на љубов ,на простување,а од другата страна еден кој има титула митрополит цело време повикува на линч,на омраза,на негирање.Не заборавајте тоа лице кое себиси се нарекува пастир е на платен список на грчката држава.Заклучок?Тие не мразат и нас и се што не е грчко.Тие најсреќни би биле кога би не немало.И јас сакам да се реши проблемот Мистер Компромисмен и дружината.А Вие господа само нешто зборувате но ништо не кажувате.Ако сте толку силни и толку паметни кажете барем еден предлог како би се решил проблемот.Одржувате семинари ,пишувате колумни,а ништо не ни кажувате.
И не со глупави заклучоци кои наликуваат како јајце на јајце.Дајте конкретен предлог,кажете и го на јавноста,испратете му го на државниот врв и Нимиц,повредетесија суетата и прифатете предлог на некој друг кој нема пари,моќ и медиуми ,но си ја сака татковината многу повеќе од Вас.Мислам ако ви фаќа мозокот и нешто да смислите.Не со сила.Има една народна поговорка:Ветер дупка не полнит.А,ако продолжите да бидете ветер,ќе завршите не како суперхероите од Холивуд во нечија филмотека,туку на буништето на историјата. 

  Овој текст е малку од поодамна, но и понатаму не губи на актуелност. А, кој е Компромисмен?
                                                    
мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 164 пати прочитано | трекбек url   #

  • Емотивно и искрено Васко!
    Компромисот е можен само меѓу две рамноправни страни или кога има реален судир на интереси. Во конкретниот случај имаме само уцена од една (грчка) страна, додека од нас се бара само отстапки!
    Затоа „компромиост“ во конкретниот случај е само друго име на поразот! И тоа горчлив...
    Поздрав!
    (alexandro 28 Декември, 2009 - 21:03 | не можеш да оставаш коментари)

  • Инаку текстот му беше наменет на Б.Ѓ. Мислам дека се разбираме пријателе.
    (Васко Крајчевски 28 Декември, 2009 - 22:09 | не можеш да оставаш коментари
  • No comments:

    Post a Comment