Sunday, April 27, 2014

НЕ ЗА ПРОЛЕТНИ, ДА ЗА ЕСЕНСКИ ИЗБОРИ

НЕ ЗА ПРОЛЕТНИ, ДА ЗА ЕСЕНСКИ ИЗБОРИ

февруари 22nd, 2011

Пак ќе напоменам, овие теми воопшто не ги сакам, но сум исправоциран од најавите за итни предвремени избори. Ќе кажам и зошто.
Прво ми е смачено од црно белиот Свет на Груевски и Црвенковски, кои сакаат да наметнат мислење дека тие се единствените играчи на политичката сцена во Македонија. Да не беше ова така и да имаа сенс за демократија, нити Бранко ќе се вратеше после периодот ѓоа претседател нити пак Николче ќе инсистираше тој да се врати назад. Со вакви политички екипирани гарнитури и моменталното располжение и услови на теренот ништо не ни гарантира поинакви четири години сем да се има некој пратеник плус или минус. Што ќар од тоа? До година пак Бане ќе бара избори? Или пак да замисли една научно фантастична сцена. Да биде обратна ситуација. Разлика има? Нема,  сем обратните ( веќе видени ) улоги, но ова е само научна фантастика во овој момент.
Втор многу важен момент е една статистичка операција од големи размери така наречена ПОПИС. Дали со предвремените избори во Мај пописот би се одржал? Не, со сигурност. Дали со тоа се игра некоја внатрешно коалициска игра? Да, со сигурност. Што сакаат да докажат? Ништо. Само сакаат да играат со тендери уште 4 години. Ако сакаат на пописот да му ја симнат политичката( етничката ) етикета , нека го изменат уставот и нека речат дека Рамковниот договор ќе важи и под(фамозните ) 20 %.
И за крај. Подржувам избори предвремени , но не по рано од втората половина на Октомври, но во меѓувреме да се создадат услови во кои и помалите играчи би истрчале рамноправно со  самонаречената водечка двојка. Тоа е демократија. Кога над тесно партиските интерсеи ќе ги ставите националните. Кој будала бара од извршната власт , да ја замени судската?  Или за него тѕоа и не е роблем. Но , за нас е. И кој би се осудил да гласа за таков будала? Само некој на кого му е важна моменталната ( лажна) благосостојба. КАде отидовме? До каде ли паднавме? Решенија има. Но , дали има добра волја? Дали има критична маса за вистински промени? Тешко. Но, сепак се надевам. Нели, надежта секогаш последна умира.
ПС   Дека се спремаат избори може да се виси и на блогерајов. Кај да е пак ќе се претвори ( како јас што ја нарекувам) ПП платформа.

No comments:

Post a Comment