Sunday, April 27, 2014

ПРЕСПАНСКО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН И КОРИДОРИТЕ 8 И 10

ПРЕСПАНСКО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН И КОРИДОРИТЕ 8 И 10

март 24th, 2011

Два моменти од летото кое помина, а се однесуваат на прошетките низ Македонија ми оставија голем впечаток. Првиот е по многуте пати отидени до аеродромот во Скопје, да пречекувам и испраќам од нашите иселеници, чија бројност патем, за моја голема жал, се зголеми и за сестра ми и зетот, па нердо возејќи по жештините, по патот заприметив доста контрадикторности. Таму некаде до Градско дури да се приклучам на автопатот за накај Скопје, на секои десеттина минути ја ќе поминеше по некое возило ја не. Не го рачунам локалното население кое одеше накај нивите или бегаше за дома по напорната работа. Само што ќе се приклучиш на автопатот сликата е одма поинаква . Колони возила летаат и нагоре и надолу, без разлика дали возите дење или ноќе. Мнозинството од нив се со странски регистарски таблички. Вториот момент е од моите патувања од Битола кон двете најубави езера на Светот: Преспанското и Охридското. И тоа кога на преминот Ѓавато на кој заради свечилиштето стотина метри подолу, сообраќајот се исклучуваче на стариот пат Прилеп- Битола- Ресен, па така возејќи и дел низ живописните предели на националниот парк Пелистер ми се вратија спомени од детството.Некој ќе праша па зошто овој ни го раскажува ова? Сега ќе објаснам. Од првиот впечаток веднаш ќе заприметиме дека речиси целиот транзитен сообраќај низ државата, дали е патнички или е товарен се одвива на потегот Табановце- Гевгелија. Колку од овие патници ќе застанат , ќе преноќеваат и ќе потрошат некое евро можеме да нагаѓаме. Но , факт е дека другата оска на правецот север- југ према Битола ја избегнуваат. Тие луѓе и да имаат слушнато за Трескавец,за Зрзе, за Мариово, за Прилеп , за Битола, за Баба, за Преспа, за Галичица, за Курбиново, за Брајчино, за Голем Град и за други илјадници за, едноставно и лани и годинава ќе продолжат према Гевгелија. А, да не зборувам за инвеститорите. Што ќе одберат? Автопат , меѓународна електрифицирана пруга, аеродром или ништо од тоа. Вториот момент со возењето по стариот пат према Ресен ми даде една идеја. Тој пат може лесно и релативно поефтино да се обнови. Што е заклучокот од сево ова. Преспанско пелагонискиот регион е населен со отприлика петтина од населението на Македонија, можеби и повеќе сосе регионите и градовите кои гравитираат кон него. Едноставно овој регион и овие луѓе не заслужуваат да бидат исфрлени од коридорите север-југ и исток- запад или број 8 и број 10. Затоа барам под итно да се отпочне со изработка на планови и изградба на кракови од коридорите 8 и 10 и тоа од Градско преку Плетвар, Прилеп и Битола до Лерин со автопатско решение за патниот сообраќај и модернизација на пругата за железничкиот сообраќај. Не можам да сфатам како и дваесет години од самостојна Македонија никој не сфати и не разбра дека овој крак е од витален НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС. Дали заборавија кој живее од другата страна на границата. Зарем никој не сфати дека овој крак беше запоставен заради таканаречените добрососетски односи на Југославија( читај Србија) и Грција. Не можам да го разберам овој народ и сите што го водеа до сега. Превид? Не верувам. Сите работат и мислат само за својот џеб. Каков ти таму национален интерес.А, сите други интереси вклучително и економскиот и да ги занемарам. Па, ѓоа ќе ни дадат да правиме и економска зона, крај која врви мртва пруга и нема гас. На овие луѓе во 21 век не им треба Чајникот, туку модерна електрифицирана пруга по која ќе се движат возови со троцифрени брзини и гасовод. И во оваа прилика ќе напоменам дека тука фали и аеродром, а не друго. Толку за до Лерин. Барам уште и крак на коридорот исток- запад кој со автопат преку Битола и Ресен и Преспа ќе излегува на Охрид и Струга се до Ќафасан. Со овој крак гарантирам дека туризмот ќе процвета во овој регион за навек. Од ова можам да напоменам дека стариот пат Прилеп-Ресен како што напоменав погоре може лесно и доста поефтино да се трансформира во еден правец од овој иден автопат, а би останале само делниците преку Плетвар до Прилеп и Ресен-Охрид. Но , нешто ако се сака сигурно се може. Затоа ги повикувам сите локални власти од овие региони и затечените граѓани да застанат зад оваа идеја и да се избориме за нешто што ако нема нам сигурно ќе им ги олесни животите на нашите деца и внуци.

No comments:

Post a Comment