Св. Никола, с.Манастир, Мариово
јуни 19th, 2011
Кога посакувате да видите нешто поинакво , заминете во Мариово, а селото Манастир е посебна приказна. На околу 70 километри од Битола по пат релативно добар за Мариово, има што да видите. А, манастирот Св. Никола е нешто што ќе Ве воодушеви и многу бргу ќе ја почувствувате Божјата сеприсутност. Во разговор со старешината отец Никола многу бргу ќе ја гледате мислата на животот со други очи. Манастирот кој датира од 1095 година е еден од најстарите на овие простори.На враќање секако застанете кај месноста Расимбегов мост крај Црна Река. Сем квалитетот на водата се друго ќе Ве фасцинира