Sunday, April 27, 2014

Исусовото воскресение

Исусовото воскресение

април 4th, 2010

28 * Кога измина Саботата, на осамнување во
првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот.
*Мар.16,1;Лука 24,1;Јован20,1.
2. И ете,  стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него;
3. лицето му беше како молња, а алиштата – бели како снег;
4. а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви.
5. Ангелот се обрна  кон жените и им рече: >> Не бојте се; знам дека го барате Исуса распнатиот;
6. не е овде, воскресна, * како што беше рекол;дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ,
*мат.12,40;16,21;17,23;20,19.
7. па отидете бргу и кажете им на учениците Негови, дека Он восресна од мртвите. И ете, * ќе отиде пред Вас во Галилеја;таму ќе Го видите. Ете ви кажав.<<                         *Мат.26,32.
8. И како излегоа брзо од гробот, тие со страв и голема радост отрчаа да им соопштат на учениците негови.
9. Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус ги пресретна и рече:>>Радувајте се!<< А тие се приближија, ги опфатија нозете Негови и ку се поклонија.
10. Тогаш Исус им кажа: >> Не бојте се; одете и соопштете им на * браќата Мои, да одат во Галилеја, и таму ќе ме видат.<<    *Евр.2,11.
11. Кога одеа тие, ете, некои од стражарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало.
12. и тие , кога се собраа со старешините и направија совет, им дадоа многу пари на војниците,
13. велејќи:>> Кажете, дека учениците Негови дојдоа и Го украдоа, кога ние спеиевме;
14. и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме а вам ништо да не ви се случи.<<
15. А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
16. А единаесет ученици отидоа во Галилеја, во гората , како што им беше заповедал Исус;
17. па , штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се посомневаа.
18. А Исус , кога им се приближи, проговори и рече:>> *Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.
*Мат.11,27;Ефес.1,21.
19.* Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,
*Мар.16,15.
20. и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на Светот. Амин!<<
ОД СВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ ПО МАТЕЈА
Нека Христовото Воскресение ни ги исполни со љубов и радост срцата и душите наши. Мир на сите.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!


  1.   antianti says:
    Христос Воскресе!
    За многу години !
  2.   nadezna says:
    Вистина Воскресе!

No comments:

Post a Comment