Tuesday, April 29, 2014

Секоја птица во своето јато

Секоја птица во своето јато   
Во петокот генерацијата 93/94 при ЕМУЦ Ѓорѓи Наумов од Битола прославуваше 15 години од матурата. И јас сум дел од нив. Прекрасно поминавме, се потстивме на едни многу убави четири години од нашите животи. Ми е многу мило што сме така сите на број, живи и здрави, та си го туркаме животот кој како знае и умее. Сите ми се видоа така убави, да речам и помлади од пред многу  години. Дојдоа и бремени жени, а богами и еден колега со скршена нога. Секоја им чест.Дојдоа и соучениците од Велес, од Прилеп, од Кавадарци... Забавата наликуваше како на некоја свадба, но сакам да кажам дека секоја птица си се чувствува најубаво во своето јато. Ако на некоја свадба едвај чекам да заврши, овде посакував само да трае што подолго. Но секој почеток има и  крај. Така и тоа заврши, па уште некој час во еден ноќен клуб, па со првата дневна светлина  се разделивме и секој по дома. многу ни е мило што сиве овие луѓе беа дел од мојот живот на некој начин, им испраќам искрени поздрави до сите (и на оние кои не дојдоа, без разлика што треба да се преиспитаат себеси и да се запрашаат зошто не доаѓаат, бидејќи ако не им значат нешто тие четири години нешто не е како што треба) , да ми сте живи и здрави и на следното видување, вака масовно (во помали групи си се гледаме ние секојдневно) , та да се потсетиме на старите добри времиња на старите симпатии, на времето кога бевме само деца. Вистина на секоја птица и било најубаво во своето јато. Вчерашниот целодневен мамурлук ите како се исплати.

No comments:

Post a Comment