Sunday, April 27, 2014

ЛУЃЕ МУВИ И ЛУЃЕ ПЧЕЛИ

Луѓе муви и луѓе пчели (повод нападите врз Тивериопол)

мај 8th, 2012

Ај , по подолго време решив да постирам нешто , богами исправоциран од нападите врз ретко конструктивниот блогер Тивериопол. Која е целта и самиот ни знам нити пак можам да сфатам. Ама толкаво плукање врз свештенството не беше било. И ако некој не верува , негово право си е. Православието е слободна волја за оние кои не знаат. Ама дедо Наум можете да го цените како врвенен интелектуалец ако не како свештеник. Набројте ми уште тројца такви во државата ни и се повлекувам.  Овај текст е објавен не така одамна во Дневник. Го објавувам интегрално без измени. Случувањата и  зборовите кои паднаа деновиве околу постот на Тивериопол едноставно заменете си ги со подолу споменатите.
Секојдневно сме сведоци со каква леснотија се напаѓа ткивото на нашата света православна црква, патем не избирајќи средства со кои ќе се извршат нападите, па затоа за почеток решив да прераскажам еден разговор со старецот Пајсиј.
„Оче, честопати велите да размислуваме позитивно. Но, луѓето околу нас не ретко говорат против свештениците. Велат дека земаат многу пари за вршењето на светите тајни, зборуваат дека пушат, седат по кафеани и пијат, и воопшто – дека се неморални. Па тоа и често го крепат со докази за да се оправдаат“.
Старецот рече:
„Искуството ме научило дека постојат две групи луѓе. Трета не постои. Тие, првите, потсетуваат на муви. А главна особина на мувата е да се лепи на нечистотијата. Едноставно, мувата и нечистотијата си се привлекуваат. На пример, во една бавча полна мирисни цветови мувата нема да забележи ниту еден, туку ќе застане онаму каде што има нешто скапано, каде што нешто скапува. И сосема природно и удобно ~ е во смрдеата, а доколку би знаела да зборува и да ви одговори ако ја прашате зошто не застана на розата, таа би ви рекла: „Јас не знам како изгледа розата. Знам само каде има ѓубре, смрдеа, гнилиеж“. Да, рече старецот – навистина има луѓе што потсетуваат на мувите. Со самото неприфаќање и одбивање на доброто мислат негативно и во животот ги гледаат само лошите страни. А оние другите, втората група, се токму тие што потсетуваат на пчелите, а чија главна особина е потрагата по нешто слатко и пријатно на кое би слетале“.
„Kога пчелата би се нашла во соба преполна со ѓубре, а со парченце бонбона во еден агол, таа би ја надлетала сета нечистотија за да слета токму на бонбоната. И кога и од пчелата би побарале да ви каже каде е нечистотијата, таа би ви рекла: „Не знам. Знам само каде може да се најде цвет, слад, мед“. Таа, продолжи старецот – ги препознава само добрите работи во животот и ја претставува втората група луѓе, оние сличните на неа, на пчелите. А кога ќе дојде некој кај мене обвинувајќи некој друг, јас најчесто им го посочувам овој пример. И велам да размисли и да одлучи во која група се става, за полесно да се придружи на својот рој.
И по овој разговор, само сакам да прашам како некои луѓе собираат толкава храброст та удираат по единствениот цврст столб на нашиот идентитет. Kаде ќе го најдеме ние ако не во нашата света православна црква, во светите Kлимент и Наум? Тешко. И не знам што, на крајот на краиштата, бараат неверници да креваат лепче или слични работи? Па ним и да им платите за тие работи, пак ќе си најдат причина и ќе продолжат да плукаат со сите сили. Kаква злоба во коментарите се начитав. Тоа ли е стадото Христово? И, за крај, уште само едно прашање. Од што да живеат свештениците на МПЦ? Од што ли ќе ги прехранат своите семејства? Зарем само нашите деца сакаат компјутери, книги и убава облека? Зарем на луѓе што имаат дома интернет и можат да коментираат рано наутро (немаат потреба да работат, логично) им дошло до 50 денари? Немам повеќе што да кажам, не сакам ни да помислам да се спуштам на тоа ниво. И совет. Доколку сакате бесплатна услуга, одете во некој од манастирите на МПЦ, таму никој нема да ви земе ни денар. А, ако побарате и во кој било друг храм на МПЦ нема да ви направат проблем, верувајте. Само, ве молам, престанете да се однесувате како муви. Ако, не ви смета тоа, ваше право е, само ве молиме задржете си ја нечистотијата за себе. Не валкајте ја и не трујте ја околината околу себе.
П.С. Кога прв пат дојдов на блогерајот вриеше од идеи ,од корисни дискусии, од добра литература. Едноставно не можев да се одвојам од компјутерот. Ми забележуваа и жена ми и ќерка ми. Де нес ретко отворам на блог. И кога да отворам истата слика. Само омраза само погрдни зборови , има само наша вистина . Затоа блогерајот денес има такво влијание какво што има. Или  , речено никакво. Чест на ретките исклучоци кои се покажаа големи интузијасти. Само не знам до кога ќе издржат. Нападите врз Тивериопол ми ги потврдија таа констатација. И бидете сигурни по оној кој плукате сигурно Ве споменува во своите молитви. Секое добро на сите. И наши и Ваши . Христос Воскресе.

No comments:

Post a Comment