Sunday, April 27, 2014

ХОЛОКАУСТОТ И БИТОЛА ДЕНЕС


ХОЛОКАУСТОТ И БИТОЛА ДЕНЕС

март 12th, 2011

Овие дена се навршуваат 68 години од депортацијата на нашите сограѓани во логорите на смртта. Македонија се подготвува достојно да се оддолжи со изградба на Меморијалниот центар на Хоокаустот во Скопје. Но, дали е тоа доволно? Членот 66 од законот за денационализација вели дека предмет на денационализација се и имотите на Евреите, кои присилно ги напуштиле своите домови со депортација во фашистичките логори на смртта, а не го преживеале прогомот и немаат свои наследници. Сите овие имоти, или надоместок за истите согласно законот треба да се префрлат во Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија. Е, сега вакви имоти во Битола имаше многу. За да проверите слободно користете ја литературата од Г. Димовски Цолев Битолските Евреи и само едноставно споредете ги имињата на улиците за време на депортацијата и денешните имиња и побарајте податоци од ЈПССДП па ќе видите и сами. И бидејќи сега гледам дека ЈПССДП сака да ги оттуѓи истите тие имоти, си претпоставувам дека со некаков договор државата има платено некаков надомест за истите, а со кој надомест се изгради меморијалниот центар во Скопје. Е сега ме интересира, дали никој во оваа држава не најде за потреба една од овие куќи или некој имот, а повеќето се во центарот на Битола, да претвори во Спомен куќа или барем спомен соба на повеќе од три илјади наши сограѓани кои повеќе од пет века живееа заедно со нас? Дали знаете дека на почетокот на 20 век според некои податоци најмалку имало околу 6000 Евреи, а според некои други нешто повеќе од 8000, додека во другите градови бројката била далеку помала. Дали знаете дека за Битолските Евреи , за нивните обичаи се предмет на истражување со години наназад и за истите се напишани многу книги, многу научни трудови од автори од целиот Свет? Е сега по сево ова горе наведено сакам некој да ми даде одговор дали во Битола не треба да се изгради достојно обележја на битолските Евреи? А, дали знаете што е и мисијата на да речеме Меморијалниот центар на холокаустот од Вашингтон. Не е само сеќавање на 6000000 жртви, туку и една агресивна кампања преку сите можни средства за спречување на геноцид каде и да е во Светот. А една локална заедница која во едн час изгубила драстична бројка од населението како Битола има право да знае што е геноцид и има право достојно да им се оддолжи на своите сограѓани од кои толку многу доби, а им даде само еден мал споменик пред Здравствениот дом на кој се присетуваат само на почетокот на Март секоја година и мислам дека сето тоа е од куртоазија пред се. А, генерациите кои доаѓаат не ни знаат какво значение има истиот. Не знаат дека сао пред нецели седум децении врз нивни сограѓани беше извршен геноцид. Се надевам дека надлежните заедно со Еврејската заедница на Македонија ќе превземат мерки за надминување на оваа ситуација. Ако не можат да најдат простор радо би им предложил барем три локации во секој момент. Тажната приказна на Моис и на останатите, може да има каков, таков среќен крај. Тие сигурно би сакале, тука во нивниот роден град, да има место кое ќе не потсеќа на нив. Колку да знаеме и да не дозволиме да се повтори. Никогаш повеќе.

No comments:

Post a Comment