Tuesday, April 29, 2014

Николче и Бранче

Николче и Бранче   
  Николче и Бранче
Е денес е голем ден , ден на Светите браќа Кирил и Методиј. И се ќе беше така супер да не се најдеше Бранче да го расипи чувството.Друг ден барем да одбереше за враќање.Ама како и да е. Неговото го видовме одамна . За оние со слаба меморија ќе потсетам на најдобрата според него приватизација со едно стотина илјади отпуштени од работа , на ТАТ со едно стотина милиони марки во неповрат одвеани и со илјадници кои и ден денес се на лексилиум , на невидените реформи, на нафтените ембарга и незнам што уште не. И тамам дојде 1998 и помислив дека бате Бане заминува во историјата, благодарејќи на изјавите од типот :И Бранко така правеше, си се одржа ,па се врати четири години подоцна и потоа по игра на случајот ни стана и претседател. И тамам си реков е после ова нема враќање, на сцената се појави бате Николче кој со секое зборче го прозиваше и на крајот успеа да го воскресне од политички мртвите. Ако на Николче му беше дојдено до вистински демократски процеси едноставно ќе му дозволеше да си ги врви деновите потоа во неговиот нов кабинет кој му следуваше по закон(А и Бранче ако беше претседател на сите граѓани и имаше трошка морал ќе ја одбереше оваа варијанта) или подобра варијанта според мене е да се испратеше како почесен конзул во Чиле и тоа на Велигденските Острови. Се друго останато се ефтини политички игри чија единствена цел е наместо квалитативно е квантитативно владеење со цел да се исполни предвидувањето чинам на Ламбета за стогодишно владеење на ВМРО ДПМНЕ. Ама белким ќе дојде еден ден кога на биполарноста во македонскиот политички кампус ќе и дојде крајот. Не заборавајте што се случи во Турција мислам на парламентарните избори во 2002. Дотогаш владејачката партија на тие избори не го мина прагот за влез во Парламентот. А,ние со Турција сме бајги слични. Кога тогаш може да се случи и кај нас.Со вакви наводни демократи на чело на политичките партии тоа ите како може да се случи.Нека ни е убав денот, нека им се честити имендените на сите кои се викаат Кирил и Методиј.Уживајте и игнорирајте ги партиските конвенции. За да не ви се расипи прекрасниот ден.

мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 62 пати прочитано   #

  • во скопје во цетврток во 22 цасот во зиво светцко цудо на тв крт
    (ivaniscelitel 24 Мај, 2009 - 22:37 | не можеш да оставаш коментари)

  • Сјаши Мурто, да се качи Курто..нека идат двата у три лепе...
    (St Patrik 25 Мај, 2009 - 01:57 | не можеш да оставаш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment