Sunday, April 27, 2014

9 ти Март

9 ти Март

март 9th, 2010

Денес е 9ти Март, ден убав и обичен како и вчерашниот 8 ми Март. Каков што се надевам ќе биде и утрешниот. Но, вчерашниот ден за некои не беше така обичен ден, тоа беше ден на невидени истополни журки, забави со ора и чочеци,  тоа беше денот на жената!? Не можам да разберам што значење  денес има овој ден. Свесен сум дека се уште постои дискриминација и покрај загарантираните права со Уставот и меѓународните конвенции, но со славењето на тој ден според мене само се озаконува или му се дава легитимитет и на таа малку преостаната дискриминација. Борбата за искоренување на дискриминацијата не се води со славење или демонстрирање  еден ден во годината. Тоа треба да биде борба секој ден, секоја минута (нешто налик како што работи владата- малку смеа).  А, ние мора да ги почитуваме , сакаме , осипуваме со внимание, да им подаруваме цвеќе секогаш. Не смееме да заборавиме и да го  злоупотребуваме фактот дека патријархатот (деновиве слушнав и дека тој повторно оживеал, само не знам кога умрел) е само основа на нашите взаемни односи. За крај би им посакал на сите жени во Светот, да имаат убав ден секој ден. Да бидат сакани и да сакаат. Да не се чувствуваат подредено, бидејќи тогаш самите се ставаат во подредена ситуација. Славете го секој миг во животот бидејќи сите без разлика што сме и кои сме го имаме истото право.Различностите се од Бога дадени да не спојуваат, а не да не делат. Нека Ви е среќен 9ти Март. Еве и некој подарок од мене за сите Вас.SDC10621SDC10366SDC10560SDC10563


  1.   alexandro says:
    Одличен пост Васко!
    Си го погодил и насловот – 9 Март, ден за отрезнување за жените!
    Нека им е среќен денешниот ден, не вчерашниот – кич парада!
    Поздрав!
  2.   antigona2000 says:
    Повторно полн погодок! Ми се допаѓа секој збор и се сложувам со твоето мислење.
    Посебно ми се допадна она: „Различностите се од Бога дадени да не спојуваат, а не да не делат“…
    И сликите ти се феноменални и на одлично место!
    Поздрав :-)
  3.   Katika says:
    Малку си ми контрадикторен. Ем ги кудиш што го славеле, ем цвеќиња
    утре дента им даруваш….
    Празников не е за жените да се чувствуваат секој ден убаво. Што па сите луѓе на светот не би се чувствувале секој ден убаво?
    Не заборавајте празников е за политичка и општествена еднаквост, а не за сакање и разубавување…толку!:)

No comments:

Post a Comment