ПРЕСПА
да и го вратиме вистинскиот сјај
Летото е веќе доста време зад нас, а и некако така брзо мина крај мене, можеби поради дождливото време , а најверојатно поради обврските, та му посветив доста малку време. Но, имаше и маку денови кога ја менувавме шемата. Токму еден од тие денови ми остави некои мисли кои морам да ги исфрлам од мене. Си го сакам секое парче земја од Татковината , секое стапнување на некое место макар и по стоти пат е ново откривање ново доживување. Така беше и овој пат. Тргнавме од Битола, по патот крај Баба која се извишуваше со целата своја убавина над нас. Денот прекрасен прекрасен, Сонцето блештеше, па во таа атмосфера не ни забележав кога стигнавме до преминот Ѓавато. И секогаш погледот од тоа место ми ја разигрува душата. Целата Преспанска котлина со езерото распослано како на дланка. Божја убавина,дар од Бога, како сакте. Надолниот дел од преминот брзо го поминавме и веќе бевме во Преспа. Не знам зошто но кога и да дојдам тука, Сонцето некако поинаку свети. Посилно, посјајно. Чувствувам како мир лебди во воздухот. Патот ме носи накај Отешево и преминот преку Галичица, а мене ми навираат спомените кога тука врвев прекрасни денови, преубави викенди и годишни одмори. Во Претор, во Крани, во Сливница, во Долно Дупени , во Стење, во Отешево, на Островот. Не можам да го заборавам и одморот во Коњско таму некаде првите години од осамостојувањето . Никогаш не сум се вратил поодморен од одмор. Никогаш. А, тие години и почна агонијата на Преспа и езерото. Мислевме дека ќе трае кратко, но не излезе баш така. Јас возам полека но погледот ми шара лево десно. Ја чувствувам повторно онаа магија во воздухот која ја прави Сонцето. Но сега по плажите нема речиси никој. На толку дожд годинава не приметувам разлика во нивото од претходните години. Езерото повлечено, плажите обраснати со дрвја и трње, кајчиња и бродчиња насукани и распаднати на суво. Хотели и одморалишта претворени во руини. Но, ништо не може да ја скрие вистинската убавина на Преспа. Тоа го гледам од Галичица преку која ме води патот, инаку еден од најживописните во Европа, со спектакуларни глетки, прогласен и од еден реномиран светски туристички водич за место низ кое мора да се помини, а ваму на никој не му текнало да асфалтира и да обележи некој видиковец, да направи место на кое туристите ќе можат да ја видат и да ја почувствуваат убавината и да посакаат пак да се вратат. И пак . И пак. Денот натаму нема да го опишувам иако беше прекрасен, туку се враќам на Преспа повторно. Што можеме да направиме за ова место кое Аквапура го прогласи, не случајно, чинам за едно од десетте најубави места на планетата Земја. Преспа лежи на надморска височина од околу 850мнм, а таа е отприлика идеална за човековото здравје. Распослана меѓу Баба и Галичица и од другата страна Охридското Езеро , таа е нераскинлив дел од едно невидено природно богатство. А, мноштвото сончеви денови ја прави само уште попривлечна и за мештаните и за туристите. Чистиот воздух пак ја прави воџдушна бања идеална за закрепнување од многу болести.
А, каде лежи проблемот, што ситуацијата е вака ужасна? Ако го занемариме односот на државата кон овој крај(впрочем како и речиси кон сите) од втората светска воја па наваму,та од Рај на Земјата се претвори во крај на иселеништвото ,јас претпоставувам дека намаленото ниво на Езерото е суштинскиот проблем. Доколку тоа се реши, мислам дека другото сао малку труд од сите нас, и мештани и локална самоуправа и држава и сите останати заљубени во тој крај како мене , се ќе си дојди на вистинското место. Но , како? Фантазијата е повачна од знаењето рекол големиот Ајнштајн. Начин ќе се најде ако се сака. Еден од можните начини е решавање на проблемот слично како со Дојранското езеро со вештачки доток на вода, па макар и од многу далеку. Втор начин кој го иимам слушнато од мештаните во Преспа е со брана да се регулира истекот кон Охридското Езрао, но тие би се наоѓале на албанска територија, што малку ја комплицира изводливоста. Можеби некој трет ќе понуди нешто друго поиздржано. Тоа не знам, но знам дека времето немилордно лета пред нашите очи. Овој регион претрпе многу во изминатите сто одини. Од вештачката поделба по балканските војни, па до битката со водостојот овие децении. Дајте да се организираме нешто да смислиме и да направиме. Ова е место со кое треба да се гордееме и ние и генерациите по нас, а ќе се гордеат и уживаат и оние милиони кои ќе дојдат да го посетат. Од нас зависи.
На мојот пријател Александар од Брајчино , alexandro
Текстот е објавен во денешен Дневник
|
No comments:
Post a Comment