Sunday, April 27, 2014

Ватикан го организираше атентатот врз папата Јован Павле Втори

Ватикан го организираше атентатот врз папата Јован Павле Втори

ноември 10th, 2010

Со вакви тврдења излезе Мехмет Али Агџа, човекот кој на 13 Мај 1981 изврши обид за атентат врз папата Јован Павле Втори.
Со сигурниост тврдам дека Ватикан стои зад обидот за убиство на папата. Тоа беше одлучено од кардиналот Агостино Казароли, кој беше вториот човек на Ватикан изјавил Агџа и меѓудругото наведува дека бугарската врска била намерно вметната со цел да се уништи Советскиот Сојуз.
Не знам дали Агџа ја зборува вистината, но знам дека Јован Павле Втори две години потоа го посети во затворот и му прости за стореното, а Агџа многупати има нагласено дека му е духовен брат на Јован Павле Втори.
И за крај една изјава на судијата Импосимато кој го водеше судскиот процес против Агџа во Италија „Се уште има луѓе кои се загрижени за тоа што Агџа би можел да каже (за атентатот)“.
Тешки обвинувања во секој случај.

No comments:

Post a Comment