Идејата за бесплатни учебници ми делуваше прилично интересно , макар што малку е симптоматично да се спроведе во услови на пазарна економија, се додека не се сретнав со конкретен проблем. Имено, учебникот по математика за второ одделение (а сигурно и во другите одделенија) содржи многу работни задачи, ако не и повеќе од половина. И сега бидејќи учебниците треба да се чуваат за наредните генерации и во нив нели не треба да се пишува, децата треба да ги прецртуваат работните задачи во тетратка, па потоа да ги решаваат. Ем се губи на време, ем на квалитет, ем се нарушува замислениот концепт на авторот на учебникот, кој го има осмислено изучувањето на математиката со пишување во учебникот. А, тој учебник го одбира некоја стручна комисија во ресорното министерство преку која се одвива целата акција со бесплатните учебници. Затоа да го повикаме Министерството за Образование да ги прифати овие позитивни критики и сите учебници како овој кои содржат работни задачи во интерес на образовниот процесс да се најде некое соодветно решение , а тоа е или родителите да си ги купат или секоја година да се доделуваат нови. На родителите на цел овој трошок нема да им сметаат плус некои 200 денари сигурно. А, ако остани вака сите ќе трпат . И наставниците и родителите и за жал учениците кај кои негативностите најмногу ќе влијаат. И една да речеме убава акција на крајот ќе се претвори во ветар и магла. Да не бидеме суетни и да ги прифатиме забелешките. Како ли беше она: Заедно можеме повеќе. Или тоа беше нечие друго мото? Така кај нас се си оди. Или наши или ваши. Друго е се помалку важно. Како и овој мал проблем или дефект во системот. Кој како милува.
|
No comments:
Post a Comment