Tuesday, April 29, 2014

Прапочеток

19 Февруари, 2009 - 20:50
Прапочеток   
                     ПРАПОЧЕТОК
          Дамнина...
          Темнина.
          Безпросторна,безвременa.
          Темнина,црна,безживотна.
          Темнина...
           И одеднаш
           Би светлина.
           Сјајна.
           Прекрасна.
           И би надеж
           За нови 
           Со љубов исполнети
           Твои
            Времиња.


МОЈОТ ПРВ ПОСТ НА blog.com.mk .

Љубов поинаква

21 Февруари, 2009 - 23:32
Љубов поинаква   
Чекорам по ова парче земја.
Бос
По камења и трње.
А,Таа ми возвраќа со топлина
на секоја стапка.
Одејќи така змија ме касна.
Од љубов.
А,јас се наведнав
И ги бакнав.
И змијата
И земјата.
мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 72 пати прочитано   #

  • Прекрасен избор на игра на зборови...Ми се допаѓа...позз
    (Капка 22 Февруари, 2009 - 00:48 | не можеш да оставаш коментари)

  • Многу ми значи Вашиот коментар.Многу многу благодарам.Ова ми е почеток,а Вашиот коментар ми е прва критика.Поздрав.
    (Васко Крајчевски 22 Февруари, 2009 - 19:20 | не можеш да оставаш коментари)

  • Ме воодушеви ! ! ! Оваа кратка поезија е сега мојата омилена... Имаш неверојатен талент, само напред...
    (Антигона 5 Март, 2009 - 12:38 | не можеш да оставаш коментари)

  • убава алегорија на безусловната љубов, но и горчината нејзина која се чуствува како благодет.. Уште еднаш во купчето многубројнни повторувања, на ред се испоставува познатата Исусова реченица: "кога некој те удри, сврти му го и другиот образ"
    Позз
    (kralj 5 Март, 2009 - 14:33 | не можеш да оставаш коментари)

  • Бкнежот го претвори отровот во мелем Smiling
    (By Jove 5 Март, 2009 - 14:39 | не можеш да оставаш коментари)
  • И ѓоа времињата се променија

    28 Февруари, 2009 - 22:02
    И ѓоа времињата се променија   
    За четвртиот веќе видовме колку успешно до бранеше својот макеонски идентитет како ,,слободен граѓанин на Хрватска,,.Е оваа реченица минатата недела кога ја прочитав ме иправоцира да напишам неколку реда,но си реков абе секој си има право да си има мислење.Малку боли кога неисправното мислење има контакт со огромна маса но тоа е тоа.Но,кога вчера прочитав како и каде навистина завршил Венко,ќе се поправам Големиот Венко,одма мислата прво ме удри во оваа реченица.Зошто?Затоа што чувствувам дека преовладува мислење дека сите што се надвор се предавници на некој начин,демек само ние тука што сме останале сме достојни да бидеме патриоти. Никој досега или многу малку се запрашале зошто тие луѓе заминале?Еве знаете ли зошто замина Венко?Од одговорот на огромното мнозинство ќе бидете запрепастени.Епа судбината на Венко ја доживеаа илјадници кои беа принудени да мигрираат кој поблиску кој подалеку.И со години потоа ако не и ден денес и таму некаде во нивните нови домови беа пратени од нашите тајни служби.Затоа што наводно биле неподобни за народот.Лага до лага.Инаку како би се владеело.Држи во темница.Без ниеден зрак светлина.дури ни во депоата на морбидни музеи.А за миграциите уште нешто. За тие што не знаат.Бидејќи ништо нити е нити било така розово.Прво ги натераа луѓето од село во град.Демек тука била иднината и тоа од розова порозова,чиниш мед и млеко.И кога дојдоа не мед и млеко нема ни леб.Сега каде ?Назад?Таму имотите со лага им ги ПОКЛОНИЈА на државата.Е сега каде?Надвор некаде било каде.Да се прехрани фамилијата.И така кој на своја рака,кој организирано од страна на државата,ова запомнете го,заминаа стотици илјади луѓе,од кои илјадници врвни патриоти.Никој не замина од бес.Сите ги избрка оваа држава.Од Венко па до тој што е споменат во првата реченица.Од политички до економски емигранти.И ѓоа времињата се сменија.Многумина се решија да се вратат.И знаете како завршија.Ќе споменам два тројца.Прво газдата На Сити Вест Банка кој го банкротираа,бидејќи власта си имаше милениче домашен кадар,врвна патриотка според нив,поради која подоцна илјадници или банкротираа или умреа или и ден денес живеат на седативи.А,овој вистинскиот патриот се врати таму некаде многу далеку и си умре со јад во душата,Бог да го прости,а богами и нас да ни прости за тоа шо му го направивме.Уште еден е мојот комшија Др.Васко М.Најдовски,опдличен лекар и светски признат биоенергетичар,кој дојде тука со надеж дека му се остварува сонот,му исчезнува болката за родната грутка ,отвори ординација и на крајот како и многумина назад.Го избркаа.Си имаа домашен кадар.Реформите не беа за нас.Ние спремаа овие луѓе со децении се однесуваме не неодговорно туку ужасно.Не сакаме да им дадеме право на глас,не сакаме да се вратат назад оти ќе ни ја земат работат,како што нели наводно ни ја зеле Егејците пред многу години.Знаете ли како се чувствува некој кој сака да се врати назад макар и да ја види родната грутка неговата или на неговите предци и оп на граница виза.Демек е странец ,доаѓа од земја со кои имаме визен режим.Што знаеш можеби е некој гемиџија.А тој кутриот мисли дека си иди дома,сака да извади пасош,но тоа може да го стори во најблиското конзуларно претставништво кое е илјадници километри подалеку и да оди им го наплаќале многу повеќе него тука!?.Катастрофа.На нив ни текнува кога треба да пуштат една милијарда да ја покриеме дупката во платниот биланс.Е не одат така тие работи.А,ужасот да биде поголем вакви размислувања има и ден денес и тоа од луѓе кои имаат умствен капацитет.Штета.А,чаре?Можеби има прво прекинете со делбите ,борете се за вистинко демократско општество,а со него ќе дојде и вистински економски раст.Тогаш прво миграциите ќе запрат кон надвор,а потоа со Бога напред можеби многумина и ќе се вратат.А,за координација Министерство за иселеништво може многу да помогне и за враќање и за рехабилитирање на ,,предавниците,,.И да си зацрта за цел:самозатворње за некое време.Време е со вистински очи да погледнеме на работите.Бидејќи секој ден е се подоцна.Времето тече,генерациите се менуваат.Бидејќи ќе дојде ден кога од нашите луѓе ќе имаат корист само туѓи држави.Новите генерации нема да знаат на кого да му пратат некое доларче.Колку ли само ефтино ги продадовме,продаваме и се продаваме.Епа чорба Македонче.А,идентитетот ?Прошетајте наназад низ времето и ќе се уверите дека многи повеќе го бранеле тие надвор отколку тукашните.И Крсте и Димитар и Венко и...
     

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 22 пати прочитано   #
    21 Февруари, 2009 - 23:32

    Мојата земја

    28 Февруари, 2009 - 22:06
    Мојата земја   
      МОЈАТА ЗЕМЈА
    Облаците патуват.
    Лебдам на нив.
    Погледнувам.
    Прекрасни долини,
    Над нив планини
    А среде налегнало село.
    Село на камења.
    Село на духови.
    На мојата земја.
    Земја пелин горчлива,
    Земја мед блажина.
    Земја мачена
    Земја гмечена.
    Земја газена
    Земја поробувана
    Земја со крв натопена
    Земја со коски прекопана
    Земја на јунаци
    Земја на предавници
    Мојата земја.
    На гробови на знаени и незнаени
    Распослана.
    На крв и коски
    На села од камења и духови.
    Земја таткова.
    Земја дедова и прадедова.
    Моја земја.
    Таму оставете ме.
    Таму во мојата земја,
    Каде звуците на кавлот и гајдата
    час ме разнежнуваат,час ме наежуваат,
    каде лете мирисот на липите ме опива,
    а зиме камен ладно небо
    ми ја грее душата.
    Таму каде клечам понизен пред Бога.
    Таму под сливата прастара
    Каде почиваат моите прeдци
    Оставете ме.
    Таму ќе го чекам крајот.
    Почетокот.
    Вечноста.



    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 69 пати прочитано   #

  • Прекрасна песна.Браво (мала забелешка поправи го зборчето 5-ти ред од доле) Eye-wink
    (vujkoto 28 Февруари, 2009 - 22:23 | не можеш да оставаш коментари)

  • Ви благодарм и за коментарот и за грешката.Ја исправив одма.Многу поздрав.
    (Васко Крајчевски 28 Февруари, 2009 - 23:32 | не можеш да оставаш коментари)

  • е, сега е прекрасна...
    (Arschloch2 28 Февруари, 2009 - 23:41 | не можеш да оставаш коментари)

  • мммм немам зборови. Одлично !
    (GoHard NEW 28 Февруари, 2009 - 23:49 | не можеш да оставаш коментари)

  • Напишано со длабоки емоции, претворени во зборови... неверојатно добро!
    (Антигона 5 Март, 2009 - 12:41 | не можеш да оставаш коментари)
  • Центарот на Светот

    2 Март, 2009 - 21:06
    Центарот на Светот   
      ЦЕНТАРОТ НА СВЕТОТ
    Го барав
    Меѓу облакодерите и хотелите
    Меѓу мостовите и паметниците
    Меѓу пирамидите и замоците.
    Го барав по делтите и
    На бреговите
    По островите.
    Го барав насекаде
    И го најдов.
    Под гората Маслинова.

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 37 пати прочитано   #

  • таму, таму, во шумичката, кај изворчето Smiling
    поздрав
    (machka 8 Март, 2009 - 20:48 | не можеш да оставаш коментари)
  • Еднакви можности за сите

    8 Март, 2009 - 00:24
    Еднакви можности за сите   
      ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ
    Есенската прошетка по планината од уживање во прекрасната природа и убавиот ден за кратко се претори во жестока дискусија.Некој од групата почна да раскажува како некој си подалечен роднина(или пријател не сум баш сигурен) инаку дотогаш по професија партиски војник се вработил во Комбинатот(јас така си го викам,инку тоа е најголемиот член на едно АД во државна сопственост,а ова последново како иронично звучи).Епа сега тој за кратко време,како си купил не знам плазма телевизор,па ова ,па она,па како за кратко време ќе си ги обезбедел децата за сите времиња и на крајот воздишка и како тоа не ни се случи нам.Е ми вели мене па ти и по струка си за таму,требаше до сега да си земеш книшка или две(има и такви) па ќе се направеше човек.Јас почнав помалку да чадам ,па почнав да им објаснувам дека таму има толкава превработеност што мене би ме гризела совеста ако се вработам таму,бидејќи или ништо не би работел или би работел со третина капацитет,а би земал солидна плата.А,комбинатот е навистина величенствена градба,која гледајќи ја од планинава на која се рекраиравме прво што ќе забележите е дека страшно загадува.Изграден во еден поинаков систем во него од првиот ден има превработеност.Се запослија илјадници стручни но и илјадници заслужни за делото на партијата.Времето течеше,времињата ѓоа се изменија,а се измени така што сега имаме повеќе партии кои се менуваат на власт и кои нели имаат многу заслужни членови кои лепеле плакати,се возеле по митинзи,набљудувале кој гласа на референдуми или кој се потпишува за неподобните кандидати и сега треба на некој начин нели да им се оддолжат на некој начин за нивната ўўхрабростўўи нивнотоўўхеројствоўў кога овие кутрите се мачеа и рацете им се валкаа од лепилата,а оние останатите(непартиски)само лежеа,некои и по ровови богами денгубеа.И сега логично за толку заслуги(не знам партииве наши како немаат досега и донесено одлуки за доделување ордени за заслуги во партите)следува награда.Повеќе заслужните во Комбинатот,помалку заслужните во некое ЈП,да земаат некоја платичка да ранат фамилија.А,оние што имаат работа, во некој управен,надзорен или не знам уште каков одбор.Да вадат колку за цигарите и кафето.Откога им го кажав и ова на пријателите им реков уште дали знаат што ќе се случи ако ете сите се запослиме таму или што се случува поради толкавата превработеност.Можеби сите ќе имаме плазма телевизори,компјутери...ама тие ќе бидат глуви,навечер порано ќе легнуваме бидејќи ќе ни се смачи животот на свеќи ,затоа што комбинатот ќе згасни и нема да дава повеќе енергија,бидејќи наместо развој,парите одат за социјални работи.И со толкава е превработеност,досега парите наместо во нови капацитети одеа за потребите на партиските војници.Наместо да молевме сега на тендери за изградба на нови капацитети денес ќе ги имавме.Ќе имавме зелен појас околу Комбинатот и околу сите како нему слични.И ќе имавме многу повеќе инвеститори,бидејќи тие знаат дека утре можеби ќе зависат од енергија од увоз која се помалку ја има.Некој од групата ме разбра,некој не.Јас барем е потрудив да им објаснам .Без разлика на се прошеткат продолжи се додека во далечината повторно не го видов комбинатот.За мене загадувач,за некој извор на чесна заработка,за некој ем одмор ем пари.Секој со среќата.
      Но зошто е оваа приказна кажана?Бидејќи некој едноставно треба да пресечи.Очигледно е дека овие работи не можеме да ги ставиме под контрола,а овие ЈП и таканаречените АД во државна сопственост се извор на законска корупција(јас така го дефинирам).Затоа предлагам да се донеси акционен план со кој во најкраток временски период(месеци,не децении) повеќе нема да има претпријатија или јавни претпријатија во државна или општинска сопственост.Едноставно мора да се приватизира барем некој минимален дел да речеме четврттина.Но повеќе нема да имаме 100% државно или општинско владение на некој правен субјект.Предлагам да се донесат и измени во Законот за државни службеници со кој во секој оглас,членството во политичка партија ќе се смета за минус,т.е. при исти кфалификации прво отпаѓаат оние со партиски книшки.Ем ќе го спречиме масовното членување во политичкитее партии(кое во 99 случаи од 100 е само од интерес) ем КОНЕЧНО ќе докажеме дека Македонија е земја која нуди еднакви можности за секој нејзин граѓанин.Ќе ја спречиме миграцијата,која во најголем дел е поради нееднаквите можности.Така можеби и брачедами, која едно време кубуреше по некои егзотични земји на Африка,денес со илјадници други леб печали на среде пустина во Ирак и се шета со нејзините колеги од база до база со панцир и шлем,нема да има потреба од шетање по кризните жаришта на Светот.Ќе вади леб и на среде оаза каква што е Македонија.
     



    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 36 пати прочитано   #

  • ... Васко ... која е поентата ... сакаш да ги подучиш дека само со работа се постигнува ефект ...
    ... еве еден интересен аспект ... :
    во џерманија Eye-wink имаат развиена компјутеризирана технологија со која се заменува човечката сила со вештачка , но за разлика од Маркс ( не го земам слобно ѕидарскиот аспект на неговото сознание ) тие сретствата од добивката не ги канализираат во СЕКОЈ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ туку во ЛИЧНА КОРИСТ ...
    ... ах , свесноста била во прашање Smiling ...
    ... е сега кога сме кај свесноста во МАКЕДОНИЈА журналистите си имаат две сметки ... една официјална и една илегална која ја подржува СИВАТА ЕКОНОМИЈА ... е зошто ли е тоа така Cool ...
    (gocajaska 21 Ноември, 2009 - 20:37 | не можеш да оставаш коментари)

  • Поздрав до тебе. Сега вака, овој текст е посветен на РЕК Битола како претпријатие во државна сопственост и е најдобар показател на негативните текови кај нас. Тоа е спој од рудник и термоелектрична централа кај кои отприлика е потребно се на се најмногу по 2 работници на инсталиран мегават моќност. И по таа логика таму треба да има некаде 1500 вработени, ај уште 500 онака, па нека бидат 2000, ама дупло и згора? Примерот со Германија е вистинит, ама ако на вештачката сила и требаат три вработени во 24 часа, сигурно нема да бидат 6, а кај нас на место на кое е предвидено 4 вработени денес има 16. И тоа до денес не е активирано бидејќи е резерва за во не дај Боже. А, администрацијата е посебна приказна. Револтот на Надежна е апсолутно оправдан. Поздрав.
    (Васко Крајчевски 21 Ноември, 2009 - 22:21 | не можеш да оставаш коментари)
  • Паралелни светови

    Паралелни светови   
      ПАРАЛЕЛНИ СВЕТОВИ
    Благосостојбата на умот и
    Благосостојбата на стомакот
    Шетајќи се судрија.
    Се обѕрнаа наоколу
    И ништо и никого не видоа.
    Секој си продолжи
    По својот пат.

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 18 пати прочитано   #

    ЗЛАТЕН КАФЕЗ

      ЗЛАТЕН КАФЕЗ
    Избегав.
    Бидејќи никој не ме спречуваше.
    Се вратив
    Бидејќи бев осамен.
    И пак бегам.
    Бидејќи слободата на избор
    Е загарантирана со закон.
    Нели?
    И пак се враќам.
    Бидејќи немам храброст.
    И избор немам.
    Сакјќи или не
    Јас сум дел од неговото создавање.
    Простете ми.

    Зошто Брат Љубе?

    Зошто Брат Љубе?   


     Мина долго време.Но,дочекавме.Се врати нашиот Брат Љубе.Дома.Во неговата љубов најголема.Во Македонија.Го обвинуваа за се и сешто.Го прогласија за општа опасност демек цунами кое руши пред себе.Но,дури сега и на најголемите скептици ке им стане јасно дека тоа беше хајка во која некој заради свои болни политички амбиции се дрзна да уништи нечиии недолжни животи.Не сум сигурен(иако претпоставувам) само по чие сценарио му го изрежираа овој хорор на Љубета.Но,на едно заборавија.На Бога.Заборавија дека човек толку во Бога возљубен не може да биде ѕвер.Не може да биде ни исламофоб,ни албанофоб како што се обидуваа да му накалемат.Таков човек многу подобро ги разбира и религиозните и културолошките и националните разлики од Вас господа подметнувачи.Заборавивте дека на Бога му се најмили правдата и вистината.И излегоа на виделина.Љубе е тука пак помеѓу нас.Со име исчистено од сите гнасотии кои му ги истуривте од најниски побуди кои може човек да ги има воопшто.Да ја доврши приказната од која Вие така страшно се исплашивте.Тој беше физички отсутен од ова парче земја по ваша вина,но со неговото срце и душа е тука секогаш дури и кога нож во грб му качевме.Тој е пример како треба да се сака Земјата прадедова.Од неговата слобода нема да бидете незадоволни само Вие.Ќе бидат и други.Но треба да сфатат дека само дека злото носи само зло,куршумот носи кушрум,војната носи само губитници.Љубе е еден од нив.За тој човек годините поминати без семејството и родната грутка и тоа без никаква вина биле претешко бреме.Мислам дека тој е алката која фалеше да се сплотат граѓаните на оваа наша Татковина.Достојно го пречекавме,но треба достојно и да му се одложиме.Бидејќи сите ние на некој начин имаме удел во неговата судбина.Достоја почит која овој човек ја заслужува би била при неговото идно враќање во Македонија да го пречекаме со зборовите:Добре дојдовте дома г-не претседателе.Заслужува шанса.По се што се случува овие дена веќе сега ми е јасно дека нема да ја прокоцка.Приказната не е завршена.
     
     

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 182 пати прочитано   #

  • Брат Љубе си е како што треба.Но има еден услова за таа функција,а тој не го исполнува. Не го бива.Неговите страдања и човекољубивост не се доволни.
    ( 15 Март, 2009 - 21:37 | не можеш да оставаш коментари)

  • 15-ка не да го погоди местото право измеѓу очи.Жално ама вистинито едноставно го нема тоа што треба да го има.
    (Stefus-Refus 15 Март, 2009 - 21:43 | не можеш да оставаш коментари)

  • Stefus-Refus
    Да не случајно оној кој се извинува после дадени изјави го има тоа што треба да го има?
    Единствениот од сите кандидати кој докажал како се сака родната грутка е брат Љубе.
    (orkaoki 15 Март, 2009 - 21:53 | не можеш да оставаш коментари)

  • и исто така на сите им е јасно дека албанците нема да гласаат за него,зато Вмро го жртвуваа Sad
    (pagania 15 Март, 2009 - 21:56 | не можеш да оставаш коментари)

  • orkaoki...зошто не сака да сведочи во корист на Брат Јохан ?
    ( 15 Март, 2009 - 21:56 | не можеш да оставаш коментари)

  • pagania
    Да не треба да се коленичи за терористички гласови?Не благодарам за таква Пирова победа,која веројатно ќе има и голема фактура!!!!!!!!!!!!!!!!
    15 Март
    Не е добро да му се импутира на некого нешто,кога сеуште самиот не се изјаснил.
    ЉУБЕ,ЈОХАН и БРАНИТЕЛИТЕ ќе останат хероите на поновата МАКЕДОНСКА истрија.
    (orkaoki 15 Март, 2009 - 22:39 | не можеш да оставаш коментари)

  • Шансите за избор на Братот за председатле ми беа речиси еднакви на нула и пред да се кандидира. Така да јас никогаш и не сум размислувал на него како за сериорен можност за гласање.Политичката конфигурација на Македонскта политичка сцена е таква што не им дава шанса на луѓе како Љубе да бидат председатели.
    (Stefus-Refus 15 Март, 2009 - 22:48 | не можеш да оставаш коментари)

  • Stefus-Refus
    Зарем не патиме поради тоа?
    Од глава не ми излегуваат две песни деновиве:
    Од каде дојдовте и Послушајте патриоти
    Некако како створени ми се за нашата кратка меморија.
    (orkaoki 15 Март, 2009 - 23:03 | не можеш да оставаш коментари)

  • Брат Љубе-pozdrav ot Bugaria
    http://www.dailymotion.com/video/x3fbml_galinza-tebe-bratko_music
    (blade2 16 Март, 2009 - 00:01 | не можеш да оставаш коментари)

  • Се наполни ДПМНЕ со десиденти од СДСМ, а тоа, очебијно е, го боли брат Љубе... Уште повеќе дека многумина од нив Груевски ги постави на високи партиски и државни функции... Сила е братот, типував веќе на него... Ако влезе во вториот круг, тој е идниот претседател на Македонија... Smiling
    (literanova5 16 Март, 2009 - 00:20 | не можеш да оставаш коментари)

  • literanova5 ..а да си гледаш тоа поезијата
    ( 16 Март, 2009 - 00:23 | не можеш да оставаш коментари)

  • Stefus-Refus, политичката конфигурација на Македонскaта политичка сцена во најголема мера треба да ја креира НАРОДОТ, колку и да сакаат однадвор, тоа да го прават. „Креаторите“ на нашата заедничка судбина наречена Македонија, одамна го работат тоа. 19г. оваа земја и овој народ не можат да го препознаат својот вистински Лидер, токму заради тие влијанија и одвнатре и однадвор. Според моменталната пол. конфигурација Иванов би требало да ги има шансите???? ... Сите оние што вака размислуваат се лажат. Ништо не може да се предвиди со сигурност. Други ни ја креираат иднината и судбината на сите. Не може да биде поинаку, се додека во Македонија само 15 до 20% се со високо обр., се додека има огромен процент на неписмени, необразовани, и социјалци. А се дури е така ке се повикуваме на политички конфигурации. Само осознаениот, едуцираниот, силниот, самоуверениот и сигурниот, НИКОЈ не може да го „вози“ низ животот. Најмалку кога се работи за нашиот опстанок. Е па размислете КОј од овие тројца верно ке работи на опстанокот на Македонија: Иванов, Фрчковски или Бошковски. А за да заклучите - направете разлика! Поздрав!
    ( 16 Март, 2009 - 00:43 | не можеш да оставаш коментари)

  • Да, бе, поезија... каква поезија бре, кај ти виде врска помеѓу мене и поезија... Вистинска поезија е да умееш да смениш неколку партии и се на власт да бидеш... јас на власта од мирисот и бегам, што значи дека немам никаква врска со постмодернистичката поезија... Smiling Да, тоа е вистинска поезија, кога пред толпа од неколку илјади народ ќе декламираш поезија што секој сака да ја слушне...
    Литеранова5
    ( 16 Март, 2009 - 00:58 | не можеш да оставаш коментари)

  • Литеранова5 вистинска "поезија" е тебе да ти дадат леб па да плукаш по нив ..фујј
    ( 16 Март, 2009 - 01:02 | не можеш да оставаш коментари)

  • Заклучивме.
    Глас за тој кој не жалел ништо кога е во прашање Македонија.
    Кој ли е тој од Седморицата млади?
    (orkaoki 16 Март, 2009 - 01:06 | не можеш да оставаш коментари)

  • Ете, гледаш дека јас немам врска со “вистинска“ поезија... Лебот сам си го купувам... :) Очигледно е дека ти имаш... Литеранова5
    ( 16 Март, 2009 - 01:12 | не можеш да оставаш коментари)

  • Лебот е Македонски,а Љубе се бореше за Македонија...а другиот што правеше///проверете во 2оо1 година...лично лидерот...е краткопаметење....Све што кратко памети,ретардирано е....за такви нема место во Македонија...за вас само Спартанците.....Љубе Претседател...ВМРО ке го избере...
    (спарта 16 Март, 2009 - 01:39 | не можеш да оставаш коментари)

  • Љубе има големо минато и е одличен човек но Нема место за него во Македонската иднина и водство на државата барем сега. Љубе е со големо минато ама треба и да остане во него сега за сега.
    После поразот кој е очекувам на овие избори има доста други опции за него. Но председателската нема шански ја добие па што и да е. 100 % сум убеден во тоа не дека несакам туку дека неможе.
    (Stefus-Refus 16 Март, 2009 - 01:53 | не можеш да оставаш коментари)

  • Ако еднаш почнеме да ги наградуваме нашите херои можеби и ќе тргнеме нанапред.Народ кој не ги слави своите херои е осуден на потсмев од другите и самоуништување!
    (orkaoki 16 Март, 2009 - 02:09 | не можеш да оставаш коментари)

  • ЕСЕН

    есен  
      ЕСЕН
    Ги фрлив скапоценостите
    И се накитив
    Со лисја безбројни,
    Златобојни,
    Брезови и
    Дабови.
    О,Боже
    Сполајти за богатствово
    Мое.

    за анкетите демек ненаместени

    за анкетите демек ненаместени  
      Феноменот на местење анкети не е од вчера.Неколку реда кои подолу ќе ги прочитате сум ги запишал на 15.12. минатата година.Тогаш кандидатот од мнозинството билборди се уште не беше ни во игра.Еве прочитајте и потоа пак верувајте им на анкетиве.Што велеше Цацко Уште ве лажат комунистите.Сега само имаат нова боја.Читајте
      Неделава чудно почна.Центарот за истражување и креирање политики(како ли си го погодиле името,за креирањеполитики,покумунистички здравје) објави резултати од анкета со рејтингот на политичките партии и потенцијалните претседателски кандидати.И речиси се се поклопува горе долу со оние од минатонеделните,само рејтингот на господинот Љубе Бошковски, кој во сите минати анкети од кои последната на Форум објавена во петокот има речиси идентичен рејтинг со господинот Срѓан Керим,одненадеш има рејтинг пет пати помал(за пет дена).Знам дека испитувањето на јавното мислење може да згреши бидејќи теоретски случајниот избор може да покаже нешто како на оваа анкета.Но,споредувајќи ги останатите резултати и согледувајќи се наназад во оваа неформална кампања ,се сомневам дека случајниот избор е случаен.Ако сомневањата се точни ,треба да ги прашаме малкуте преживеани од Голи Оток за да ни го раскажат нивното искуство на живеење во наводници демократски систем.И да се подзамислиме.
     

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 29 пати прочитано   #
    16 Март, 2009 - 23:31

    Аџилак

    Аџилак   
      АЏИЛАК
    Ден прв.
    Дојдов на местото на кое го почувствував
    Храмот твој,
    А него го немаше.
    И ја слушнав тишината па
    Ја почувствував силата Твоја.

    Ден втор.
    Стигнав во храмот под карпата
    И ги видов
    Пречесниот и преобратениот
    Во хармонија.
    Ја почувствував љубовта Твоја.

    Ден трет.
    Се искачив до храмот над карпата
    И оттаде камената ограда
    Го видов езерото кое веќе
    Многу одамна го нема.
    Ја почувствував големината твоја.

    Ден четврти
    Во храмот покрај
    Езерото најубаво дојдов.
    Те почувствував Тебе.
    Дојде тука до нас.
    Во нас.
    Во мене.

    Нека биде фер

    Нека биде фер  
    Утре е ден како и сите други.Така и треба да го сфатиме.Така е тоа во демократските земји,каква што сакаме да биде и оваа нашата.Мислам,оние што навистина сакаат.А,за да биде фер и демократски навистина,запомннете,прво заборавете на се што слушавте овие недели,да неречам месеци,заборавете на сите притисоци,ако ги имало и незаборавајте дека зад пултот на гласачкото место никој не Ве гледа.Никој нема да знае кој реден број сте го заокружиле.Нека Ве води срцето и разумот при одлучувањето.Не чувствувајте се должник кон никого.Затоа Ви посакувам добар сон и утре со чисто срце со бистар ум,без никаков страв излезете и достоинствено остварете го вашето гласачко право.Не заборавајте,ако некој Ве уценувал или Ве заплашувал,утре е денот кога можете да го казните.Соодветно.Таквите политичари треба да ги испратиме на буништето на историјата.Нека биде фер.Македонија го заслужува тоа.
    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 50 пати прочитано   #

  • Нека биде фер!
    Нека победи тој што народот сака да ни е претседател.
    (orkaoki 22 Март, 2009 - 00:09 | не можеш да оставаш коментари)

  • Така е Брате,нека победи човек од народот и за народот.Само,нека биде фер.
    (Васко Крајчевски 22 Март, 2009 - 00:13 | не можеш да оставаш коментари)

  • Слаба подршка,изгледа не на сите им е до фер избори?!
    (orkaoki 22 Март, 2009 - 00:49 | не можеш да оставаш коментари)

  • Стравот е посилен од се.Така ми личи.
    (Васко Крајчевски 22 Март, 2009 - 00:55 | не можеш да оставаш коментари)

  • Анкетари

    Анкетари   
    Навистина ли се прават вакви грешки или сево ова има некоја друга конотација пресудете сами.Ќе ги видиме фактите.Е времето нечинело,де Албанците потфрлиле со излезноста.Ама до снегот е,навистина.Падна,та ги покри гнасотиите.Се почна троа поодамна,ланската година првата половина од последниот месец.Тогаш немаше јасно издефинирани кандидатури,па така сега водечкиот (за претседателските избори зборувам) воопшто не го ни есапеа по анкетите.за него потписи собираа независните академици малку покасно.Е тогаш по сите релевантни испитувања главни кандидати беа господата Срѓан Керим, и Љубе Бошкоски.Но тогаш на сцената стапува еден институт (самонаречен) со име кое кажува се Центар за истражување и креирање политики или во превод истражувај си како сакаш па со истражувањето креирај си политика каква сакаш.Е па по сите овие релевантни испитувања овие горенаведените ја објавија својата прва анкета во која рејтингот на г-нот Керим е речиси ист,а оној на Љубета од 30% (плус минус 3%)одеднаш слета на едноцифрена(мислам дека на 4.4%).Е оваа вест додуша ја објави само една национална телевзија,но приказната започна.А,целта беше Љубе(оти слаткар изгледа).А,слаткарот(мене тоа многу гордо ми звучи) изгледа беше единствената закана,па во сите наредни анкети рејтингот не му се крена повеќе од некој 8%.На пример од овој центаров со името кое кажува се анкетата направена на 14-15.02 Љубе пак има 4.4%?!А,дека нешто не е во ред мене ми кажува и фактот дека не видов ни едно испитување на јавното мислење на пример за градоначалник на Скопје.А,при нормални услови локалните требаа да имаат неколкупати поголема тежина од претседателските избори.И дојдоа изборите се објавија резултатите.Е сега речиси кај сите има отстапување,кај некои е во рамките н оние плус минус три проценти,но кај Њубе отстапувањето е двоцифрено. Ова ми дава доволен повод да се сомневам дека испитувањата можеби се точни но се вршени на неслучаен избор на испитувани граѓани.Е,сега колку овие ситни финти ала Северна Кореја му наштетија на слаткарот можеме само да си погодуваме.Едно знам дека овојпат некој успеа изборите да се сведат само на изборниот ден.Но,следните избори ваквите ситни,но многу подмолни работи нема да врват ни кај меѓународната заедница,ни кај народот.А,ова е доволен мотив оние што им дале лиценца за работа на некои агенции за испитување на јавното мислење под итно да им ја одземат.
      

    ПОДАРЕНИТЕ ИМОТИ

    ПОДАРЕНИТЕ ИМОТИ   
      Подарените имоти или национализација на софистициран начин
      Мило ми е што во последно време се отвора јавна дебата за некои работи од нашето не така далечно минато.Еден од нив е и така наречените подарени имоти.Тоа се имоти на луѓе кои во текот на педесетите и шеесетите години од минатиот век навидум доброволно се откажале од нив во корист на државата.Повеќето се во руралните средини и денес на нив можете само од по некоја рушевина да видите дека таму некогаш живееле луѓе.Ќе почнам од ,,доброволноста,,.Прво да речам со мојот личен пример.Кога мојот прадедо решил да го напушти селото во кое моите претци живееле со векови наназад,бидејќи виделе дека работите се движат кон пропаст,купле куќа во градот и решиле целиот имот кој во меѓувреме не бил национализиран да не го оутѓуваат бидејќи неговиот татко се уште бил жив а и него многу тешко му паѓал животот во градот.И би така.По две години починал неговиот татко и судот по службена должност го проценил преостанатиот имот и му го доделил на прадедоми.Наредната година му доаѓа решение за данок на имот во вредност од 70% од вредноста на кој е проценет имотот од страна на судот во претходната година.И тоа се претежно пасишта од 5,6 и 7 категорија!Во паниката која ја зафатило мојата фамилија дел се продадени пошто зошо на луѓе кои не се иселиле( тие не подлежеле на данок) и дел се подарени на државата само да се избегн огромната сума на пари.И на крајот последниот документ во кој се вели горенаведениот не поедува веќе никаков имот и се ослободува од данок.бла бла бла.И сето тоа во име на народот!?Ќе наведам уште еден ,,херојски,, облик на доброволност.Во истите години како и првиот пример во едно пелагониско село се јавило отпор против давањето на имотите во колективните државни стопанства.На Бадник дошле од УДБА и ги собрале ,,изродите,, и ги однеле до Пелагониското блато.Некои дури и си ги наводениле долгите кожни мантили кршејќиго мразот.Кога виделле дека нема доброволци за отстапување на имотите,ги принудиле да попливаат во издупчениот мраз.По 15 минути еден по еден сите го ставиле својот потпис.Смрт на фашизмот слобода на народот.Е со оваа парола по 15 години откако Светот го победи најголемото зло во историјата и го остави зад себе гледајши во иднината завршуваат овие документи на еден експеримент кој зад себе остави само пустош по некогаш живите и среќни македонски села.И се благодарение на кодошите и оние во кожните мантили до глуждови кои немале никогаш ништо и лечејќи ги своите комплекси ги окфалификуваа моите предци и илјадници други како капиталисти(кулаци што би рекол дедо ми) доведувајќи ги во ситуација да останат без земјата која ја печалеле со векови,а тие за наводните заслуги за народот и татковината беа наградувани кој со плацови,кој со станови,кој на неколку платни списоци...Е нашата држава едвај донесе закон за лустрација и овие горенаведените само гледаат како да се оддолжи неговата примена,а по можност никогаш да не се ни спроведи.И што имаме денес ние од цел овој цирцус:Се уште имаме незавршена денационализација,затоа што некој мисли дека е исправно да градиш среќа на туѓа несреќа.Имаме пусти села пусти предели така што можеш да поминеш и стотина километри и да не сретнеш човек сем,по некој старец кој ги брои последните денови од животот.Имаме збунети инвеститори кои се повлекуваат пред нерешените имотно правни односи.А за ,,подарените,, имоти нема ни трага ни мисла за некакво законско решение.А,некој спомена и за некаков детски додаток.Во годината која ја раскажував приказната прадедо ми имаше едно дете и тоа на 33 годинки.
     Мораме да расчистиме со сеништата од минатото за да можеме мирно да живееме денес и да се надеваме на подобро утре.Примери дека е тоа така има многу.Можеби касниме 15 години но никогаш не е касно.да расчистиме со сенките од дамнина.,,Подарените имоти,, се едно од нив.Да го решиме.Ако сакаме некогашда чуеме детски плач каде што денес и времето застанало.

    Вера и наука

    Вера и наука   
      ВЕРА И НАУКА
    Овој текст е објавен во Време на 27.10.2007,а заради новонастанатата ситуација го реобјавувам на мојот блог во изворна форма.
    Имаше многу и за и против веронауката во последно време ,но мене лично многу ме исправоцира последниот осврт против текстот на Ненад Новковски.Прво ќе кажам дека јас ја сакам ,можам дури да речам дека и премногу ја сакам,науката.Редовно ги следам најновите случувања (по весници списаснија,интернет,спесијализираните ТВ програми итн.)од областа на науката.Но,јас исто така ја обожавам и Библијата.Ја читам, ја проучувам и досега во мојот ум не се појавиле никакви пречки.Не би знаел и зошто би се појавиле.Дури и една моја драга професорка по македонски јазик,инаку комунист по убедување,секогаш велеше:Библијата е извор на сите мудрости на Светот.Но да не должам туку ќе прераскажам една анегдота:
     Еден универзитетски профессор ги предизвикал своите студенти со следново прашање:Дали Бог создал се што постои?,,ДА,, извикале студентите во еден глас.,,Бог создал се?,, повторно прашал професорот.,,ДА, професоре,,одговориле студентите.Професорот продолжил,,Ако Бог создал се,тогаШ Бог го создал и злото,ако тоа постои.И според принципот дека нашите дела зборуваат за нас,следи дека Бог е зло!,,Студентите занемеле пред таквиот одговор.Професорот бил мошне задоволен од себеси затоа што уште еднаШ им докажал на студентите дека верата во Бога е само мит.Еден студент кренал рака и го прашал професорот:Професоре,може ли да ВИ поставам едно прашање?,,Секако,, одговорил професорот.,,Професоре ,постои ли студ?
     Какво е тоа праШање? Па секако дека постои.Студентите се изнасмеале на чудното праШање на својот колега.Студентот продолжил:,,Всушност,господине,студот не постои.Според законите на физиката,она што ние го сметаме за студ всушност е отсуство на топлина.Секое тело или предмет е подложно на изучување кога поседува или зрачи топлина.Апсолутна нула(-273 С) е тотално отсуство на топлина.Секојаљ материја станува инертна и неспособна на реакција на таа температура.Студот не постои.Ние го имаме создадено тој поим за да опишеме како се чувствуваме на помала топлина.Студентот продолжил понатаму:,,Професоре, дали постои темнина?Професорот одговорил:,,Секако дека постои.,,,,Уште еднаш не сте во право професоре.Ни темнината не постои.Темнината ,всушност, е отсуство на светлина..Можеме да ја изучуваме светлината,но не и темнината.Всушност,можеме да ја користиме Wутновата призма за да ја раздвоиме светлината на повеќе бои и да ги изучуваме различните должини на секоја боја пооделно.Не можете да ја мерите темнината?Можете да ја мерите само количината на присутна свеѕлина,нели?Темнината е поим што ние го користиме за да опишеме што се случува кога нема светлина.,,
     Конечно, студентот го прашал професорот:,,Господине,постои ли зло?Сега несигурен,професорот одговорил:,,Секако,како што веќе и кажав.Тоа можеме да го видиме секој ден.Секојдневно можете да ја видите човечката нечовечност и насилство насекаде низ Светот.Овие манифестации не се ништо друго туку зло.,,НА ова студентот одговорил:Злото не постои,господине професоре,или барем не постои само по себе.Злото едноставно е отсуство на Бог.Тоа е исто како темнината и студот-збор штого измислил човекот да го опиШе отсуството на Бог.Бог не го создал злото.Злото не е како верата и љубовта,коишто постојат како светлината и топлината.Злото е резултат на она Што се случува кога човек не поседува Божја љубов во себе.Тоа е исто како што студот доаѓа кога нема топлина,или темнина што доаЃа кога нема светлина.Професорот седнал на своето место и не рекол ништо.
      Името на младиот студент било Алберт Ајнштајн.Да,господине оној што ни овозможи да ги истражуваме времето и просторот од Биг Бенг па до ден денешен.Да ги истражуваме Вселената до најодалечените точки,ни даде надеж дека еден ден можеме да патуваме низ времето или од едниот до другиот крај на Вселената.Тоа е тој Алберт Ајнштајн,најголем меѓу најголемите умови во историјата на човештвото.И верувал во БОГ.И немал пречки во умот и разумот.А,мојот ум сигурно не е поголем од неговиот.А,не сум многу сигурен и дека воопшто ќе се роди таков некогаш.Затоа јас немам проблем со мојата верба во Бог.Всушност,немам ни друга опција.
     Воведете Веронаука,меѓу верата и науката нема непремостливи разлики.Ајнштајн е доказот.верувам дека со веронауката како дел од образовниот сѕстем ќе имаме генерации кои само ќе придонесат да живееме во едно многу подобро опшество.
     

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 71 пати прочитано   #

  • Феноменално! Браво Вас, цар си!!!!!
    (Антигона 25 Април, 2009 - 21:39 | не можеш да оставаш коментари)

  • Ова го имаше на еден пропаганден спот на Владата кој се вртеше на ТВ пред неколку месеци.
    (Stefus-Refus 25 Април, 2009 - 21:47 | не можеш да оставаш коментари)

  • It was, of course, a lie what you read about my religious convictions, a lie which is being systematically repeated. I do not believe in a personal God and I have never denied this but have expressed it clearly. If something is in me which can be called religious then it is the unbounded admiration for the structure of the world so far as our science can reveal it.
    (Albert Einstein, 1954) From Albert Einstein: The Human Side, edited by Helen Dukas and Banesh Hoffman, Princeton University Press
    А man's ethical behaviour should be based effectually on sympathy, education, and social ties and needs; no religious basis is necessary. Man would indeed be in a poor way if he had to be restrained by fear of punishment and hope of reward after death.
    (Albert Einstein, Religion and Science, New York Times Magazine, 9 November 1930)
    (Ајнштајн 5 Мај, 2009 - 04:04 | не можеш да оставаш коментари)

  • Вербата во Бога ќе си го најде патот до душите на децата,и без веронаука во училиштата.
    Ова што се прави со укинувањето,по кој пат,втор или трет, е само лечење на комплекси на одредена политичка структура во државава,болен хир и ништо друго.
    Поздрав.
    (Effo 5 Мај, 2009 - 06:00 | не можеш да оставаш коментари)
  • Аладин и волкот

    Аладин и волкот   

    Пронајдов болшебна ламба.
    Излезе духот
    И ми вети желби две.
    Првата сега,
    За втората рано е
    Ми рече.
    Посакав да бидам волк
    Самотник.
    И одеднаш бев.
    шетав.
    Патував
    И се восхитував на Месечината
    Обесена над небројните дрвја.
    Лутав.
    И уживав во самотијата.
    Врвеа деновите,неделите,
    Врвеа месеците.
    Никого не среќавав.
    А, веќе посакав да ги споделам со некого
    Тие прекрасни слики
    Тие мисли чудни кои ми навираа од никаде.
     А, никој немаше,
    А време многу мина.
    И еднаш ветрецот некој мирис ми донесе.
    Познат чинам.
    Тргнав по трагот негов.
    И конечно глутница
    Во далечината здогледав.
    Некои завиваат,некои трчаат,
    Некои изведуваат
    Ритуални љубовни игри.
    Се приближив,
    А никој не ме приметува.
    Каде сум јас?
    Кој сум јас?
    Избеган од реалноста.
    Изгубен.
    Во круг се вртам.
    Нешто барам.
    А,не ми текнува што.
     Каде е?
    Каде ли ја оставив?
    Проклетата ламба.

    Љубов

    Љубов   
     
    Потекоа туѓи мисли
    Од твојата уста
    И ме потопија.
    Испливав
    Во име на љубовта.

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 47 пати прочитано   #

  • O o o o oдлично!
    (Oldy. 21 Април, 2009 - 20:46 | не можеш да оставаш коментари)
  • Економска или духовна криза

    Економска или духовна криза   
      Економска или духовна криза
    До не така одамна верував дека глобализацијата, а пред се глобализацијата на економијата е единствениот спас,како за нас така и за останатите земји во развој.Но,ваквите размислувања ми бледнееа низ годините,а илузијата ми исчезна откако Светот го погоди таканаречената економска криза.Ќе се обидам да го дадам моето мислење за неа.Ќе почнам со мојот прв братучед кој едно време беше на привремена работа во Мозамбик(да,да во Африка) и работеше во рудник мислам за злато.Околу рудникот во радиус од 400 километри немало населено место,нити болница нити било каква институција на државата.Братучед ми како стручен(и белец) земаше за нас солидни примања.Е сега тоа што работеше три месеци без одмор е нешто,но исто така работеле и мештаните(црнци) и тоа директно во процесот на ископување руда и тоа за плата од некои 50 до 100 долари!?Зошто го кажувам ова?Еве зошто вреден работник сиромав плус црнец(апартхејдите се мртви само на хартија) заработува месечно 100 долари максимум.Мојот братучед стручен,не многу богат вреден работник,белец,таму некаде од Балканот(абе тие се тепаат меѓусебе мани ги таму) под речиси истите услови заработува коку педесет обични работници.Нивните газди заработуваат колку некои 10000 обични работни ,а замислете си некој банкар со годишни примања од некои 65 милиони фунти(кои едно време беа и 100 милиони долари)или едно 8 милиони долари месечно ,а банката чиј менаџер е стои на некој (глобален )начин стои зад зафрлениот рудник таму некаде на крајот од Светот во кој работниците страдаат од маларија,а нема каде да се лечат сем во амбулантата за сопствени потреби,заработува колку 80000(со букви осумдесет илјади обични работници) и тоа минимум.Ете како се вреднува човечкиот живот во ова ново општество.Нема никаква логика.Замислете сега колку вакви банкари има во таканаречениот Западен Свет кои итекако го туркаат овој нов поредок.Сигурно се илјадници кои земаат кој помал,кој повеќе и ако тие се некаде 10000(отприлика),тоа значи дека тие заработуваат повеќе од целиот Африкански континент.Јас сум свесен дека не сме сите исти,не не бидува сите за исто,немаме сите исти знаења,нити се залагам занекои мртви времиња кога демек сите бевме исти,но трудот на еден поединец да го вреднуваш со трудот на еден цел град нема никаква логика сем дека е невидено среброљубие. До каде оди човековата лакомост. До кои гранки ли ќе долета? А, такви ненормално платени професии има илјадници во новиот поредок. Компјутерџии, разни менаџери,адвокати,пејачи,спортисти,доктори,агенти со недвижнини,брокери..Замислете колкави само пари се вртат во индустријата за забава,спортот стана се само не она што во основа би требало да биде , стана само логистичка подршка на обложувањето пак во кое со разно разни местенки повторно се вртат милиони. А,милиони секој ден умираат само за леб и вода.Колку некој одлично го злоупотребува правото на секој да има сопствен дом.Или како лесно се проголтуваат миграциите од село во град,од исток кон запад.Како лесно се уништуваат илјадници хектари шуми демек да се добие плодна земја,на која потоа садат житарки не за да нахранат некоја гладна уста туку за енергенс со навидум супер име така нареченото биогориво. А, притоа уништувајќи им го чистиот воздух и на деца и на внуци и на правнуци. А,манипулациите по берзите кога со шпекулации се заработуваат тешки милиони иако фиктивни и виртуелни? А,забораваат дека основното правило на сопственоста е нешто да сработиш за да имаш.Нешто реално, нешто видливо. Колку ли само милијарди неброени се вртат во индустријата за убивање ,овај војната индустрија? И кога некое оружје ќе застари или војна се почнува да се потроќи или потоа пак милијарди да се уништи. А, сево ова само со една цел.Повеќе,повеќе и повеќе зелени книжиња.Милиони,милијарди..Девизата на новиот поредок гласи: Проживј си денес ти во материјално изобилие, а за тие после тебе не се секирај.Ако се снајдат арно ако не пак арно.Нема да знаеш. Е затооа фабрики и топилници трујат мали деца, истите деца пијат млеко со меланин..
    Е,кога ја прочитав приказната за еден Бугарин,инаку успешен брокер во Њујорк кој се освестил ,ги видел работите со вистински очи и денес е монах во некој од манстирите во Бугарија,и јас полека почнав да ја разбирам вистината за туркањето на овој нов поредок.Тој човек разбрал дека живее во некој виртуелен свет(впрочем како и сите ние),во кој ништо не е реално.Сфатил дека еден ден ако се продолжи вака вистинската храна ќе ја гледаме на компјутер,а ќе јадеме апчиња кои ќе ја заменуваат истата(се сеќавам на еден научнофантастичен филм од детството со слична тематика).Луѓето од развиениот Свет веќе не знаат како се произведува храната.Се им е сервирано по ТВ рекламите.Не знаат како се произведува кафето во кое уживаат таму некаде во Бразил или какаото во Етиопија или доматите во Струмица.Не знаат дали растат на дрво или во лабараторија.Тие таму ги интересира како само да ги исплатат ратите за куќата која е во сопственост на банката,а чија цена достигнала нереално висока цена ,а каматите од ден на ден му рипаат се повеќе.Тој незнаејќи ужива во едно ново робовладетелско време,кое некој така фино му го сервирал,а со тоа ќе заработи дополнителни милиони а не кренал ни една мотика во животот..И сега кога тиквата пукна илјадници милијарди долари повторно се насочуваат не кон оние кои го полнат буџетите,туку повторно кон оние најбогатите,најалчните,кои не познаваат граници кога се во прашање тие зелени книжиња.Новиот глобалстички поредок одеднаш се претвора во нешто налик на глобалистичко комунистички поредок,чија симбиоза одлично функционира бидејќи меѓу нив нема некои суштински разлики и нема.Тие и сами посебе и сега заедно во основа го немале нити обичниот човек нити Бога ,оној човек кој знае дека е од Бога создаден и дека треба да живее по законите кои тој ги одредил,а не по законите кои ги диктираат зелените книжиња,на кои им се клањаат овие нови робовладетели.Како дојде до сево ова?Човештвото едноставно изгуби контрола врз само себе.Алчноста излезе поголема од се.Зарем некој некогаш се запрашал што ќе му се на човек 8 милиони месечно,ако не е алчен вон сите познати граници на човековиот ум?И сите оние големи таканаречни хуманитарни концерти се фарса,без разлика на можеби и вистинската желба да се помогне,бидејќи на нив се собираат средатва едвај колку неколкудневна работа на некој банкар.А,се излезе од контрола кога човекот избега од Творецот.Од Бога.Едноставно сега секој од нас од тие шест милијарди и згора треба да размисли каде оди и како треба да се делува.Алчноста еден ден ќе не проголта сите нас. Станавме нешто за кое не сме створени. Со првите комшии комуницираме на фејсбук и на скајп, се одалечуваме од другите луѓе, а со тоа и од самите себе и од Бога. А, забораваме дека ниеден човек не е остров сам за себе, бидејќи повеќе и не читаме затоа што глобалниот поредок ни нуди милиони други забави он лајн што би се рекло. Но,за среќа се што не е со Бога соединето и е вештачко во основа,едноставно го снемува.Економската криза е всушност тоа.Загрижува фактот што некој од петни жили настојува нешто мртво и невистинито повторно да заживее.И тоа демек во името на благосостојбата на сите луѓе.Која благосостојба?Ја гледа ли некој некаде?И каква е таа?Кога тој човек целиот свој живот нешто отплаќа,секогаш е должник на некој од горе споменатие. Благосостојба,нема што. Јас научив кој го сака тоа. А, Вие? Дури нема духовно просветлување ,вакви кризи редовно ќе го тресат човештвото, а ќар повторно ќе имаат оние на кои зелените книжиња им се се. Ние повторно ќе гледаме, кој да дојди до парче леб кој до чиста вода,кој до доматче. Но, како и да е, Бог ќе биде со нас, дали вака или така. Слава му нему. Економска ли е кризава? Не би рекол.
      Васко Крајчевски

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 62 пати прочитано   #

  • тажно,но за жал...вистинито... Одлична тема - одлична гледна точка!
    (Антигона 29 Април, 2009 - 17:26 | не можеш да оставаш коментари)
  • Пазарите се идентитет

    Пазарите се идентитет   
    (текстот е објавен во Дневник пред неколку месеци)
    Деновиве пазарот не работеше.Штрајкуваа пазарџиите.Нема врева,нема зајре,вака не било ни за Божиќ,ни кога имало снег до колена.Ги нема ни Добре,ни Беким да понудат,ниту пак Пеце и Томи да купат нешто.Да фрлат по еден муабет.Да речат едно Здраво живо и едно остани ми со здравје.Нема ништо.Можеби и ќе нема и понатаму.Времињата се менуваат.Доаѓа технологијата,доаѓаат супер,хипер и не знам какви други маркети.Влегуваш внтре и се си има.Нема некоја понуда на зеленчук овошје и други дрангулии,но имаш добро избрана музика која те стимулира да купиш и тоа што не ти треба и она што не те бендисува.А потоа го слушаш само она тит тит на баркод читачот.И потоа среќен си заминуваш дома.Никој не си сретнал,а и да си сретнал ти е незгодно да завртиШ некој муабет,оти самото опкружување не го бива за таа работа.Ќе ти биде незгодно.И така ден по ден се здобиваш со нови вредности кои ќе ги делиш сам.Еве уште поубаво пазарување. За некои и он лајн кпувањето е хит.Си седиш,си лежиш дома едно клик и еве ти на врата.За кратко време ги познаваш само доставувачите.Кул.Што би рекле американците.
      Ова не е така џабе кажано.Целта е да разбереме дека пазарите се дел од идентитетот на овој народ.Со векови наназад.Луѓето од Македонија без разлика дали се Македонци,Албанци ,Турци,Роми,Власи доаѓале на пазарите,разменувале стоки,идеи,муабети,тука се ширел духот на разбирањето за ўўпоинаквиотўў.Тука и денес ќе слушните :За многу години Божиќ,Велигден или Бајрам.Тука се ширела и се шири меѓуверската толеранција.Тука луѓето сваќаат дека луѓето се само луѓе.Исти ,од Бога створени.Тука нема да слушнети ни прес конференција на која се шири верска или етничка нетрпеливост.Овде не се вести,овде е реален живот кој се живее со стотици и стотици години наназад.На овие места туристите редовно наминуваат и сликаат се со ред од сува пиперка нанижана до земјени садови.И ги купуваат и ги носат по целиот свет.И ги користат ,а кај нас ги забрануваме.А ваму сме од земја создаени.Си кинеме дел од идентитетот,ништо повеќе.Не знам дали се разбираме.Преземајте насоки кои ги диктираат законите,но не по цел да се уништуваат пазарите.Со нивното исчезнување,исчезнува и идентитетот.И да имаме илјадници резолуции во ОН,и на местата на пазарите да имаме стотина стокатници и хипер маркети ние ќе немаме дел од идентитетот.Место тоа превземете чекори за нивна реставрација заедно со чаршиите кои најчесто се во во низа со пазарите,кои патем се во тивко духовно изумирање(сем Охридската),бидејќи има занаети и дејности кои едвај кубурат во трката со технологијата и со профитот,а се нераскинлив дел од нашиот идентитет.Ако сакаме Македонија да биде вечна(сполај му на Бога што ни го дал Милчо)мораме она што го имаме да го негуваме.Би била незгодна ситуација кога некој странец воден од најновиот спот дојде бара земјено грне ,а го послужувате во стаклено,бара пазар го испраќате во хипер маркет,оди на Преспанското или Охридското Езеро,а Билјана и Лилјана белат платно која во Фаворит ,која во Горење.Тој тоа го има и таму.И повеќе нема да дојде ни тој ни неговиот пријател.А,за злобниците на кој трн во око им е новиот спот на Милчо еден поздрав,па нека одат до Стење,па оттаму пешки до Коњско,па нека видат и дека Лилјана знае платно да бели,па нека го видат недопрениот македонски рај,па нека побараат некој со чунка(во име на традицијата и нејзино зачувување не барајте глисери и јахти) да ги прошета до островот(кој се гледа во позадина),па ќе разберат што сака да каже и Милчо со спотот и јас во овој текст.Идентитетот е многу,многу повеќе од едно парче хартија.Тој е тука ,бил тука.Ние треба само да го препознаеме и наместо да го уништуваме треба да го негуваме.Ако знаеме да го сочуваме ќе биде вечен.Ако не, ќе не нема и нас,барем не онакви какви што замислуваме дека сме.
      

    Самотија

    Самотија   

    Во ушиве ми одѕвонуваат
    Биењата
    На ѕидниот часовник
    И на моето срце.
    Сонот не ме покорува.
    Секаде околу мене
    Тишина.
    Неподнослива.