Monday, September 8, 2014

23 ГОДИНИ ПОТОА или ШОУТО НА ТРУМАН

                                                       

Шоуто на Труман го изгледав многу години покасно . Ми е еден од оние омилени филмови кои никогаш не ми здосадуваат . Онаа сцена кога Труман стигнува до вратата по навидум разбрануваното море , ја доживеав и јас на некој начин во летото 1989 година . Искрено не знаев и не разбирав зошто , но ми стана јасно дека се околу мене е некоја лага . Лага , која јас со информациите кои ги добивав на 13 години и неможев да ја дефинирам . Не поминаа ни  100 дена , а Берлинскиот ѕид падна како кула од карти . Новите ветришта , ветриштата на промени задуваа од Берлин до Владивосток . Некаде помалку , некаде поминаа како тајфун. Само таму некаде на Балканот и понатаму ни лисјата не трепереа . Само стравот лебдеше . Налик на оаза . Па , така и си ја викаа . Истото беше и пред гоемиот ден . Денот на рефдерендумот . И самото референдумско прашање беше полно страв . А , ако не беше и така дефинирано денес којзнае дали ова и ќе го пишував . Најверојатно , НЕ . Денес оние кои најмногу се чукаат во градите како демек овој или оној беа за такво дефинирање на истото , а не тие , само си ја лажат совеста . Направете им трик квиз од десеттина прашања ќе ги фатите во мрежата од нелогичности која се плете многу повеќе од 23 години . Во Битола на големиот ден , откога се затворија гласачките места на плоштадот беше неразбирливо мирно . На плоштадот како што одминуваше времето бројот на народот драстично се намалуваше . Кога се соопштуваа резултатите бевме едвај стотина . Полни со интузијазам . Полни за подоброто утре . Бев исполнет со неопишлива радост . Со надеж . Дека ѕидовите ќе паднат , дека студиото во кое живееме ќе се сруши и ќе исчезне без трага . Но . Работите тргнаа во друга насока . Секој ден си велев : Ај сега ќе тргне , ај утре ќе биде . Минаа две децении и згора . Шоуто на Труман и понатаму е на програмата . Без најава дека и некогаш ќе биде тргнато од истата .
Ќе ми речат зошто зборуваш вака ? Не си во право . Не е така . Во заблуда си .
А , каде сме денес ние ? Каде е европејската идеја ? Каде е сонот за обединета Европа ? Зошто се уште имаме медиуми кои ги водат платеници . И денес и вчера и пред 20 години и пред тоа . Плачат некои  за некакви слободни медиуми кои веќе ги нема  , а ги забораваат нивните гревови . Нивните медиуми даваат ли простор за друга идеја ? Пробајте , па ќе видите . Ѕид . Земјата на ѕидови . Тоа бевме и тоа останавме . Ѕидови , видливи и невидливи . Зошто проекти како Граѓански замират без било какво објаснение . Амнезија . Колективна . Во 21 век има ли некаде на друго место во Европа цензура ? Немало ни кај нас . Така ни велат . А , бојкотот на писатели и дела , и тоа како државен проект , како ли да го викаме ? Или на неподобни интелектуалци ? И каква случајност , пребарајте го било кое име на неподобниве кај нас , за чудо истите неподобни и на Север од нас . Случајно ли е ? На оваа тема , водев дискусија по социјалните мрежи за еден наш современ писател, со очигледно опозиционо настроени личности , што и нема врска, кои го напаѓаат човекот од петни жили . Истиот е голем критичар на владините политики . Не Ви е јасно ? На никој и не му е , не се секирајте . И прашувам : А , Вие имате нешто прочитано од авторот ? Не . Ами тогаш како го критикувате неговото дело? Едноставно знаеме дека не чини – е одковорот . И остануваш со прашалници . Не ти се верува . А . тие луѓе денес демек се на браникот на демократијата во државата . Недоречености . Нелогичности . Те пратат на секој чекор . Но , имаат објаснение и за тоа . Ама и тоа е за внатрешна употреба . Како и се останато .
Се се сведува на: Рекла баба – казала . Едно не можам да разберам . Ај пред 23 години , а и пред тоа имаше физички препреки . Некои видливи ,некои не , ама тука беа . Но , денес во ера на информатичко општество кога Светот е сведен на глобално село , да те држи некој во заблуда и не е баш за разбирање . Плус , демек први во Светот по користење на интернет и слични на тоа нешта . А , ако е навистина така , подразбираме по логика на нештата само едно . Дека ИТ општеството кај нас се сведува на одгледување на зеленчук на виртуелни фарми и стискање LIKE на фотографии на Фејсбук .
Како го разбираме достоинствениот живот ? Најчесто како оној што го живееа Либијците во времето на Гадафи . Имаш се . Се што треба е главата да ја користиш единствено за стрижење и ни под разно за да изградиш сопствено мнение . Тука некаде е идеалот и на нашите државници , а за жал и на нивните поданици . Така и тие живеа во некое време . Се мисли на оние кои не заминаа на таканаречената привремена работа во “гнилиот” Запад .
Еве да речиме грешам . Ај , објаснете ми го фактот дека Закон за денационализација донесовме последни во цела Европа.  Ете тоа и ќе го разберам некако . Но , дека мнозината се уште мислат дека национализацијата е направена од повисоки побуди , а денационализацијата е во суштина неправдата ?!
Или законот за лустрација . Ќерката на најпознатиот политички затвореник кај нас , а истиот  тој беше и последниот во цел источен блок , отворено го критикува процесот . Смрди нешто . Силно .
Каде има партија во чие име има име на комунистички диктатор ? Ама не . Тој беше човекољубец . Истепа стотици илјади во име на љубовта !!! – воскликнува соговорникот , новопечен антички патриот , а ти остануваш со подзината уста .
И илјадници други примери . Само не прашувај многу , одма си обележан како предавник . И на 13 години и на 15 и на 38 . Само не знаеш во која категорија ќе те класифицират службите чија глава се уште спие крај устието на Дунав и Сава : внатрешен или надворешен .
За тоа ли се боревме . Тоа ли беа големите очекувања ?
И секако да скратиме . Честит празник . Секако . Само она независност се уште е мртов збор . Не суштествува со реалноста . Само силно звучи . Којзнае и дали сакаме да биде поинаку .
Шоуто на Труман и понатаму тече . Денес е послената епизода од 23 година , од втората сезона .




Tuesday, June 24, 2014

ДЕФИНИЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТ


                                           ДЕФИНИЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТ

       Вовед

Никогаш сум немал намера да ја прифатам вешто подзаскриената доктрина на државата со која се потикнува говор на омраза кон одредени цели и која напати излегувала и се уште бега од контрола , сакале ние или не . Нити овој текст има намера да биде тоа. Напротив . Сакам да дадам мое гледиште на нештата . Затоа што сакам земја на просперитет , сакам земја каде што љубовта ќе биде звезда водилка , а не омразата . Ни на крај на паметот не ми паѓа и да судам некого . Не сум достоен за тоа . Секој си се раководи според сопствените убедувања. Дали се вистински или погрешни , тука и може да се поведе дискусија . Суштинта на ова мое мнение е само да се преиспитаме , да се видиме навистина каде сме и каде сме тргнале. Сметам дека нашиот пат е всушност , слободен пад . Плус трае премногу долго . Многу , многу подолго од 23 години . Поделбите по сите основи не треба ни да ги споменам . Од таа причина ќе се обидам да дадам една анализа, независна, во која најверојатно нешто и ќе пропуштам, а нешто и ќе згрешам, а пак ќе напоменам , се со една цел, да откриеме што е она што не кочи , она што не ни дава да се приклучиме кон за нас единствениот вистински пат – европејското семејство. Не сакам да звучам како некои старци ,кои целиот живот го минале закачени како крлежи на државна сметка и ним сличните, обединети во здруженија , манифести и слично , кои бараат те став за она ,те став за ова ... А, јас од нив барам само став како да излеземе од калта која ни се качила до гуша. Барам став како утре нашите деца да ги задржиме на прадедовата грутка. Ама одговор од нив  нема . Би напоменал дека споменатите подолу, се земени единствено како најпознати и најтипични примери за јавноста. Но , да почнеме со ред.

      Да дефинираме

Централниот плоштад во Битола. Мала бина. Свиреше најпознатиот локален бенд. Толпата се намалуваше како времето одминуваше. Пред полноќ останавме едвај стотина. Повеќето деца, со големи очекувања . Беше тоа 8 Септември 1991 . Многу надеж. Многу .Но, што ли се изроди од желбите? Чии заложници станавме?  На самите себе ? На што личиме ? На фотошопот на патриот кој друг ни го изработи ? Ајде да го конструираме , па да видиме до каде сме .

Типичниот македонски патриот според сопствените сфаќања мора да биде член на партија . И тоа во зависност од моментот. И така едно многу десетлетија назад. Согласно тоа, по потреба имате лево или десно демек ориентирани, некоја чудна мешавина на идеологии или пак кај некои  по потреба тоа оди со 180 степени завртување па од леви стануваат десни и обратно. Да не ги заборавиме и оние кои имаат сателит партии и имаат 100 пати поголемо членство од  гласачко тело. Ама по правило имаат медиум или некакво  влијание,  на пример  во академијата.  Без разлика кој типичен примерок би го зеле за набљудување, нели, заклучуваме дека поделбата на лев и десен  е само колку за замајување бидејќи идеолшка профилација и речиси нема, а заедничко им е што делат исти идеал. А тоа е било какво место во државна или општинска администрација,фирма или пак некакво си јавно претпријатие . Ама баш било какво место. За почеток, бидејќи  тука богами знаат како да напредуваат во службата од памтивек. Но не е така се црно. Не се тие така големи материјалисти. Тие имаат и  возвишени цели. Кога ќе им се исполни желбата за нивно потпикнување тогаш настапува желбата за сопружникот, па децата, па свеската, па љубовницата , па... сите до еден во државна служба. Ох, колку возвишено. Но сето тоа треба да се оправда. Па, затоа имаат неизмерна љубов и доверба во партискиот лидер. Тој е се и над се.Граѓаните кои се во приватен сектор и немаат книшка ги сметат за подолна врста. Од втор ред ако така сакате .  Заедничко им е тоа што секогаш се во првите редови. На протестите и на контра протестите. Брат против брат, сестра против сестра. Долгот треба да  се врати. А кога беше криза нели воена и тогаш нашиве патриоти , рака на срце , беа во првите редови. На првиот ред лежалки по плажите. А, за оние кои беа на фронтот им текнува само ради политички поени и пазарење со коалициониот партнер.И покрај грчливото искуство од таа 2001 , не му смета да пали тензии , меѓуетнички , особено пред избори . Без ралика што истите му требаат за дневнополитички потреби. А , кога сме кај изборите е тука навистина е за пофалба . Гласа секогаш и во точно определен час од изборниот ден . Тука се раководи главно од своите моментални потребштини , а не од иднината на неговите поклоленија , но тука секогаш смета на сопствените КИМЈУНГИЛ- овски способности. Се разбираме , нели ?И мечтаат еден ден да станат бизнисмени. Тендеристи.А,кога еден ден стануваат и тоа, по правило, моментално стануваат религиозни. Пред секој голем празник, наместо пост , бараат промена на календарот.  За сите овие желанија кои ги имаат не им смета што веруваат демек во различни идеологии. Џабе различни кога и обете се поставени врз митови, лаги или некоја комбинација која ете така и визуелно ни ја сплотија последниве години. Ако сакате да видите, трк до до Скопј(љ)ето  , метрополата ни наша. Е, таму има што да се види . Лас Вегас на Балканите .Некои работи би Ви изгледале и бајаги нелогично .На пример обезбедување или по ново секјурити кое варди споменик , да речам парче бронза, а на кое може да му подзавидат и лидерите на многу силни и почитувани земји по Светот . Како и да е, ако им спротивставиш факти контра нивните митови, одма почнуваат нешто да викаат, да те обвинуваат и бегаат во непознат правец. За волја на вистината, најдоа место и за револуционерите и преродбениците, ама од куртоазија. Нивните визии и идеи биле недопросветлени. Тоа ќе Ви го објаснат и официјлните водичи во музејот со најдолго име во Светот. Нив, како и многу други дела ,ни ги сервираат во форма на ИЗБОР , бидејќи ние и немаме нели доволно капацитет сами да донесуваме заклучоци. Може да забегаме. Во неподобни. Патриотот да кажеме дека редовно се информира од некое чудно списание наречено Билтен. Тоа е единственото кое го користи , за просветлување. За другото се грижи партискиот центар за комуникации. Отприлика горе долу така дејствува во јавноста , а во илегала отприлика е вака. Фрлаат клетви по ЕУ и САД . Катаден . Најважното е што и едните и другите плачат за бивша Југославија. Со таа разлика што еден дел во јавноста плука кон истата.  Интересот пред и се.  Тогаш барем имаше само една партија, не требаше да шеташ . Се што требаше е да кодошиш. Интересен е феноменот што и оние најмладиот ешалон патриотчиња и тој жали за бившото. Иако се родени во демекдемократија и во демекнезависна држава . Ама сеуште весело си потпевнува песни од тоа време, а денес по правило е главен фан на Цеца, Аца Лукас или на еден бербер кој ги знае ама сите турбо фолк завивања. Српските пејачи полнт спортски сали. Море и стадиони со антички имиња .Да ја имавме  бразилска Маракана и таа ќе паднеше . И секоја седенка ја почнуваат со некоја комитска, но како еуфоријата и расположението расте , репертоарот се менува и екстаза се доживува на Светлана и  “ Мој Београде “. Кој патем и без песна мора да го споменат барем три пати денот . Макар и за временската прогноза. Обожаваат четвтокласен режисер кој снима филмови за трети полувремиња, а е  само првокласен маркетинг мајстор . Губела државата, кој ја е.. Идол им е сега покојниот Милошевиќ, а од живите оној што е во Хаг, Шешел,Шешељ, како  ли го викаа. Со каков восхит го пратат неговото судење, е баш е за чудење .Времето ( и работното кое трае некој половина час скоро секој ден и она другото што им останува нели така одморени) го трошат за величење на она старо време кога ете по цел ден се јадело и пиело, се живеело во држава најсилна во Светот и Ве убедуваат  дека баш нивниот лидер тоа сака повторно да го врати. И ако им поставиш прашање како тоа нешто толку силно се распаднало како кула од карти , едногласно Ви велат : Американците се криви, ама и тие еден ден ќе се распаднат. За последните две три децении македонска голгота сметаат дека најголем виновник е Љубчо ( го земам него како најтипичен пример како валканата кампања деградира) , но незнаат од кои причини. Важно знаат . И последните податоци од Заводот за статистика околу наталитетот, него ќе му го накалемат за грев. Да не зборуваше толку можеби и податоците ќе беа поинакви. Но јас мислам дека знам зошто е тоа така. Нашиве патриотчиња леви десни, во различен стадиум од својот еволутивен развој најмногу  љубат или љубеле да го слушаат оној самопрогласениот скопски шизик кој во меѓувреме се здобил и со некоја титула на некој од мноштвото ни факултети, а последниве две децении е главен креатор на јавното мислење.А, тој така надарен на уста Љубчо ретко го вади од неа.  Него го имаат просто за божество. Кога го гледаат него, дури и интелектуалците добиваат чуден порив. Професори , уметници, академици, музичари кои во животот не добиле ни една идеја, одеднаш од пред телевизор рипаат , земаат писалка во рака и седнуваат да пишуваат. Транспаренти. И право на улица. Само кај нас на оваа категорија им е поважен стомакот од умот. Но со праезен стомак лаги  не се продаваат. Вака пред камери ги гледате накострешени едни спрема други но во даден момент се страшно обединети. Лани ни се случи, банален проблем на локално ниво. Бараме да се санира проблемот, егзистенцијонален, и патриотка од едните треба само да му наложи на патриот од другите и да отпочни процедурата. А, таа мене онака растревожено: Вие сакате јас да се свртам против колегата? А, никој ништо против никого немаше. Само една дузина луѓе немаше вода за пиење.Сега нешто поопштено. Деновиве излезе некој српски проект за поврзување на Белград со Солун по канлски,овај воден пат. И ај да речеме дека немам ништо против иако звучи бессмислено и налудничаво,доколку нас и не прашаше некој за тоа, но на начинот на кој е претставено за мене е антидржавно. И патриотиве наши одма со цела своја сила само подржуваат. Изгледа сакаат да си го унапредиме статусот. Од Српска културна краина последниве седумдсеттина години, да си бидеме нешто повеќе. Ич малку пак Јужна Бановина. Тогаш ќе бидат најсреќни. А, галиите на Вардар ќе бидат подготвени да исполовата спротиводно и  нашите патриоти да ги понесат во старо – новата ни престолнина.  Ова заеднички го бранеа, а најголем заеднички напад им беше некаде околу 2000 чинам, кон новопоставениот директор на Националната библиотека  ,  еден од најдобрите и најплодните писатели од Македонија, Младен Србиновски. Како здружно се кренаа , дури и да не веруваш.Здивени хиени  кои само што не ја растргнале жртвата.  А, човеков ги исполнуваше сите законски услови за тоа место , а плус и како сите нас грешен. Ама, најголема грешка му била што не љубел да мисли со друга глава.Плус бил ова , бил она. Ами Уставот нели вика дека сме сите исти? Или и тој ќе да подлажнува.

   Сумирано,во театарот наречен Македонија гледам дека столетие цело се игра само една те иста претстава. Само костумографијата и сценографијата се различни, а периодично се менува и  патриотската овај актерската екипа. Ама од сето тоа  само едно можам да заклучам, дека со вакви патриотиша имаме иднина. Ама , далеку од розова.

  Бидејќи медиумскиот простор ( со ретки исклучоци) децении наназад мене ми наликува нешто налик на баклава, ред сапуници, ред перење на мозокот, а гледано од птичја перспектива на Пелагонија во лоша зима и јас ќе се нурнам во таа магла во која прст пред око не се гледа и во кој царуват платениците и во знак на револт  ќе бидам како и сите оние скапо платени демек интелектуалци кои сакаат да останат анонимни, та и јас ќе бидам само

                                                                Името и презимето и се познати на редакцијата.

 П С Ако некој мисли и дека претерувам,  како би го објаснил ова. Кај нас во Македонија има дневни весници , откои повеќето тежнеат кон владата и само еден опозиционен. Најтиражниот провладин ова писание или поточно дел од него го отфрли на последниот уреднички филтер, а единствениот опозиционен не се ни потруди да објасни зошто не го објавува. Затворени кутрите во сопствениот круг , се што прават се сведува на режирање научно-фантастични  филмови, ама во сопствените глави .Мислам дека е поради идолошка неподобност и спротивен на општоприфатените државни доктрини , но сметам дека не е ни многу страшно. Тоа се само зборови. Страшното е што заради неподобност илјадници ги изгубија животите .Илјадници семејства се растурија. Илјадници се протераа. Илјадници избегаа. И знаете што е најстрашно ? Кога типичен патриот дефиниран во редовите погоре ќе Ви рече:

  “ Ами така се прави држава” . После оваа реченица сите муабети се излишни . Дефектот е системски . Дајте да ги смениме работите. Вака, не ја бива.

Кога ме прашуваат што се чувствувам , милувам да кажам:Човек .Пред се . Рака на срце и тоа во даден момент се зема за грев , ама...А ,ако мислите на националност , сум она што бил и апостолот на македонското движење - Делчев . Со него се идентификувам . Оној истиот кој Светот го разбираше како поле за културен натпревар меѓу народите.

И кога ќе Ви речат дека времето работи за нас , не им верувајте . Ве лажат . На оние првите на кои им го кажуваа тој лаф , мнозината  одамна не се на  овој Свет . Посреќните ја живеат десеттата деценија од животот. И се уште истото статус кво .

          Завршни зборови

Се уште мафтате со главите. Не сте разубедени ? Не ми верувате ? За крај , само уште ова . Последниов месец две соседни земји се соочија со катастрофални поплви . За жал . Прашњето е како се пронајдовме себе во тие трагедии ? Исто ли се поставивме ? Исто ли реагиравме ? Исто ли помогнавме ? Или подобро речено помогнавме ли воопшто ? Со истиот ли жар ? Селективна ли е дури и човештината  кај нас ?

Немам повеќе прашања .

                                                 

Friday, May 30, 2014

КОМУНИЗМ, ТУРИЗАМ И РЕНЕСАНСА


                                             

 

 

     Па, поприлично време помина од екскурзијата во сега туѓа држава, во град и не така голем, но тоа што ми се случи го паметам и ќе го паметам до крајот на животот. Во строгиот центар, пред очите на стотици мештани, ме нападнаа насилници и ми го зедоа јадењето од раце. Парите ми ги ги куртули другар ми Јове. Никој од мештаните не мрдна со прст. Никогаш повеќе не се вратив. Ниту имам намера. Тоа место е избршано од картата на светот во мојот мозок.

Константин е Грк, и пријател ми е. Населен уште како дете во како што и самиот го нарекува Лерин, па бил години во Австрија, земјата на културата, па сега мирно си ги живее пензионерските денови  во стариот крај. По малку е и фанатик на теми од историјата, но сепак  колку толку зборува нашки, обожава македонско и вино и ракија и чушки и френки што би рекле струмичани. Жена му Германка од Австрија посетува македонски фризери, шминкери, руча во македонски ресторани. Катадневно.

 Кога шетам низ стариот дел на градот од Пелистер, секојдневно гледам сè повеќе странци. Не се онакви луксузни како што што посакуваат (не)народните избраници, ама најважно носат фотоапарат и сликаат. И сепак оставаат по некоја пара.  И морам  да забележам дека маркетингот на Владата за привлекување на туристи дава резултати. Барем во градот на конзулите, како што нели милува(ме)ат да го нарекува(ме)ат. А, во последно време сме и цел на маркетиншки пропаганди со цел да ги  елеминираме некои негативни појави во македонскиот туризам. И за поздравување е. Но опфатено ли е сè?  Ај ќе се навратиме на  (таканаречениот) град на конзулите.  Или самонаречениот можеби подобро ќе му прилега. Со што ли може да привлечи туристи град 180 километри длабоко во континентот, без езеро како Охрид на пример? Неговата историја најверојатно.  А, како ли ќе ја видиме неговата историја. Низ старата архитектура, низ спомениците на културата и слично. Хераклеа е нешто магично, но сама по себе тешко дека би била магнет за  туристи. И  да напоменеме дека Битола светска слава стекна 22-23 века по Хераклеа. Чинам дека и по тој период е многу многу попозната и меѓу историчарите и меѓу писателите и патеписците. Таа е ( или беше) живо филмско студио и затоа се срамам кога некој сака да гради студио, вештачко нели, а со половина или помалку од тие пари може да се ревитализираат сите тие посебнни градби. Имам начекано во старата чаршија студенти од Јапонија, на архитектонски факултет кои ја цртаа и прецртуваа секоја градба, та од внатре, та однадвор. Беа воодушевени . И се срамам кога некој многу одговорен, јавно, во локален весник ќе каже дека дошле некои филмаџии, од не знам каде, кои барале локација која ќе личела на стара чаршија, ама тоа немало да биде Старата чаршија!? Ало, се слушате ли што зборувате? Кој е одговорен? Кој е одговорен за сите тие нови фасади, дречливи бои, пластични дограми, климатизери кои висат на сите страни?  Се срамам и кога една манифестација како  Малиот битолски монмартр е потполно маргинализирана. Па знае ли некој колку таа манифестација го има афирмирано градот, неговата архитектура, а и државата во крајна линија? Се срамам кога таму можеш да најдеш цела ергела на најлулксузни коли на градските моќници под чија тежина пукаат гранитните плочки. Нив ли ќе ги фотографираат туристите? Се срамам и кога подолу полицаецот наместо казна ги потчукнува по рамото. Фактор се.   А, асфалтот овде стана врв на технолошкиот развој. Па така, набрзина наместо да ја поправат старата калдрма која и те како му прилегаше на дел од централното градско подрачје, тие одма турвај асфалт. А , калдрмата завршила во нечии вили. Ова не го тврдам, ама така се шушка. Ај, ќе проголтам што ја извадија, ама деновиве пак ја редеа. Се снима некој филм.  Не знам кој направи поголемо злодело.  Дали оние кои на крајот на Втората светска војна пукаа главно во воздух и потоа убедувајќи нè дека нè ослободиле станаа некој и нешто, та после демек да се славеле тие и нивната, нели, таканаречена голема победа, а изрушија повеќе од половина од старото историско јадро или пак се повиновни овие кои продефилираа последниве две-три децении и го запустија она што овие претходно се смилуваа и го оставија. Чудна работа, та и тогаш та и денес чинам одлучувачки за било што бил истиот феномен – сопствениот „џеб“ . Што би се рекло ендемски урбанизатори овој грабатори.  Се срамам и што градот се сведе на една и единствена улица која патем сè уште го носи името на маршалот и има негова биста која ѕирка од нечиј двор, па иако е дивоградба никој не ја отстранува, ама сега си го има и Филипа на коњ или магаре кој моментално е затскриен односно замаскиран  бидејќи не се вклопува во нечие филмско сцнарио. Немам против никој и ништо, ама некако не ми одат со амбиентот.  Два споменици, ама и две канти за отпадоци за два километри улица. За Гинис. Ама нон стоп си има паради на кичот и на невкусот. А, градот во времето на големата слава имаше улица  на клавирите. Ама денес на секој чекор по ова главното сокаче, а и на околу ечи турбо фолк. Српските ѕвезди полнат сали и дискотеки и тоа за добра сума, а на концерт на еден Драган Даутовски квартет со вокал Александра Поповска, кој го нема на Балканиве едвај сто и петшеесет души и тоа со бесплатен влез. Се срамам кога едната и единствена специјализирана книжарница (другите кубурат со фотокопирање ) зјае најчесто празна или ако има некој  прво помислуваш дека е турист . Ама пак кладилници никнуваат како печурки по дожд, додуша отровни, ама ред се чека. И место книги сега народот чита таканаречен БИЛТЕН. Еве можеби ќе тргне некој обложувачки туризам. И така културата почнува да се продава на кило, налик на компири. Како е можно? Па така, се бројат само настаните. Квантитет, квантитет, батали квалитет. Сè е статистика Овде сите приватни иницијативи од областа на културата и туризмот најчесто се осудени на пропаст бидејќи, ај никој што не ги забележува , туку им одмагаат наместо да им помагаат.  Кога  ќе ја чуеш  фразата градот на конзулите, прво што ми паѓа на памет и мене, а си претпоставувам и на оние намерниците кои сакаат да го посетат е - па овде мора да биде беспрекорно чисто. Е треба, ама  ѓубре на сите страни. Законот за јавна чистота тука не постои и за информација најмногу си го крши локалната власт. Прошетајте по пазариштето ако не ми верувате. Ќе најдете и каросерии на среде град, и канделабри искршени и депонии. А, и тука туристите доаѓаат. Ама и тука и низ чаршијата, со втората работа после ѓубрето со која ќе се соочат  е  пресретнувањето од  ендемскиот одбор за пречек. Три - четворица добро извежбани арамии. Главна цел им се туристите. Ем се најчесто за еден ден, а и не прават проблем за стотина евра и скоро никогаш не пријавуваат. Ама никогаш нема повеќе да се враатат, како што и јас нема да се вратам никогаш повеќе во местото кое што го споменав на почетокот. И не се срамам толку од нив, колку од надлежните кои го толерираат.  И тоа со години, години! Истите та истите. И полицајци кои сакаат само привилегии и единствено што прават е броењето на бенифицираниот стаж. Се срамам и од оние инспектори и обвинители и судии кои наводно не можеле да судат за ситни кражби.  А на толку сколија не се потрудија барем да го научат кривичниот законик и членот 236, бидејќи ако го знаеја овие ендемски пречеклии одамна ќе беа истребени. Се  срамам кога додека овие крадат други подолу се смеат, трети велат арно им направија на грчиштава или што и да се. Не мразет тоа европејците. Потаму некој заразен со еурофобија, друг со тендерофорија. Двајца се секираат кој ќе биде претседател на месен комитет и дали некакви списоци ќе поминат. Друга група кова план да се врати на власт. А, никој нити ендемските пречеклии нити туристите ги забележува. И ако ги прашате зошто , просто ќе Ви одговорат дека не им е гајле. Ама имаат амбиции да го водат демек градот. Ама откако ќе си го подзатоплат џебчето можеби и ќе мислат на проблемите. Ако во меѓувреме не ги нападне хистерична желба да го подзатоплат и задното и малото. Џебиште. Двајца полицајци кога ги видоа, главата си ја свртија.  Важни им се бенефитите. Одговорноста ќе ја остават за генерациите во иднина. А, таа гледам бајаги темна ќе биде.

Ај , сега ќе се вратам на Константин. Пред некоја недела ендемските пречеклии и него го начекале на тесно и го олесниле за 15 евра и некој денар плус. Не пријавил во полиција, како и грото. Што ќе се нервирал уште повеќе, ми рече и ми вети дека ќе си ги опули очите во иднина. И сега тој Грк (ова го нагласувам бидејќи мнозинството ги доживува како непријатели) многу добро знае дека Битола во минатото била регионален центар, па и тој така ја доживува. Како што напоменав на почетокот и како трговски центар, а согласно тоа очекува да биде и културен центар. И пред две - три недели дошол кај една наша заедничка пријателка и ја замолил да му набавиме програма за културните активности во текот на ова лето. И јас барам информации во Општината и оттаму ми велат:  - „Нема“. И јас целиот со прашалници,  го затворам телефонот и не можам да верувам. Тие немаат програма ни на македонски, а камоли на грчки и на англиски.  Сè уште била во планирање. Не можат да го разберат она што еден Грк го знае. Мора прво и основно да се врати на голема врата како регионален центар, да ги привлече луѓето од регионот,  а потоа се ќе биде поинаку.

  Е, со вакви се соочуваме со децении. Се срамам од речиси сите досега избрани функционери било локални било заминале за  државни. Се изредија и доктори и магистри, на кои поважно им е она др,  мр, од сè останато. Им се хранеа суетите.  На грото од  прва мисла им е како во даден момент да се преселат во метрополата, а не да работат за сопствените избирачи , комшии , другари... Не Ви се верува? Еден куп и бивши градоначалници, министри , пратеници станаа жители на Скопје. Тоа се вика морал.  Се срамам и од оние осуммина пратеници кои пред извесно време се жалеа преку национален медиум дека се на работ на социјални случаи!? Е, да не беа тие можеби ова и никогаш немаше да го напишам. Највпечатливо од сè ми беше дека едниот од нив запослил 500 души. Како? Со измислување, а не со креирање работни места. И сега тој истиот имал голема желба да се врати на чело на една опозициска партија, а со тоа и да се надева дека пак ќе си ја поврател моќта. А, едниот од нив своевремено директорувајќи и стопанисувајќи со простор во строгиот центар, така го поднови што сега убавината која ја турна можеме да ја гледаме само во филмот Караула. Лудило ни се водачите. Ама во овој случај со овие,најмногу се срамам од себеси што гласот сум им го давал на вакви неспособни личности. А, бре оној што не е кадарен да си го обезбеди лебот, држава ли ќе води? На кое ли дереџе спаднавме. А, се срамам и од новинари кои продаваат вакви демек сензационалистички приказни , а всушност се обидуваат да ни продаваат , што би рекол Цацко, м....а за бубрези. И си велам белким ќе дувни некое ветриште ( бидејќи бран не може, ем сме далеку од морето, ем бајагички на високо) па така скоро сите овие избрани и овде споменати  да ги крени и да ги однеси некаде далеку , еве да речеме во Амазонија, за да помине некое извесно време дури да го најдат патот за назад. Ама прво ќе мора да ги подисплачиме кутрите Индијанци кои ќе им наидат на патот. Знаејќи ги нивните можности на превртливост и оригиналност, прво ќе им се наметнат за поглавари, па наскоро ќе им ја опустошат и културата и традицијата, и на крај ќе ги остават и без оние два листа кои им служат за облека. Не дека им треба, ама да им се најде за секој случај.  Избран функционер треба да биде патриот, а патриотот треба да ги решава реалните проблеми на своите сограѓани, на својот народ. Не е патриотизам ако немаш двојно државјанство, раскажуваш митови, а работиш само за себе.

Прифаќам и поздравувам медумски кампањи за подршка на добрите нешта и за елеминирање на штетните појави во општеството, но не можам да прифатам форсирање на кадри како горе опишаните. Ако немаме, фер е да ни се соопшти, па секој да си го бара чарето. Јас еве на пример фасциниран од филмот „Боговите паднаа на теме“ би заминал за Калахари.

И на крај за насловот. Па и е апсурден, а и нема врска. Затоа што во ова општество се расправа за работи кои немаат врска, нема проток на идеи, нема дискусија за големи нешта,  па така и со ваков наслов гарантирано и читаноста ќе му биде многу поголема, па белким ќе го прочита некој кој треба. А, апсурдно е и како целата гореопишана ситуација. Како што е апсурдно  учениците едвај завршуваат основно и средно, ама пак факултетите им одат како подмачкани. И апсурдно е ако имаш толкава реална интелектуална сила , да имаш апсурдни проблеми како овие ендемските. И апсурдно е да сакаш да развиваш креативни технологии кои во крајна линија се тесно поврзани со туризмот, а изборниот  предмет Творештво на учениците им се наложува да не го избираат бидејќи секако нема да се учи затоа што нема „услови“. Сè е апсурдно. Да бев женско сигурно ќе се чувствував како Алиса. Да, да. Онаа од земјата на чудата.

Tuesday, May 27, 2014

ПИСМО ДО ТЕТКА МИ


          Зраво тета.

Не знам зошто вака ти се обраќам. Но, отсекогаш полесно ми било да ги нафрлам зборовите на хартија, отколку да ги изговорам. Тешко ми падна веста за болеста која ете тропнала на твојата врата.Плачам. Не можам ни да претпоставам што сега се вртка низ твојата глава, какви се мисли прелетуваат, та поден, та на соне. И мене сенешто ми го тишти раетот. Често ми излегуваат пред очи , оние безгрижни денови, од  детството, кога катаден бевме заедно. Тогаш кога насмевката не се тргаше од твоето лице. Вие и тогаш сигурно имавте грижи, си знам денес по мене, но за мене тоа тогаш беше едноставно, среќа. Не се сеќавам кога на идилата и дојде крајот. Дали по најубавиот одмор кој го паметам? Оној крај езерото, под Галичица. Кога легнувавме на зајдисонце, а станувавме пред изгрејсонце. Малку пред ова првпат се соочив со материјализмот. Кога од последното летување како дете, се вратив и доживеав шок. За дунките. Оие двете, сигурно се сеќаваш, едната помала, другата поголема, во дворот позади куќата. Оние кои ме потсетуват на твоето име. На нив пораснав. Многу сакав да се качувам по нив како дете. И, едноставно ги немаше. Како да ги проголтала големата дупка ископана за темели за таму некојси дуќан. Со се сите мои спомени. Ми објаснувавте долго време со братот твој, мојот татко дека е тоа за наше добро. Дака детството ете завршува, дека ќе мора некогаш и од нешто да се живее. А, јас, тетко, и сега плачам за дунките. Не ми мирсаше на арно,а дунките опој ширеа. После одморот, најубавиот, чинам, тиквата пукна. Тогаш сударот со материјализмот беше страшен.Погубен. Ја изгубивме блискоста, лоши мисли ни го распарчуваа срцето. Ти се лутев. Признавам. Со години. Не можев да разберам што се случи. Бетонот и тулата изѕидаа ѕид во моето срце. Мртва материја. Да ја допреш, па да почувствуваш. Сивило. И одеднаш, од секојден дружба, почнаа да минуваат и недели и месеци до повторната средба. И пак истата пречка. Од бетон и тула. А, дунките, по кои еве пак солзи ми навираат, беа бар со живот исполнети. И рает имавме во срцата. Две децении и згора дунките ги нема. Дваест години бреме од немир носиме на плеќите. Знаеш кога ми подолесна? Кога пред некоја година ти простив. Можеби, зборот простив е и претежок, кога еве јас недостојниот не можам да судам дали некој згрешил , а згора на тоа и да му простувам. Те разбрав. Посоодветно е. Но уште мир немам. Соочени со злокобната боест, ова го пишувам со само една цел. Прошка барам. Да ми простиш за се. Кога еден ден сфатив дека тука не сме вечни, ами само патници, видов дека тулите и бетонот се само пречка. Да научиш да живееш е да научиш како да умреш. Така некако, еден голем светител го дефинирал животот. Тоа го разбрав. Да знаеш дека сум со тебе. Во оваа борба, како и да заврши. Еден ден ми рече:

Крајот од нешто мора да дојде. Солзи навираат. Прости ми. Те молам.

                                                Те прегрнувам. Се молам за тебе.

                                                                                                  Твојот внук, Васко.

Friday, May 23, 2014

ШТРКЧЕТО


Штркчето

Ден или два. Толку порано долетаа штрковите таа пролет. Селото, онака распослано со куќите раштракани ни в поле ни в планина, веќе се зеленееше. И дрвјата и почвата. Таму во височините, планината сè уште беше обвиткана во бело. Почнаа да си градат ново гнездо. На бетонската бандера. Тука се свија. Дрвената есеноска беше заминала во историјата. Со се гнездото. Она старото. Од лани, од преклани... Дојдоа од дистрибуција, ги преврзаа жиците, збрмчи пилата и ја фрлија како труп на тракторот. Повеќе од половина зјаеше надвор од приколката. И заврзаа некоја црвена шамија и ја одведоа кој знаe каде. Можеби во казан за ракија. Тетка Ели се радуваше. Бетонската беше поблиску до нејзиниот дом. Ги љубеше тие долгоклуни птици. Им се радуваше секоја пролет од кога паметеше за себе. И враќаа спомени од детството. Дури да се свртиш се вгнездија. Гранче по гранче, тревка по тревка и готово. Дојде некако поголемо од старото. Или само така и се чинеше.
Работите в село земаа замав. Штрковите си ја тераа својата работа, селаните својата. Топлината се чувствуваше во воздухот. Сè беше расцутено. Тетка Ели седеше во градината. Дрвјата беа завиткани во белило. „Ќе биде бериќетна година. Само Бог да не доварди “ си помисли таа. Низ гранките го здогледа штркот како долета во гнездото.
Деновите си врвеа. Наближуваше Велигден. Тие денови и мотиките мируваа. В црква, на гости, па дома гости. На јајце вапцано. На баклава. Празнично, весело си врвеа тие денови. А тие, птиците, таму горе во гнездото онака красиво облечени во бело, гордо исправени чиниш набљудуваа што прават луѓето таму долу. Недела помина, можеби и некој ден згора кога дојде приновата. Три нови главчиња ѕиркаа од леглото. Ги беа подзаборавиле со празниците. Целото маало им се радуваше. И младо и старо. Оние најмалите и најмилите по цел ден само за нив лафеа. Кај тетка Ели беа најсреќни. Им беа први соседи. Летото брзо дојде. Приквечерина беше. Сонцето беше паднало зад планината, само врвовите од спротива, преку рамницата, извиени до облаците сè уште сјаеа. На масичката на тремчето беа седнати речиси сите. Постарите. Ластовичките им летаа над главите и правеа влези излези во гнездата залепени под таванот. Под секое гнездо момчето на тетка Ели беше поставил ламаринчиња. Да не прават бербат. Децата, со се оние од комшилукот играа под крушата. Низ муабетот, некој се опули накај штрковите. Големите беа тука, но видоа само две мали глави. Се сепнаа. Тие денови заглавени во работа од утро до мрак не беа сториле ниет за нив. За малите. Се подгледнуваа меѓу себе. Ноќта полека паѓаше. Сабајлината заминаа рано. Тетка Ели се врати порано од нивата. Ручекот беше готов. Жештината ужасно притискаше. И беше жал за третото. Се погледна низ прозорецот и уште што не подвикна. Третата глава повторно беше тука. Со солзи во очите ги набљудуваше. По малку време, којзнае дали поминаа неколку дена, се и стана јасно. Третото не беше како другите две. Им ја кажа веста кога сите беа на софрата. Се чудеа. Како ли преживеало до сега? Како не го исфрлија од домот? Тие прашања им се вртеа во главите.
Летото навлезе во зенитот. Дожд од никаде. Барем ветрето од планината даваше сон во кратките ноќи. Секој ден го гледаа најмалото. Штркчето. Така си го завикаа. Такво име му дадоа. Штркчето. Другите две веќе ги научија да летаат. А, штркчето само си го ранеа и поеа во гнездото. Немаше сили, кутрото, да се вивне кон небото.
Свети Пантелејмон наближуваше. На големиот празник штрковите секоја година заминуваа. Без грешка. На најдолгиот лет. Тетка Ели се плашеше. Што ќе биде со штркчето, што ќе биде со него. Сè уште не леташе. Деновите брзо минуваа. Жештината никако не попушташе. Дојде и тој ден. Слетаа прво долу во ливадите на крајсело. Само четирите. Тука се беа собрале сите од околината. Како да се пребројуваа. Јатото замина. Штркчето остана. Го оставија. Само во гнездото на бетонската бандера. Во далечината јатото се црнееше на хоризонтот. Тетка Ели се сврте. Тивко пушти солза. Никој не ја виде.
Следното утро се опули на бандерата. Штркчето беше таму. Што ли ќе биде со него? Има ли јадење? Мисли безброј се вртеа во нејзината глава. И не само во нејзината. Следното утро пак беше тука. Омарнината беше неподнослива. И следното осамна. И пак така. Не се помрднуваше. На неделата точно се врати. Таткото. Така им се чинеше на луѓето. А, на тоа никој и не се надеваше. Радоста се врати на лицето на тетка Ели. И на сите останати. Отпочна. Од Гнездото на бетонската бандера до следната. Па назад. Го учеше да лета. Без одмор, со љубов. Еднаш, уште еднаш. Прво помали кругови околу гнездото, па поголеми. Па пак исто. Следниот ден повторно. Од изгрејсонце до зајдисонце. Ќе изгубеше контрола па ќе се спуштеше во бавчите. Па пак вивни се. Таткото не се откажуваше. Со смирение и внимание ја тераше својата мисла. Својот инстинкт. Својата љубов. Луѓето само поминуваа, застануваа и набљудуваа. Восхит ќе да беше тоа во нивните очи. По три дена се преселија во ливадата, онаа долу крај река, одма до нивата на тетка Ели. Само ендекот ги делеше. Таткото со ист жар продолжи со учењето. Штркчето напредуваше со неверојатна брзина. Круговите беа се поголеми.Тетка Ели цел ден остана на нивата. Со сласт копаше. Само на секој десетина минути инстинктивно ја креваше главата, ќе фрлеше поглед накај штркот и штркчето па со широка насмевка продолжуваше. И наредните неколку дена ги врвеа во истo, силно темпо. И штрковите и тетка Ели. Штркчето леташе се повисоко и повисоко. Беше некаде втората половина на Август. Летото никако не попушташе. Жега. Само се подолгите ноќи го навестуваа блискиот крај на летото.
Осамна ден како и речиси сите тоа лето. Небо синило. Облаче никаде на хоризонтот. Тетка Ели се разбуди пред зори. Куќата сè уште спиеше. Кафето го испи голтка по голка. Поддувнуваше. Дури не беше фатила омарнината сакаше да заврши на нивата. Никој не разбуди од домашните. И така тој ден сите имаа обврски ваму - таму. На пазар, низ градот. Бргу стигна. Малкумина сретна по патот. Во ливадата штрковите вежбаа. Беа поминале седум или осум дена од кога се врати таткото. Штркчето веќе леташе. И леташе. Денот го продолжија во истиот ритам. Само некако беше поинаку. Некаде околу пладне застанаа. И тетка Ели застана. Седна на меѓата, под сенката на тополата. Го крена стомнето со водата. Ладна и свежа како од извор сега наполнета, и се лизгаше низ грлото. Не планираше повеќе да работи. Гранките на јаболкниците во овоштарникот десно од неа веќе натежнуваа. Ги гледаше птиците. Нешто подготвуваа. Тетка Ели тргна накај дома. Во куќата вриеше. Сите се беа вратиле. Малечките час растрчуваа, час скокаа по скалилата. Пискаа. Штрковите слетаа во гнездото. Сите ги приметија. Штркчето, она некогаш малото и плашливото, не се препознаваше. Леташе како и оние кои заминаа пред повеќе од две недели. Братчињата. Во дворот јадеа лубеница. Сите седнаа. Од најмало до најстаро. Беше преблага. Сочна, крв алова. На децата глас не им се слушаше. Седнати на малите столиња со лактите потпрени на колената, јадеа. Цели фелки. Од устите им се цедеа капки сок. Им отворија работа на мувите. Им лазеа по носињата. Таа земја даруваше блажина. Штрковите во гнездото не седнаа. Во еден миг едноставно само замавтаа со крилјата и одлетаа. Не им беше дошло до лубеницата. Се одалечуваа праволиниски. Им беше јасно дека заминаа кај другите. Знаеја дека нема да се вратат. Ги пратеа со погледот додека можеа. На тетка Ели повторно и надојдоа солзи. Радосници. За штркчето. Она најмалото. Кое еднаш го прежали, а сега наеднаш ќе го чека догодина пак да и се врати. Стоеше стаписана како камен некое време. Влезе во куќата. Телевизорот ечеше. Децата ем го заборавиле, ем гласот го беа пуштиле до крај. Попладневните вести отпочнуваа. Спикерот најавуваше. „Малата Надица оста..“ Промајата ја бапна вратата од дневната соба. „Трассс”. Тоа се чу. Тетка Ели не се ни обѕрна. Занесено, веќе ги миеше чиниите.

Monday, May 19, 2014

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ


                                                          ЛИЦЕ В ЛИЦЕ

 

Дождот престана да паѓа. Онака кога никој и не се надеваше. Со недели наназад беше упорен  катаден . А,чекавме пролет . И би. Одненадеж облаците се разбегаа .Небото се отвори. Доцна по пладнето конечно ѕирна и зрак светлина. И Сонцето го видовме . Кратко траеше , но беше убаво. За нецел час откога конечно излезе,падна таму некаде зад врвовите на Пелистер. Квечерината, заедно со ветрецот се спуштаа од планината накај Битола. Градот и онака пуст и празен , со дождот , со денови и денови изгледаше бетер. Но , вечерва  смена . Во центарот беше раздвижено . По улицата, која за некои е најамбиентална на Балканот , а за други најкабадајска , која до вчера носеше име на браваромаршалот, а битолчани од памтивек си ја викат Широк Сокак , луѓе се слеваа од сите околни улкчки. Кафетериите кои до вчера зјаеа празни, ноќва очигледно колку толку ќе го намалат минусот кои го ѕидаа во влажните денови. И по улицата подвривнуваше. Повеќето убаво, по последна мода облечени , парадираа горе-долу . Во целата таа слика, нешто отскокнуваше .Средовечна жена , на околу четирииесет години ,со плава и права коса , не многу долга , мал дел и подврзана , многу скромно облечена , водеше момче за раката .Забележителна и беше насмевката . Искрена .Момченцето со неа  немаше повеќе од шест седум години. Којзнае дали имаше и толку. Симпатично , кратко потсрижено со сини крупни очиња кои се пулеа неодредено во далечината. Цврсто ја стискаше мајка си за раката небаре некој ќе истрча и ќе ја грабне. Таа префлила торба преку рамото, плетена , од оние кои веќе тешко се наоѓаат , сем во некоја антикварница и која повремено ја поткренуваше и поместуваше. И натежнуваше .На небото , кое за кратко време се трансформираше во многу нијанси на сино, за на крај да добие боја на индиго, веќе се беа појавиле првите ѕвезди. Со темнината , дојде и студот. А, луѓево кои ја чекаа пролетта веќе месец цел , не мрдаа , ладното ветре не го чувствуваа . Занесени во разговорите за чуждите судбини , во смартфоните , некои веќе го пиеа второто кафе, а некои се уште шетаа од едниот крај до другиот . И мајката со детето се уште се пробиваа низ гужвите . Онака цврсто стегнати рака в рака.Пред првата кафетерија подзастанаа. Со левата рака,онаа слободната , мајката   пробуричка во плетеното торбе и нешто изваде . Продолжија. Застанаа на првата маса , нешто проговори и за неколку секунди само се заблагодари и со истата насмевка , продолжи и на втората и на третата и... Продолжи понатаму ,десеттина метри подолу. И подолу ,и подолу... Седнатите на масите збор не проговоруваа . Само нишање на главата . Толку . Телевизорите насекаде беа на истата фреквенција . Истиот натпревар . Само билтените по масите се разликуваа. Мајката и момченцето никој не ги заприметуваше. Едно друго момченце, со долга косичка, палво го влечакаше татка си наваму натаму. Цело време потскокнуваше . Таткото иако целата енергија ја имаше насочено кон синчето , му паднаа в очи мајката со искрената насмевка и момчето со најубавите очиња и неодредениот поглед во далечината. Ги беше заприметил уште кога го извади синчето од дома на прошетка после дождот. Минаа од тогаш повеќе од два часа. Беа во паркот , во игротеката , во книжарницата. Додека купуваа ѓеврек во фурната карши католичката црква , повторно му паднаа в очи . Набрзина плати и му потшепна нешто на синот. Тој палавко, се насмеа и потрча. Таткото го стигна , го дофати за рака и продолжија. За кратко ги пронајдоа. Повторно од маса на маса , мајката најљубезно прашуваше и се заблагодаруваше . Заминуваа кога некој и довикна:

   -Се извинувам госпоѓо , тоа во рацете , го продавате ?

   -Да, -кратко одговори. Чини само 100 денари.

    -Дајте ми едно. Несвесно го спушти огледот кон момчето , а тоа првпат ноќва се пулеше одредено . Го гледаше право в очи .

    -А, ти малечко сакаш ли ѓеврече? Го зеде ѓеврекот од син му , го скрши на две и им го подели. Детенцето , само се насмевна и почна радосно да вика:

    -Ѓеврече , ѓеврече , ѓеврече ....Потскокнуваше . Мајката збунета , но сепак со онаа иста искрена , од сесрце , насмевка им рече :

    -Вие нам толку , Господ Вам многу повеќе . Се насмевнаа и заминаа . Синчето почна да го трга :

     -Тато , сакам сладолед. Го влечеше. Гужва. По кафетериите истата слика . Истата фрекфенција . Истиот натпревар .  Билтените различни . Некои веќе туфкаат. Пак промашиле за една утакмица. Музиката трешти. Од плоштадот се слушаат тапани и зурли . Некои се уште слават . Постизборно . Тргнаа накај Градскиот саат . Се сврте . Со погледот ги бараше накај Камен Мост. Се изгубија во толпата. Погледна во она што го купи . Списание.  Заглавието го завиде  во темнината .ЛИЦЕ В ЛИЦЕ . Така пишуваше .Број 009 , година втора. Цена 100 денари . Половина добива продавачот. Синчето , на некои две години го водеше . Од сите страни луѓе , убаво облечени . Начешлани . Намирисани . Надоаѓаа . Музиката ечеше . Испомешана.  А , него во ушите му одзвонуваше : ѓеврече . ѓеврече , ѓеврече...

Tuesday, April 29, 2014

Прапочеток

19 Февруари, 2009 - 20:50
Прапочеток   
                     ПРАПОЧЕТОК
          Дамнина...
          Темнина.
          Безпросторна,безвременa.
          Темнина,црна,безживотна.
          Темнина...
           И одеднаш
           Би светлина.
           Сјајна.
           Прекрасна.
           И би надеж
           За нови 
           Со љубов исполнети
           Твои
            Времиња.


МОЈОТ ПРВ ПОСТ НА blog.com.mk .

Љубов поинаква

21 Февруари, 2009 - 23:32
Љубов поинаква   
Чекорам по ова парче земја.
Бос
По камења и трње.
А,Таа ми возвраќа со топлина
на секоја стапка.
Одејќи така змија ме касна.
Од љубов.
А,јас се наведнав
И ги бакнав.
И змијата
И земјата.
мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 72 пати прочитано   #

  • Прекрасен избор на игра на зборови...Ми се допаѓа...позз
    (Капка 22 Февруари, 2009 - 00:48 | не можеш да оставаш коментари)

  • Многу ми значи Вашиот коментар.Многу многу благодарам.Ова ми е почеток,а Вашиот коментар ми е прва критика.Поздрав.
    (Васко Крајчевски 22 Февруари, 2009 - 19:20 | не можеш да оставаш коментари)

  • Ме воодушеви ! ! ! Оваа кратка поезија е сега мојата омилена... Имаш неверојатен талент, само напред...
    (Антигона 5 Март, 2009 - 12:38 | не можеш да оставаш коментари)

  • убава алегорија на безусловната љубов, но и горчината нејзина која се чуствува како благодет.. Уште еднаш во купчето многубројнни повторувања, на ред се испоставува познатата Исусова реченица: "кога некој те удри, сврти му го и другиот образ"
    Позз
    (kralj 5 Март, 2009 - 14:33 | не можеш да оставаш коментари)

  • Бкнежот го претвори отровот во мелем Smiling
    (By Jove 5 Март, 2009 - 14:39 | не можеш да оставаш коментари)
  • И ѓоа времињата се променија

    28 Февруари, 2009 - 22:02
    И ѓоа времињата се променија   
    За четвртиот веќе видовме колку успешно до бранеше својот макеонски идентитет како ,,слободен граѓанин на Хрватска,,.Е оваа реченица минатата недела кога ја прочитав ме иправоцира да напишам неколку реда,но си реков абе секој си има право да си има мислење.Малку боли кога неисправното мислење има контакт со огромна маса но тоа е тоа.Но,кога вчера прочитав како и каде навистина завршил Венко,ќе се поправам Големиот Венко,одма мислата прво ме удри во оваа реченица.Зошто?Затоа што чувствувам дека преовладува мислење дека сите што се надвор се предавници на некој начин,демек само ние тука што сме останале сме достојни да бидеме патриоти. Никој досега или многу малку се запрашале зошто тие луѓе заминале?Еве знаете ли зошто замина Венко?Од одговорот на огромното мнозинство ќе бидете запрепастени.Епа судбината на Венко ја доживеаа илјадници кои беа принудени да мигрираат кој поблиску кој подалеку.И со години потоа ако не и ден денес и таму некаде во нивните нови домови беа пратени од нашите тајни служби.Затоа што наводно биле неподобни за народот.Лага до лага.Инаку како би се владеело.Држи во темница.Без ниеден зрак светлина.дури ни во депоата на морбидни музеи.А за миграциите уште нешто. За тие што не знаат.Бидејќи ништо нити е нити било така розово.Прво ги натераа луѓето од село во град.Демек тука била иднината и тоа од розова порозова,чиниш мед и млеко.И кога дојдоа не мед и млеко нема ни леб.Сега каде ?Назад?Таму имотите со лага им ги ПОКЛОНИЈА на државата.Е сега каде?Надвор некаде било каде.Да се прехрани фамилијата.И така кој на своја рака,кој организирано од страна на државата,ова запомнете го,заминаа стотици илјади луѓе,од кои илјадници врвни патриоти.Никој не замина од бес.Сите ги избрка оваа држава.Од Венко па до тој што е споменат во првата реченица.Од политички до економски емигранти.И ѓоа времињата се сменија.Многумина се решија да се вратат.И знаете како завршија.Ќе споменам два тројца.Прво газдата На Сити Вест Банка кој го банкротираа,бидејќи власта си имаше милениче домашен кадар,врвна патриотка според нив,поради која подоцна илјадници или банкротираа или умреа или и ден денес живеат на седативи.А,овој вистинскиот патриот се врати таму некаде многу далеку и си умре со јад во душата,Бог да го прости,а богами и нас да ни прости за тоа шо му го направивме.Уште еден е мојот комшија Др.Васко М.Најдовски,опдличен лекар и светски признат биоенергетичар,кој дојде тука со надеж дека му се остварува сонот,му исчезнува болката за родната грутка ,отвори ординација и на крајот како и многумина назад.Го избркаа.Си имаа домашен кадар.Реформите не беа за нас.Ние спремаа овие луѓе со децении се однесуваме не неодговорно туку ужасно.Не сакаме да им дадеме право на глас,не сакаме да се вратат назад оти ќе ни ја земат работат,како што нели наводно ни ја зеле Егејците пред многу години.Знаете ли како се чувствува некој кој сака да се врати назад макар и да ја види родната грутка неговата или на неговите предци и оп на граница виза.Демек е странец ,доаѓа од земја со кои имаме визен режим.Што знаеш можеби е некој гемиџија.А тој кутриот мисли дека си иди дома,сака да извади пасош,но тоа може да го стори во најблиското конзуларно претставништво кое е илјадници километри подалеку и да оди им го наплаќале многу повеќе него тука!?.Катастрофа.На нив ни текнува кога треба да пуштат една милијарда да ја покриеме дупката во платниот биланс.Е не одат така тие работи.А,ужасот да биде поголем вакви размислувања има и ден денес и тоа од луѓе кои имаат умствен капацитет.Штета.А,чаре?Можеби има прво прекинете со делбите ,борете се за вистинко демократско општество,а со него ќе дојде и вистински економски раст.Тогаш прво миграциите ќе запрат кон надвор,а потоа со Бога напред можеби многумина и ќе се вратат.А,за координација Министерство за иселеништво може многу да помогне и за враќање и за рехабилитирање на ,,предавниците,,.И да си зацрта за цел:самозатворње за некое време.Време е со вистински очи да погледнеме на работите.Бидејќи секој ден е се подоцна.Времето тече,генерациите се менуваат.Бидејќи ќе дојде ден кога од нашите луѓе ќе имаат корист само туѓи држави.Новите генерации нема да знаат на кого да му пратат некое доларче.Колку ли само ефтино ги продадовме,продаваме и се продаваме.Епа чорба Македонче.А,идентитетот ?Прошетајте наназад низ времето и ќе се уверите дека многи повеќе го бранеле тие надвор отколку тукашните.И Крсте и Димитар и Венко и...
     

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 22 пати прочитано   #
    21 Февруари, 2009 - 23:32

    Мојата земја

    28 Февруари, 2009 - 22:06
    Мојата земја   
      МОЈАТА ЗЕМЈА
    Облаците патуват.
    Лебдам на нив.
    Погледнувам.
    Прекрасни долини,
    Над нив планини
    А среде налегнало село.
    Село на камења.
    Село на духови.
    На мојата земја.
    Земја пелин горчлива,
    Земја мед блажина.
    Земја мачена
    Земја гмечена.
    Земја газена
    Земја поробувана
    Земја со крв натопена
    Земја со коски прекопана
    Земја на јунаци
    Земја на предавници
    Мојата земја.
    На гробови на знаени и незнаени
    Распослана.
    На крв и коски
    На села од камења и духови.
    Земја таткова.
    Земја дедова и прадедова.
    Моја земја.
    Таму оставете ме.
    Таму во мојата земја,
    Каде звуците на кавлот и гајдата
    час ме разнежнуваат,час ме наежуваат,
    каде лете мирисот на липите ме опива,
    а зиме камен ладно небо
    ми ја грее душата.
    Таму каде клечам понизен пред Бога.
    Таму под сливата прастара
    Каде почиваат моите прeдци
    Оставете ме.
    Таму ќе го чекам крајот.
    Почетокот.
    Вечноста.



    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 69 пати прочитано   #

  • Прекрасна песна.Браво (мала забелешка поправи го зборчето 5-ти ред од доле) Eye-wink
    (vujkoto 28 Февруари, 2009 - 22:23 | не можеш да оставаш коментари)

  • Ви благодарм и за коментарот и за грешката.Ја исправив одма.Многу поздрав.
    (Васко Крајчевски 28 Февруари, 2009 - 23:32 | не можеш да оставаш коментари)

  • е, сега е прекрасна...
    (Arschloch2 28 Февруари, 2009 - 23:41 | не можеш да оставаш коментари)

  • мммм немам зборови. Одлично !
    (GoHard NEW 28 Февруари, 2009 - 23:49 | не можеш да оставаш коментари)

  • Напишано со длабоки емоции, претворени во зборови... неверојатно добро!
    (Антигона 5 Март, 2009 - 12:41 | не можеш да оставаш коментари)
  • Центарот на Светот

    2 Март, 2009 - 21:06
    Центарот на Светот   
      ЦЕНТАРОТ НА СВЕТОТ
    Го барав
    Меѓу облакодерите и хотелите
    Меѓу мостовите и паметниците
    Меѓу пирамидите и замоците.
    Го барав по делтите и
    На бреговите
    По островите.
    Го барав насекаде
    И го најдов.
    Под гората Маслинова.

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 37 пати прочитано   #

  • таму, таму, во шумичката, кај изворчето Smiling
    поздрав
    (machka 8 Март, 2009 - 20:48 | не можеш да оставаш коментари)
  • Еднакви можности за сите

    8 Март, 2009 - 00:24
    Еднакви можности за сите   
      ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ
    Есенската прошетка по планината од уживање во прекрасната природа и убавиот ден за кратко се претори во жестока дискусија.Некој од групата почна да раскажува како некој си подалечен роднина(или пријател не сум баш сигурен) инаку дотогаш по професија партиски војник се вработил во Комбинатот(јас така си го викам,инку тоа е најголемиот член на едно АД во државна сопственост,а ова последново како иронично звучи).Епа сега тој за кратко време,како си купил не знам плазма телевизор,па ова ,па она,па како за кратко време ќе си ги обезбедел децата за сите времиња и на крајот воздишка и како тоа не ни се случи нам.Е ми вели мене па ти и по струка си за таму,требаше до сега да си земеш книшка или две(има и такви) па ќе се направеше човек.Јас почнав помалку да чадам ,па почнав да им објаснувам дека таму има толкава превработеност што мене би ме гризела совеста ако се вработам таму,бидејќи или ништо не би работел или би работел со третина капацитет,а би земал солидна плата.А,комбинатот е навистина величенствена градба,која гледајќи ја од планинава на која се рекраиравме прво што ќе забележите е дека страшно загадува.Изграден во еден поинаков систем во него од првиот ден има превработеност.Се запослија илјадници стручни но и илјадници заслужни за делото на партијата.Времето течеше,времињата ѓоа се изменија,а се измени така што сега имаме повеќе партии кои се менуваат на власт и кои нели имаат многу заслужни членови кои лепеле плакати,се возеле по митинзи,набљудувале кој гласа на референдуми или кој се потпишува за неподобните кандидати и сега треба на некој начин нели да им се оддолжат на некој начин за нивната ўўхрабростўўи нивнотоўўхеројствоўў кога овие кутрите се мачеа и рацете им се валкаа од лепилата,а оние останатите(непартиски)само лежеа,некои и по ровови богами денгубеа.И сега логично за толку заслуги(не знам партииве наши како немаат досега и донесено одлуки за доделување ордени за заслуги во партите)следува награда.Повеќе заслужните во Комбинатот,помалку заслужните во некое ЈП,да земаат некоја платичка да ранат фамилија.А,оние што имаат работа, во некој управен,надзорен или не знам уште каков одбор.Да вадат колку за цигарите и кафето.Откога им го кажав и ова на пријателите им реков уште дали знаат што ќе се случи ако ете сите се запослиме таму или што се случува поради толкавата превработеност.Можеби сите ќе имаме плазма телевизори,компјутери...ама тие ќе бидат глуви,навечер порано ќе легнуваме бидејќи ќе ни се смачи животот на свеќи ,затоа што комбинатот ќе згасни и нема да дава повеќе енергија,бидејќи наместо развој,парите одат за социјални работи.И со толкава е превработеност,досега парите наместо во нови капацитети одеа за потребите на партиските војници.Наместо да молевме сега на тендери за изградба на нови капацитети денес ќе ги имавме.Ќе имавме зелен појас околу Комбинатот и околу сите како нему слични.И ќе имавме многу повеќе инвеститори,бидејќи тие знаат дека утре можеби ќе зависат од енергија од увоз која се помалку ја има.Некој од групата ме разбра,некој не.Јас барем е потрудив да им објаснам .Без разлика на се прошеткат продолжи се додека во далечината повторно не го видов комбинатот.За мене загадувач,за некој извор на чесна заработка,за некој ем одмор ем пари.Секој со среќата.
      Но зошто е оваа приказна кажана?Бидејќи некој едноставно треба да пресечи.Очигледно е дека овие работи не можеме да ги ставиме под контрола,а овие ЈП и таканаречените АД во државна сопственост се извор на законска корупција(јас така го дефинирам).Затоа предлагам да се донеси акционен план со кој во најкраток временски период(месеци,не децении) повеќе нема да има претпријатија или јавни претпријатија во државна или општинска сопственост.Едноставно мора да се приватизира барем некој минимален дел да речеме четврттина.Но повеќе нема да имаме 100% државно или општинско владение на некој правен субјект.Предлагам да се донесат и измени во Законот за државни службеници со кој во секој оглас,членството во политичка партија ќе се смета за минус,т.е. при исти кфалификации прво отпаѓаат оние со партиски книшки.Ем ќе го спречиме масовното членување во политичкитее партии(кое во 99 случаи од 100 е само од интерес) ем КОНЕЧНО ќе докажеме дека Македонија е земја која нуди еднакви можности за секој нејзин граѓанин.Ќе ја спречиме миграцијата,која во најголем дел е поради нееднаквите можности.Така можеби и брачедами, која едно време кубуреше по некои егзотични земји на Африка,денес со илјадници други леб печали на среде пустина во Ирак и се шета со нејзините колеги од база до база со панцир и шлем,нема да има потреба од шетање по кризните жаришта на Светот.Ќе вади леб и на среде оаза каква што е Македонија.
     



    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 36 пати прочитано   #

  • ... Васко ... која е поентата ... сакаш да ги подучиш дека само со работа се постигнува ефект ...
    ... еве еден интересен аспект ... :
    во џерманија Eye-wink имаат развиена компјутеризирана технологија со која се заменува човечката сила со вештачка , но за разлика од Маркс ( не го земам слобно ѕидарскиот аспект на неговото сознание ) тие сретствата од добивката не ги канализираат во СЕКОЈ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ туку во ЛИЧНА КОРИСТ ...
    ... ах , свесноста била во прашање Smiling ...
    ... е сега кога сме кај свесноста во МАКЕДОНИЈА журналистите си имаат две сметки ... една официјална и една илегална која ја подржува СИВАТА ЕКОНОМИЈА ... е зошто ли е тоа така Cool ...
    (gocajaska 21 Ноември, 2009 - 20:37 | не можеш да оставаш коментари)

  • Поздрав до тебе. Сега вака, овој текст е посветен на РЕК Битола како претпријатие во државна сопственост и е најдобар показател на негативните текови кај нас. Тоа е спој од рудник и термоелектрична централа кај кои отприлика е потребно се на се најмногу по 2 работници на инсталиран мегават моќност. И по таа логика таму треба да има некаде 1500 вработени, ај уште 500 онака, па нека бидат 2000, ама дупло и згора? Примерот со Германија е вистинит, ама ако на вештачката сила и требаат три вработени во 24 часа, сигурно нема да бидат 6, а кај нас на место на кое е предвидено 4 вработени денес има 16. И тоа до денес не е активирано бидејќи е резерва за во не дај Боже. А, администрацијата е посебна приказна. Револтот на Надежна е апсолутно оправдан. Поздрав.
    (Васко Крајчевски 21 Ноември, 2009 - 22:21 | не можеш да оставаш коментари)
  • Паралелни светови

    Паралелни светови   
      ПАРАЛЕЛНИ СВЕТОВИ
    Благосостојбата на умот и
    Благосостојбата на стомакот
    Шетајќи се судрија.
    Се обѕрнаа наоколу
    И ништо и никого не видоа.
    Секој си продолжи
    По својот пат.

    мој избор | не можеш да оставаш коментари | за печатење | прати по e-mail | 18 пати прочитано   #

    ЗЛАТЕН КАФЕЗ

      ЗЛАТЕН КАФЕЗ
    Избегав.
    Бидејќи никој не ме спречуваше.
    Се вратив
    Бидејќи бев осамен.
    И пак бегам.
    Бидејќи слободата на избор
    Е загарантирана со закон.
    Нели?
    И пак се враќам.
    Бидејќи немам храброст.
    И избор немам.
    Сакјќи или не
    Јас сум дел од неговото создавање.
    Простете ми.