Селото Доленци , се наоѓа на 42 километри од Битола кон Кичево од десната страна на магистралниот пат , под селата Брезово и Зашле. Има инзворедна местопложба и прекрасна природа во атарот на ова село како и на погоре наведените. Фотографиите се направени по теченирто на селската река , која во еден период од годината прави мали но во секој случај спектакуларни водопади. А, тука е и малата пештра , која за жал е со поприлично оштетени украси. Сепак крајниот впечаток е воодушевувачки и од се срце Ви предлагам да го посетите овој крај. На 2-3 километри е и селото Бабино под кое има прекрасен рибник и прекрасен рибен ресторан, а кон Демир Хисар се наоѓаат и прекрсните Божји храмови, манастирите во с.Слепче и с.Журче. Уживајте.
This entry was posted on вторник, мај 4th, 2010 at 8:02 pm and is filed under Некатегоризирано. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0 feed. You can leave a response, or trackback from your own site.
alexandro says: мај 4th, 2010 at 8:14 pm Добра репортажа си направил. Фати ли некое пастрмче во реката? Инаку, сум бил во ресторанот во Бабино каде има и мала фарма на срни и елени. Поздрав Васко!
insomnia says: мај 10th, 2010 at 10:14 pm Криво ми е што не можам да одвојам време и да поминам барем еден викенд во вакви убавини. Наместо да уживаме во природните убавини ние животите си ги сведовме на банални нешта, на ден за ден. Одлични ти се фотографиите Васко, ете ко за мене, не можам да појдам ама вака ќе ги видам овие прекрасни предели. Поздрав и успех во она што го почна.
мај 4th, 2010 at 8:08 pm прекрасни слики од селото Доленци…
мај 4th, 2010 at 8:14 pm Добра репортажа си направил. Фати ли некое пастрмче во реката?
Инаку, сум бил во ресторанот во Бабино каде има и мала фарма на срни и елени.
Поздрав Васко!
мај 4th, 2010 at 8:21 pm Ви благодарам за убавите зборови. Поздрав и до Вас.
мај 5th, 2010 at 11:02 am Одлична фоторапортажа.
Ове блог-записи ме тераат да седам на блогерај.
мај 10th, 2010 at 10:14 pm Криво ми е што не можам да одвојам време и да поминам барем еден викенд во вакви убавини. Наместо да уживаме во природните убавини ние животите си ги сведовме на банални нешта, на ден за ден. Одлични ти се фотографиите Васко, ете ко за мене, не можам да појдам ама вака ќе ги видам овие прекрасни предели. Поздрав и успех во она што го почна.