Шоуто на Труман го изгледав многу години покасно . Ми е еден
од оние омилени филмови кои никогаш не ми здосадуваат . Онаа сцена кога Труман стигнува
до вратата по навидум разбрануваното море , ја доживеав и јас на некој начин во
летото 1989 година . Искрено не знаев и не разбирав зошто , но ми стана јасно
дека се околу мене е некоја лага . Лага , која јас со информациите кои ги
добивав на 13 години и неможев да ја дефинирам . Не поминаа ни 100 дена , а Берлинскиот ѕид падна како кула
од карти . Новите ветришта , ветриштата на промени задуваа од Берлин до
Владивосток . Некаде помалку , некаде поминаа како тајфун. Само таму некаде на
Балканот и понатаму ни лисјата не трепереа . Само стравот лебдеше . Налик на
оаза . Па , така и си ја викаа . Истото беше и пред гоемиот ден . Денот на
рефдерендумот . И самото референдумско прашање беше полно страв . А , ако не
беше и така дефинирано денес којзнае дали ова и ќе го пишував . Најверојатно ,
НЕ . Денес оние кои најмногу се чукаат во градите како демек овој или оној беа
за такво дефинирање на истото , а не тие , само си ја лажат совеста . Направете
им трик квиз од десеттина прашања ќе ги фатите во мрежата од нелогичности која
се плете многу повеќе од 23 години . Во Битола на големиот ден , откога се
затворија гласачките места на плоштадот беше неразбирливо мирно . На плоштадот
како што одминуваше времето бројот на народот драстично се намалуваше . Кога се
соопштуваа резултатите бевме едвај стотина . Полни со интузијазам . Полни за
подоброто утре . Бев исполнет со неопишлива радост . Со надеж . Дека ѕидовите
ќе паднат , дека студиото во кое живееме ќе се сруши и ќе исчезне без трага .
Но . Работите тргнаа во друга насока . Секој ден си велев : Ај сега ќе тргне ,
ај утре ќе биде . Минаа две децении и згора . Шоуто на Труман и понатаму е на
програмата . Без најава дека и некогаш ќе биде тргнато од истата .
Ќе ми речат зошто зборуваш вака ? Не си во право . Не е така
. Во заблуда си .
А , каде сме денес ние ? Каде е европејската идеја ? Каде е
сонот за обединета Европа ? Зошто се уште имаме медиуми кои ги водат платеници
. И денес и вчера и пред 20 години и пред тоа . Плачат некои за некакви слободни медиуми кои веќе ги нема , а ги забораваат нивните гревови . Нивните
медиуми даваат ли простор за друга идеја ? Пробајте , па ќе видите . Ѕид .
Земјата на ѕидови . Тоа бевме и тоа останавме . Ѕидови , видливи и невидливи . Зошто
проекти како Граѓански замират без било какво објаснение . Амнезија . Колективна
. Во 21 век има ли некаде на друго место во Европа цензура ? Немало ни кај нас .
Така ни велат . А , бојкотот на писатели и дела , и тоа како државен проект ,
како ли да го викаме ? Или на неподобни интелектуалци ? И каква случајност ,
пребарајте го било кое име на неподобниве кај нас , за чудо истите неподобни и
на Север од нас . Случајно ли е ? На оваа тема , водев дискусија по социјалните
мрежи за еден наш современ писател, со очигледно опозиционо настроени личности
, што и нема врска, кои го напаѓаат човекот од петни жили . Истиот е голем
критичар на владините политики . Не Ви е јасно ? На никој и не му е , не се
секирајте . И прашувам : А , Вие имате нешто прочитано од авторот ? Не . Ами
тогаш како го критикувате неговото дело? Едноставно знаеме дека не чини – е одковорот
. И остануваш со прашалници . Не ти се верува . А . тие луѓе денес демек се на
браникот на демократијата во државата . Недоречености . Нелогичности . Те пратат
на секој чекор . Но , имаат објаснение и за тоа . Ама и тоа е за внатрешна
употреба . Како и се останато .
Се се сведува на: Рекла баба – казала . Едно не можам да
разберам . Ај пред 23 години , а и пред тоа имаше физички препреки . Некои
видливи ,некои не , ама тука беа . Но , денес во ера на информатичко општество
кога Светот е сведен на глобално село , да те држи некој во заблуда и не е баш
за разбирање . Плус , демек први во Светот по користење на интернет и слични на
тоа нешта . А , ако е навистина така , подразбираме по логика на нештата само
едно . Дека ИТ општеството кај нас се сведува на одгледување на зеленчук на
виртуелни фарми и стискање LIKE на фотографии на Фејсбук .
Како го разбираме достоинствениот живот ? Најчесто како оној
што го живееа Либијците во времето на Гадафи . Имаш се . Се што треба е главата
да ја користиш единствено за стрижење и ни под разно за да изградиш сопствено
мнение . Тука некаде е идеалот и на нашите државници , а за жал и на нивните
поданици . Така и тие живеа во некое време . Се мисли на оние кои не заминаа на
таканаречената привремена работа во “гнилиот” Запад .
Еве да речиме грешам . Ај , објаснете ми го фактот дека
Закон за денационализација донесовме последни во цела Европа. Ете тоа и ќе го разберам некако . Но , дека
мнозината се уште мислат дека национализацијата е направена од повисоки побуди
, а денационализацијата е во суштина неправдата ?!
Или законот за лустрација . Ќерката на најпознатиот
политички затвореник кај нас , а истиот
тој беше и последниот во цел источен блок , отворено го критикува
процесот . Смрди нешто . Силно .
Каде има партија во чие име има име на комунистички диктатор
? Ама не . Тој беше човекољубец . Истепа стотици илјади во име на љубовта !!! –
воскликнува соговорникот , новопечен антички патриот , а ти остануваш со
подзината уста .
И илјадници други примери . Само не прашувај многу , одма си
обележан како предавник . И на 13 години и на 15 и на 38 . Само не знаеш во
која категорија ќе те класифицират службите чија глава се уште спие крај устието
на Дунав и Сава : внатрешен или надворешен .
За тоа ли се боревме . Тоа ли беа големите очекувања ?
И секако да скратиме . Честит празник . Секако . Само она
независност се уште е мртов збор . Не суштествува со реалноста . Само силно
звучи . Којзнае и дали сакаме да биде поинаку .
Шоуто на Труман и понатаму тече . Денес е послената епизода
од 23 година , од втората сезона .